Македонските дејци го бранеле Александар III од погрчување

Абе Бугар Пере. Освен што си жртва на вашата пропаганда, освен што логиката ти е слаба страна, освен што манипулираш свесно со историските факти треба да се вратиш и да поработиш и на твојата "математика".

Тој хан , монголо-татар Крум пред 2 500 години ли владеел бе. Шуплива главо. Тој во времето на Александар и Филип ли живеел ?????
Не бе... ама Крум-Каран е истински (заробил е Василиj І Македонецот уште како мало дете). За него се знаат много работи...
Па за онзи каран отпреди 2500 г. - тоа е само легенда...
 
Не бе... ама Крум-Каран е истински (заробил е Василиj І Македонецот уште како мало дете). За него се знаат много работи...
Па за онзи каран отпреди 2500 г. - тоа е само легенда...

Ама темата не е за Крум ниту некој го интересира некој Бугарски владетел. Поентата е дека и Пулевски и Мажовски ги сметаат Филип , Александар за свои цареви, се сметаат припадници на нивниот народ и ги сметаат дека се исти со Македонските Славјани.


Мажовски вели Словено-Бугари ( исто така и Македонци и Македонски Славјани ) но ги одделува од Бугарите, и јасно е дека со Словено-Бугари не мисли на етнос.

Мое објаснување е дека мисли Македонски Славјани како народ кои се под капата на бугарската Егзархија и затоа го употребува и поимот Славјано-Бугари.
 
Да започнеме со автобиографијата на Григор Прличев

DSC01811-1.jpg




DSC01797-1.jpg
 
Да започнеме со автобиографијата на Григор Прличев
Убаво што си постирал текст за Григор Прличев, но зошто си го потцртувал зборот „Бугарин “?

Бугарија е формирана 1878. Пред тоа, низ историјата, зборот бугарин имал повеќе сосема други значења. Во времето на Прличев, бугари се нарекувале противниците на Цариградската Патријаршија.

Ако пак сакаш да покажеш дека Прличев бил бугарин како денешните наши соседи и дека ние Македонците не постоиме, тоа нема основ. Еве за Прличев:

http://mk.wikipedia.org/wiki/Григор_Прличев
.
 
"Голем" бугарин бил Прличев, само што тешко некако му одел бугарскиот..

и бидејќи не можев да пишувам на бугарски, пишувах на Старобугарски... Во дуќанот на Ангела Групчев, кој служеше како читалиште, се научив на бугарско читање и јазик... (Бев, и како и денес сум уште слаб со бугарскиот јазик)... преведував на бугарски не како сакав, туку како можев... Знаев дека тој превод не мирисаше многу на бугарски, но кога сум слаб со бугарскиот, тој не можеше да стане поинаков.[2]

А откако бил разочаран и од бугарите, а пред тоа и од грците чија култура ја воспевал до небеси:

Какво беше неговото владикување, кои беа неговите погрешки, како отворено се разобличи, тука не е место да опишувам. Ќе го кажам само ова: уште во првата година на Натанаиловото владикување училиштето се разори ... Он (Натанаил) прати свој заптија, Турчин вооружен, којшто ме фати за мишки и при пискоти од моите ученици ме свлече по стрмната скала ... Колку чудно е што грчкиот владика Мелетија, најнепомирливиот мој непријател, цели осумнаесет години ме трпеше ... и никогаш не ме паделе, а првиот бугарски митрополит, очекуваниот месија, бесчесно го нападува Прличев од неговата татковина[9].

Во Солун, срцето на Македонија некако му се отвораат очите:

Благодарение Вам, мили мој колеги, что оставихте татковината си и дојдохте да послужите на нашата татковина, или подобро да кажа, на татковината на св. Кирил и Методиј, и да празднувате в самиј Солун праздникот на Солунските светии ... Оскудело нам мудрих мужеј число... Цели просветени држави во текот на педесет години одвај можат да произведат еден велик маж. Срдечно благодарение Вам, мили мои сотрудници, что дојдохте да целувате светата земја, дето стăпнали нозете на св. Кирил и Методија. Ниту нужда имаше от нашето благодарение. Доволно сте наградени от самата си сăвест. Даже и блаженство е вселено во срацата Ваши, дето служите на Кириловото отечество. Идењето Ваше во Солун надали е подолно од поклонение на Божиј гроб... којто ке произведе оште много Кириловци и Методиевци, които ке бăдат светила на училштата ни , ке бăдат благолепие на црквите ни, ке бăдат стăлпци на верата, и ке прославјат Македонското име... Повторувам, оти учителите не се должни да проповедаат. Тие дошле не за друго, освен да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги подарила светите Кирил и Методија. Не сте ли уверени, господа, оти нашата Македонија денеска е најдолна од сите земји во светот? Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението...[13][12][14].
Мајка Македонија многу е ослабнета. Откако го породи великого Александра, откако ги породи светите Кирила и Методија, оттога мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнеможена, совршено примрена Мајка што родила великого сина надали ќе може да роди и другего? Затоа толку ретки се на светот великите мажи. Цели просветени држави во текот на педесет години одвај можат да произведат еден велик маж...



Види црвено... Зошто никаде ги нема спомнато Аспарух, Кубрат и останатите "велики" коњски опавчиња...
 
"Голем" бугарин бил Прличев, само што тешко некако му одел бугарскиот..

...

Мајка Македонија многу е ослабнета. Откако го породи великого Александра, откако ги породи светите Кирила и Методија, оттога мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнеможена, совршено примрена Мајка што родила великого сина надали ќе може да роди и другего? Затоа толку ретки се на светот великите мажи. Цели просветени држави во текот на педесет години одвај можат да произведат еден велик маж...



Види црвено... Зошто никаде ги нема спомнато Аспарух, Кубрат и останатите "велики" коњски опавчиња...
Гледам си пропуштил некои моменти. Ете му го говорот во целост, публикуван од неговиот син Кирил Прличев.
gprlicevslovozakirilime.png

gprlicevslovozakirilime.png

gprlicevslovozakirilime.png

--- надополнето: 23 март 2013 во 11:10 ---
Тука е интересно
338-2deda4f700.jpg

339-ed2d41f1a4.jpg
 
Да започнеме со автобиографијата на Григор Прличев

DSC01797-1.jpg
Ајде прво кажи ни дали во животот твој си прочитал барем една книга за историјата на Македонија, или за 19 век?

А после чекам објаснување:

- 3а ова "Шоп" на странава?

- 3а тоа како "бугарската азбука само на тројца им беше позната и се викаше српска"?

- 3а тоа како на Прличев му требало некој да му ги "толкува бугарските зборови"?

Ако не одговориш ќе докажеш дека немаш поим од историја туку си нечиј стипендист овде.
 
Оригиналната страница
p_0371.jpg

преводот
DSC01797-1.jpg


Ме чуди дали е точен преводот на
„се научих на блгарско чтение и јазик“
како
„свикнав со бугарско читање и јазик“
 
Ме чуди дали е точен преводот на
„се научих на блгарско чтение и јазик“
како
„свикнав со бугарско читање и јазик“
Во суштина да и добро е преведено. Научил да чита бугарски и го научил бугарскиот јазик.

Туку интересно, требало да им се објаснуваат непознати, нејасни бугарски зборови. Чудна работа.
 
Нема ништо чудно. Прличев го знаел народниот бугарски говор. Возвишениот не го знаел.
Па требало некој да му појаснува.
Пишува дека ја читал бугарската историја, а тогаш најпознатата била „Царственик“ на Христаки Павлович Македонца од Дупница.
Во неа пишува
„И така сичките заборавиха первиј јазик, освен Евера, сина Салова, внука Кајнаканова, правнука Арфаксадова, праправнука Симова, заштото Евер не послуша Неврота, и не отиде да помага на онова столпотворение, заштото се боеше от Бога.“

Дали мислиш дека Прличев, кој учел од грчки книги знаел што е тоа столпотворение?
 
Но зошто толку ревносен бугарин како Прличев не го слави ханот ви Аспарух?
 
Кој ти кажа дека не го славел?

Штом Џинот го славел, зошто мислиш дека Прличев не го славел?
http://www.promacedonia.org/bmark/jhk/jhk_1.htm
Но Аспарух, цар болгарскии, како сја потверди в Мизија и преиде повечето болгарски народ на југа, това име пименес заостана в Македонија и Тракија. И тако от тија пастири-овчаре родил сја е Велизариј, јустиниан Великиј, Кирил и Методиј, и произишло кнјажество болгарское.
 
Нема ништо чудно. Прличев го знаел народниот бугарски говор. Возвишениот не го знаел.
Па требало некој да му појаснува.
Возвишениот!?!:pos:
Каков ли е тој “возвишен“ јазик?! Ако сте доследни ( а не сте) треба да знаете дека секој народ има САМО ЕДЕН ЈАЗИК. Може да биде кодифициран или не, може да биде службен јазик или наречје, но сепак станува збор за ЕДЕН јазик.

Прличев го знаел само македонското наречје од централниот и западниот дел на Македонија. Источното наречје (кое вие сте го официјалинизирале во службен јазик) не го знаел исто како што мене ми е тешко да ги разберам оние од Струмица или Кочани, Берово...

Но тоа што ми е тешко да ги разбирам не значи дека е тоа различен јазик, ниту значи дека јазикот што е кај вас официјален не е македонски јазик. Вашиот јазик е само источна варијанта на македонскиот јазик, а вие сте го крстиле “бугарски“ јазик само затоа што вашата држава се вика Бугарија, а не дека е тој навистина бугарски јазик.

Вистинскиот бугарски јазик од оној што е кај вас озваничен како “бугарски“ се разликува како небото од земјата.
 
Кој ти кажа дека не го славел?

Штом Џинот го славел, зошто мислиш дека Прличев не го славел?
http://www.promacedonia.org/bmark/jhk/jhk_1.htm

Пак ли почнуваш со лаги? :facepalm:
Ајде да видиме каде Прличев го славел Аспарух.

А Џинот поарно е да не го дираш за потеклото бидејќи има многу непријатни работи за тебе.

Ама прво одговори каде Прличев го славел Аспарух и како го славел?
 
Кој ти кажа дека не го славел?

Штом Џинот го славел, зошто мислиш дека Прличев не го славел?
http://www.promacedonia.org/bmark/jhk/jhk_1.htm
Но Аспарух, цар болгарскии, како сја потверди в Мизија и преиде повечето болгарски народ на југа, това име пименес заостана в Македонија и Тракија. И тако от тија пастири-овчаре родил сја е Велизариј, јустиниан Великиј, Кирил и Методиј, и произишло кнјажество болгарское.


Абе ти си бил махер за спинување. Ме збуни скроз.
Како да не сме на форум за Историја туку за Филозофија.
Имате некој спин курс за стипендисти таму, да се извештам и јас како тебе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom