Друже да ти кажам право и јас пред година дена се мислев дали да одам на електро или на пмф не можев да одлучам се прашував која е разликата помеѓу пмф и електро, најпрвин решив да отидам на отворените денови на двата факултета. Од првите впечатоци што ги добив од факул. како организираноста, начинот на презентирање, опременоста мислам дека во тоа беа многу подобри електро, кога ќе има отворен ден отиди ќе се увериш и самиот, после тоа ги разгледував програмите и на крај се одлучив на електро, а да ти кажам право и не зажалив сега сум прва го завршив првиот семестар ми остана само програмирање да го одам на испит за многумина лесен предмет, но сепак јас не ни одев на предавања така да не ни очекував нешто да направам инаку тој е еден од најлесните во прва год. Математика не знам ни јас самиот колку тетратки потрошив за вежбање, но сепак на крајот се исплатеше истото важи и за другите предмети, но општо кажано факултетот е ужасно тежок но сепак не е ни недостижен, а во врска со пмф имам цимери кои се на пмф они досега не положија ниту еден предмет математиките им се вода за разлика од нас слично учат со тоа ние што го учиме но е многу полесно, така кажано тие задачи со поглед ги решавам,а не положија поради тоа што немаа отворено книга цел семестар и сега тешко им било, епа тешко ќе им биде. И затоа ако сакаш вистински да научиш отиди на електро, може на почетокот потешко ќе ти биде но ќе се навикнеш, како викаат секој почеток е тежок