Филателија

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Dzo
  • Време на започнување Време на започнување
Тато збирал порано на времето марки така да јас и брат ми продолживме понатаму по малку ... :smir:
 
Mал дел од мојата филателистичка колекција

Нема кој да се ме пофали па морам сам :)

Македонски марки
4733633529_3f4f5a01f6.jpg

Советски марки
4733633527_0249120e09.jpg

Бугарски марки
4733633533_588528cc41.jpg

...
 
Дел од првата и втората серија на бугарски марки "Окупација на Македонија" од 1917 и 1918 година. На марките може да се видат мотиви од Македонија: Охрид, Велес, Гевгелија...

1.png

2.png
 
ме интересира каде можам да најдам албум за пошетнскиве марки да не ми седат во кутија? имам и дупликати па кој сака да се менува нека пише... :)
 
Од филателијата во Скопје можеш да си набавиш класер (таа кружната пошта до мостот Гоце Делчев). Цената пред две три години беше мислам нешто повеќе од 1000 денари. Ако не се лажам беа произведени од Lindner (доста солидна фирма) и имаа бели листови (јас лично претпочитам црни).

Филателија има и во Битола но не знам како стојат со класери.

Албум за марки во Македонија не сум видел. Разлика меѓу класер и албум горе долу е во тоа што во албумот е обележано кои марки каде треба да се наредат (ама албумите се за секоја земја одделни, па доколку марките ти се од најразлични земји, албум не ти врши работа!), а на класерите не е обележано која марка каде треба да се нареди т.е. ти сам си го правиш распоредот.
 
фала ти за информацијата. класерот што го викаш повеќе ми одговара бидејќи имам марки од различни земји. ќе проверам во поштата бидејќи било каков ќе ми заврши работа...

Од филателијата во Скопје можеш да си набавиш класер (таа кружната пошта до мостот Гоце Делчев). Цената пред две три години беше мислам нешто повеќе од 1000 денари. Ако не се лажам беа произведени од Lindner (доста солидна фирма) и имаа бели листови (јас лично претпочитам црни).

Филателија има и во Битола но не знам како стојат со класери.

Албум за марки во Македонија не сум видел. Разлика меѓу класер и албум горе долу е во тоа што во албумот е обележано кои марки каде треба да се наредат (ама албумите се за секоја земја одделни, па доколку марките ти се од најразлични земји, албум не ти врши работа!), а на класерите не е обележано која марка каде треба да се нареди т.е. ти сам си го правиш распоредот.
 
Трета бугарска серија "Окупација на Македонија"

3.png
 
од која година се овие? и не ги контам, пишува „ослободителна војна“. од кого се ослободувале бугарите? :toe:

Пишува ослободителна но всушност е окупациона (окупација на Македонија) како што пишува и во каталогот Michel. Инаку се работи за прва светска војна.

Марките се пуштени во употреба во 1921 година, 11 јуни, но по протестната нота упатена од СХС, за кратко време се повлечени.

Објаснувањето од страна на Бугарија е дека наводно биле планирани да се издадат во времето кога Македонија била окупирана од Бугарија но од одредени причини не се стигнало.
 
жити се!? а од кога тоа македонија ја окупирала бугарија? ваљда не мислат на периодот од александар македонски или!?

Македонија не ја окупирала Бугарија, туку Бугарија ја окупирала Македонија (прва светска војна). Затоа и бугарските пошти издале серија со таков наслов. Се работи за бугарски, а не за македонски марки, но сметам дека за македонските филателисти би било добро да ги знаат.

Инаку на марките можат да се видат

2 - Шар планина
3 - Скопје со Камениот мост
4 - Охрид
 
знам дека бугарија ја окупирала македонија. дел од неа. туку како тоа ем окупатор и ем ослободителна војна!? малку да не си ги измешале работите во поими?

Македонија не ја окупирала Бугарија, туку Бугарија ја окупирала Македонија (прва светска војна). Затоа и бугарските пошти издале серија со таков наслов. Се работи за бугарски, а не за македонски марки, но сметам дека за македонските филателисти би било добро да ги знаат.

Инаку на марките можат да се видат

2 - Шар планина
3 - Скопје со Камениот мост
4 - Охрид
 
Бугарки марки од 1941 година (втора светска војна) со македонски мотиви:

5.png

1 Македонка
2 Охрид
 
Дедо ми почнал да колекционира маркици , најстарата ми е од 1875 , а имам и 15-16 од 1882 .... се на се имам нешто помалку од 2500 маркици , за продавање сеуште не размислувам
 
дали во тие филателистки шалтери во централната пошта прават откуп на поштенските марки или дали знаете друго место каде што можам да ги продадам? ги имам многу + дупликати ... однапред фала :salut:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom