De pisi gi "dokazite' za ova . molam ti se
Со задоволство.
1) Полнежот на протонот и електронот е совршено еднаков.
2) Ако односот на масите на протонот и електронот ([FONT=fixedsys,arial black]1836 : 1[/FONT]) беше значително поинаков, не би можеле да се образуваат неопходните молекули, па ни би имало ни хемија, ни живот, ни физичари кои би го истражувале тоа.
Релативниот однос меѓу четирите основни сили во природата:
3) Односот меѓу релативните јачини на
електромагнетната и гравитационата сила е фасцинантен. И двете сили играат неопходна улога во формирањето и градбата на ѕвездите.Тие се држат меѓу себе со помош на гравитационата сила, а енергијата која ја зрачат е во вид на електромагнетно зрачење. Физичарите укажува дека доколку гравитацијата би била различна за само
еден илјадити дел, тогаш ѕвезди како нашето сонце воопшто не би постоеле, а сосема сигурно не би постоеле и облици на живот кои за свое одржување зависат од ѕвезди-сонца.
4) Исто така односот помеѓу
Јаката и Слабата нуклеарна сила во атомот е фасцинантен. Овие две сили ги определуваат заемодејствата помеѓу протоните, неутроните и електроните во атомот.
Физичарите укажуваат дека доколку Јаката нуклеарна сила би била само малку послаба, атомите кои во своите јадра содржат повеќе од еден протон, никогаш не би можеле да се образуваат. Во таков случај целата вселена би се состоела од водород, кој има само еден протон во своето јадро.
Од друга страна ако Јаката нуклеарна сила би била малку појака, целокупниот водород во раната вселена би се претворил во хелиум, а без присуство на водород во подоцнежната фаза, не би можеле да се формираат ѕвезди.
И најмали промени во Слабата нуклеарна сила би имале погубно дејство врз животот, но таа е токму на потребното ниво кое овозможува водородот да гори бавно и со иста брзина во огнената внатрешност на ѕвездите.
Стивен Хокинг го нагласува значењето на прецизната урамнотеженост меѓу основните сили и заклучува:
Станува јасно дека има релативно мал избор на бројни вредности кои овозможуваат развиток на каков било облик на интелегентен живот.
5) Стивен Хокин вели дека: Ако експанзијата на универзумот би била само сто илјади милиони милионити дел побавна, целиот универзум би колапсирал многу рано. А ако експанзијата би била појголема за еден милионити дел, тогаш галаксии, ѕзвезди и планети немаше никогаш да се формираат.
6) Ако резонантното ниво на Јаглерод 12 беше за [FONT=fixedsys,arial black]4%[/FONT] пониско, Јаглеродот немше да се формира. А ако пак беше за [FONT=fixedsys,arial black]0.5%[/FONT] повисоко, тогаш речиси целиот Јаглерод би бил "исчистен", што би значело дека не би се соединувал со хелиумовите јадра за да создаде кислород. А ако нема јаглерод ќе не нема ни нас.
Јаглеродот, Кислородот, Азотот и други потешки елементи потребни за живот, сите зависат од ова.
7) Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од сонцето, за да добива соодветно количество на топлина и светлина.
8) Наклонетоста на Земјината оска од [FONT=fixedsys,arial black]23.45°[/FONT] во однос на рамнината на нејзината орбита, игра голема улога во климатските промени на земјата, а уште поинтересно е што нашата месечина ја обиколува Земјата по орбиталната рамнина, додека секоја друга месечина во Сончевиот систем кружи околу својата планета по екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува мистерија за астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги овозможува појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога за животот на земјата.
Ова е само дел од индикациите дека создавањето на космосот, галаксиите, ѕвездите, планетите, атомите, молекулите, животот и неговото одржување на земјата е строга, планска и високо интелегентна
космичка функција, која бара крајно сложени и прецизно поставени параметри.