Коледе ледеее....

  • Креатор на темата Креатор на темата LadyD
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2007
Мислења
672
Поени од реакции
19
Веб-сајт
diana-lady.hi5.com
КОј спие нека стане.. нана нананан нанан... знаете натака...
коледе леде ллала лала лааааааааа лаааа... и тоа знете.. и јас знам :)
е вака, денес коледе, јас коледарка :)
ме интересира какво сеќавање имате вие од детството?
што ви ставаа во кошничките старите бабички, или мајките на вашите другарчиња....
какви песнички пеевте?
и споредете го сето тоа со денешните деца, какви песнички тие ви пејат на портите ( вратите ), што вие им ставате во кошничките?
палете ли оган во маалото? Се собираат ли старите на “по една“ топла греана ракија :)?

и уште едно прашање: што мислите за “ромчињата“ од муслиманска вера кои доаѓаат да пејат. некои луѓе не им ги отвараат вратите бидејќи сметаат дека тоа го прават заради полнењето кошнички и дека не треба тоа да го прават бидејќи се од муслиманската вера?

п.с: еве ја мојата: ткр ткр коледееее, кој спие нека стане , нека си пљусне 2-3 раци вода на очите да се ококоре побрзо :)

вие сте ...
 
хаха добро ти е ова

абе ако некој досол на врата да ти коледа иако е муслиман јас би го дарувал бидејки несвесно то го признава празникот кој доаѓа иначе самото коледе е паганска работа која црквата пробала да ја оправда со поместувањето Божик да се слави на 7ми посто во паганско време се славел празникот на раѓањето на сонцето и лугето иако се крстиле на го напуштале своите обичаи и овторно го празнувале овој празник па црквата ресила за да ги одвикне да го помести славењето на божик во тој ден за да се чека раѓањето на спасителот а коледарите наместо да го благовестат раѓањето на сонцето да го благовестат раѓањето на Бога

а кај нас се пее:

Коледе леде паднало греде утепало деде деде се мачи баба го квачи за 4ри јајца гускини шаткини коледе .......
 
Ке дава некој по 50-60 денара да му пеам сабајле?
 
епа тука во Крушево вечерва е Дева :) сл. како кај нас во скопје :) само со малце понеобични обичаи и други песни :)
 
Ех на времето цела дневница вадев, рекет невиден :vozbud:
 
Ех спомени, како помали многу ја одржувавме таа традиција кога ќе се соберевме децата од маало. Имаше комшии што на тие празници заклучуваа дома и гасеа светла (наводно не се дома или спијат) за да не ги посетуваме, некои даваа по 2-3 денари и во знак на револт протестиравме преку кршење прозорци. :) Зашто понижувачки делуваше и со истите тие 2 денари им ги кршевме прозорците.
Еднаш не сакајќи скршив и една дрвена порта и не ни влегов во куќата од срам и од страв да не ме откријат. :pos:
Интересна беше и поделбата меѓу нас за ореви, пари и слични глупости, паѓањето по снегот додека шетавме од куќа во куќа и броењето на парите после завршената мисија. :)

Уште вечерва едни дечиња дојдоа на врата, ги зафркавав дека згрешиле термин, нели утре сабајле се шета по куќи, а денес се пали оган?
Како и да е мајка ми ги почести.

Среќни празници! :)
 
abe na vremeto nie u novo lisice 10 dusi idevme i peevme ali i pari sobiravme po 2 iljadi poso idevme kisela voda pa vrtevme centar pa aerodrom i novo lisice
 
жити бог , како со 2ден скршевте прозор:)?
 
abe na vremeto nie u novo lisice 10 dusi idevme i peevme ali i pari sobiravme po 2 iljadi poso idevme kisela voda pa vrtevme centar pa aerodrom i novo lisice

уаааууу... све измарширате хехе.. а да сте наминале накај штип можда и 3 илјади ќе ќаревте :)
 
После 12 попладне повелете, пред тоа нека се појави само некој...татко ми има пушка, а и кучето ќе го пуштам :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom