Како се запознаа моите родители...

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Татко ми кога бил млад си бил познат фраер во маало,ништо не го интересирало,си уживал во животот,вртел девојки како што сака,си играл со нив.
Мајка ми била лепотицата од другото маало,така тој кажува.Се запознале сосема случајно [имале заеднички другарки],во диско после неколку месеци тајни погледи и смешкања.Се заљубиле многу брзо,потоа следела врска со милиони прекини поради сосема други лица кои што сакале да ги одвојат,ама нацки не успеале.:pipi:
После 1 ипол година мислам,прават свадба и после неколку месеци им се раѓа ќерка,т.е. јас.
И тоа.Ништо спектакуларно,за жал.:(
 
Дедо мој ги запознал мама и тато... мама пред тоа имала дечко со кој оделе 5 години ама он ја заебал и била во депресија и тато се нашол во вистински момент и после врска од 3 месеци стапиле во брак :) и до ден денес не може да си поверува како ја ''излажал'' али закон се двајцата освен кога се караат :( :( :( инаку до ден денес другарите го зафркаваат тато зошто бил папучар пошто тој е од Битола а се преселиле цело семејство во Прилеп заради мама :)
 
хахахха.. татко ми со друштво обично тезги коа свирел наоѓал некоја рандом трафика да си купи цигари и така еднаш налетал на мајка ми ( она работела у трафика ) си зел цигари арно али некоја хемија нешо им се десило поточно него му се десило па така имало и 2 пат (истата трафика сеа) па и 3 4 5... се зпаознале едно друго и ја викал татко ми заедно да искачаат а мајка ми па шмизла од борис демек не не не а сакала и она и незнам како успеал да ја набеди еднаш па ваљда биднала работава па ја запознал со цело друштво а пошо биле така посилни на пиење мајка ми си рекла леле кај го запознав овој пијаничиште (така изглеало фала богу ни он ни никој од друштво не му се пијаници) по извесно време видела мајка ми дека не било така ко шо изглеа она и се глеале така некое време па се зеле.. а забораив да кажам.. татко ми ОД БУТЕЛ ДО ЦЕНТАР СЕКОЈ ДЕН ИДЕЛ ПЕШКИ за да стигне до трафиката кај шо работела мајка ми за да купи цигари (татко ми е инвалид) така да ептен голема љубов било тоа :)
 
Најинтересното во приказниве е што на сите татковците биле фраери/шмекери, а мајките мирни и убави :)
 
Па во некоја дискотека се запознале и од таму натака се знае... и после толку години мајка ми родила магаре ко мене :pos2:
 
Majka ми студирала економски овде а стариот и праел филмови дека е некаков инженер:nesvest:... често ја потсеќам за грешката што ја направила...:tapp:
Тоа ти е, ќе ги пуштиш во друг град да учат...а тие збеснуваат аахахахах:pos2:
 
Татко ми бил студент на правен, прва година, живеел со цимери во Скопје под кирија,а мајка ми втора година во Корчагин(родена скопјанка). Ке си помислиш
mission impossible ситуација, али не било така. Еден ден татко ми на студентски прашања ја наоѓа изгубената лична карта на некоја негова колешка, од истиот град од кај што е и татко ми и со другарите одат да и ја носат. Али таа негова колешка да ти живеела под кирија кај мајка ми. И сега овие идат на гости и таа колешката се качува кај мајка ми и ја вика да се симне да запознае некој си фраери од нејзиниот град.:pos2: Смешки. Мајка ми вика ја се спремам, се дотерувам, мислиш принцит дошол, али вика кога се симанв има што да видам. На прв поглед не и се допаднал татко ми(татко ми вика дека лаже и дека го бркала од старт), али не е битно .... Е така се упознале :toe: и после знам само дека татко ми киснел пред Корчагин и во 45 ка:pos2:
http://www.google.com/url?sa=t&sour...goGvDw&usg=AFQjCNGu5STZLQLhyzjUkXJh1nslU_y_6w


http://www.google.com/url?sa=t&sour...goGvDw&usg=AFQjCNGu5STZLQLhyzjUkXJh1nslU_y_6w
 
Татко ми и мајка ми на крајот на 80-те заминале да работат сезонска работа во Грција. Пред тоа се немале запознаето иако и двајцата биле од Прилеп. Случајно се нашле во истиот град, се запознале и биднало. По некое време, елементарна непогода-ме направиле мене :)
 
еееј не ја знам случката што било како било
 
Во Котор...татко ми бил управник на хотел а мајка ми била со гооолема група деца (како мед. сестра)
Овој и носел некакви смокви( мајка ми постојано барала смокви :pos2::pos2::pos2:) и такаааааа:pos2:
 
Преку братучетка на татко ми која истовремено се дружела со мајка ми и одма вечерта требало да одат на концерт на Лепа Брена.Татко ми не ги тргнал очите од мајка ми цело време додека траел концертот :) И иако не биле од ист град татко ми секогаш патувал имал време за мајка ми иако работел до касно.
 
Каде би се запознале,ако не концерт на Цеца ?
Да,било тоа 1992 на концертот на Цеца во Скопје
На крај ќе испадне и дека те праеле на концерт на Цеца :pos::pos: Цел живот ти е Цеца пеер :D




без навреда:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom