Јулијански или Грегоријански календар?

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не живеам на марс море човек...
Не одговори на прашањето за делот кој те засега тебе, за телетабисите. Што се однесува до процентот на лица упатени во основите на православието, не располагам со статистика. Само ке ти кажам дека слободата на секој да стигне до спознание на Бога преку Православната Црква му е при рака. Секој што бара ќе најде, Не е ниту скриено ниту мистично, најмалце окултистичко за разлика од телетафтабитите и сличните ним КАБАЛИСТИЧКИ СЕКТИ. Ако е тој делот што те боли и ме сметаш за арогантен фактот што Вистината ја ставам пред лагата и Светлината пред темнината на окултистите тогаш проблемот е во тебе и сличните на тебе. Реков и пак ке повторам, никого не осудувам освен лаѓните учења.
--- надополнето: 12 февруари 2014 во 01:47 ---
Хмммм, ама Грујота го немет у Библијата...:unsure:
Збаеш по гематрија што значи Груевски?
 
Последно уредено од модератор:

Па ако Црквата твоја православна е збирштина на окултисти, тие сами ќе го променат календарот како другите, а имаат таква намера...
Не ми смета мене ништо во врска со религиите и нивните догми... зборувам дека самите преставници на одредени религии ќе бараат промени на календарот, кој е нели од свештенството за мирјанинот, за тебе!
Можеби ќе има хаос, можеби не... ако е ова банално, замисли колку е банално да се тврди дека сеуште се чека спасител и сите мртви да ги крене на нозе :)
Не зборувај барем ти за банални работи! Христијанин ми зборува за тоа што е банално! Абе ајде ;)

Свештенството паѓа за моќ, пари и влијание! Кој ти ја има наполнето главата со омраза кон се друго од православието?
Јас не сум те подучил така, сигурно :)
Тоа оние „модерните“ руски свештеници кои стануваат екстремисти како сектите кај муслиманите!

Календарот ти е битен како да ако се смени Исус да испадне роден на 25 Декември, многу ќе се згреши! Земски глупости и политики на свештенството од различни фракции во христијанството! Ништо друго... превласт, ништо друго, која зафаќа дел и од економијата! Црква без имот и злато не е црква! Затоа ќе мора да се калеми календарот со другите, со оние што имаат пари!

П.С. Календарот е заради постоењето на сенката на Земјата во однос на Сонцето. Ништо друго!
 
Гледам дека мирен-на не те оставам, па се праќатпостови у седум и нешто... не е битно. Тоа е природата на Христијанството, никого не остава рамнодушен. Тоа за омразата и безвезностите што се пишани се од твоја глава и проекција на тоа како ти го гледаш светот. Крај. За тоа колку не е атрактивно Христијанството гледај по форумов каде се кршат сите копја а колку души шкрабкаат по телетабисни подфоруми. Од кај знаеш дал не сум свештеник па ме назначуваш за мирјанин?
 

Навика ми е тоа, кафе, форум од сабајле :)
Не само тука, ами и на други форуми... не си толку битен ниту пак христијанството е битно. Само затоа пишувам... да покажам дека може да се критикува и треба да се критикува и верникот и свештенството, најмногу свештенството кое заборава да биде свештенство, кое зборува научени пасуси а ништо не се извршува од тоа, кое дава надеж, а спас никаде!

Нормално дека е тоа како јас го гледам светот... не можам да зборувам како некој друг го гледа светот... :) Нели...
Како што ти сите ги назначуваш за секташи, јас тебе те назначив за мирјанин - послушник без приговор кон православното светшенство и неговите билдања на неоданочени пари и полни храмови со злато кое не ти смета иако знаеш бедници христијани кои немаат леб да јадат и страдаат - чекајќи спас од богот! Глупости... невидени глупости. Религиите може да се критикуваат на големо! Дури и верникот треба да критикува, да менува кога ќе види неправди! Не да клима со главата на секакви глупости искажани од нивните свештеници!

Полн си со предрасуди за „другоста“ и полн со омраза заради едно пусто верување и безусловно прифаќање на сешто...

Христијанството нормално дека никој не остава рамнодушен кога очајно се обидува да навлезе насилно во секоја пора на опшеството кое му бега... Исто е и со исламот... тие пак имаат дури и правни закони кои ги дал богот... Лудости на сите страни...

Затоа и календарот реков зависи кој ќе биде посилен, кој ќе ја има моќта, парите и добрата политика за да се води цел свет по него!
Од мало до големо! Сега за сега кој води? :)
Се мислам дека не е ниту една христијанска црква... Што ви смета ако Исус се слави како Ново Сонце, како што правеле паганите? :)
Зарем нема слични богови како твојот христијански бог? Има... многупати е пишувано, дај да ги соединиме различните денови на празнување на раѓањето на богот и да имаме еден универзален календар! :)
Најдобро :)
Воскреснувањето на Озирис и Исус да биде на ист ден! Зошто да не?

Црквите (неколку илјадници различни христијански цркви) да се прашуваат за мерење на времето? Абе ајде :)
 
дај да ги соединиме различните денови на празнување на раѓањето на богот и да имаме еден универзален календар! :)

Јок, ќе се бунат луѓето тогаш. Нема да знаат кој шо празнува. Како тоа така да не се знае кој е што и чиј е поголем, овај еден единствен вистински Бог.:icon_lol:
 

Нема што ти да одговараш, те прашав нешто? Не :)
Има да се смени календарот и точка! Сите на еден! На 25 Декември ќе се прославува раѓањето на богот и готово! Што е ова со празнициве, панаѓур?
Нема тука окултно ништо - само практичност!
Така и започнува оваа тема...

Јас што правам што се грижиш, гледај ти да не западнеш во грев со лажни обвинувања :)
Секој можам да го критикувам...
Припаѓало на црквата оти биле најписмени... па и будала народ подарувал на црквата земја и злато, за да се најде „за пред богот“ - чисти пагански обичаи!

Немам проблем јас со китењето со злато по храмовите! Ако Исус е новото сонце, може злато! Тоа е метал на Сонцето! :)

П.С. Ќе си го прашаш духовниот ти отец за името Грујо, кој што е демохристијанин! Не мене... јас тоа не знам.
 
Не одговори на прашањето за делот кој те засега тебе, за телетабисите. Што се однесува до процентот на лица упатени во основите на православието, не располагам со статистика. Само ке ти кажам дека слободата на секој да стигне до спознание на Бога преку Православната Црква му е при рака. Секој што бара ќе најде, Не е ниту скриено ниту мистично, најмалце окултистичко за разлика од телетафтабитите и сличните ним КАБАЛИСТИЧКИ СЕКТИ. Ако е тој делот што те боли и ме сметаш за арогантен фактот што Вистината ја ставам пред лагата и Светлината пред темнината на окултистите тогаш проблемот е во тебе и сличните на тебе. Реков и пак ке повторам, никого не осудувам освен лаѓните учења.
А што друго можеш да употребиш ти во дијалог освен адхоминем? Бедно и патетично.....
 
Вистината е дека Божиќ е на 7 Јануари.
Не е точно. Божик е на 25 декември и по јулијански и по грегоријански календар. 7 јануари по грегоријанскиот календар (кој се користи во секојдневниот живот) е всушност 25 декември по јулијанскиот.[DOUBLEPOST=1449477919][/DOUBLEPOST]Заложник сум да и нашата црква се преориентира на грегоријанскиот календар, не дека е католички, туку дека е поточен, од научен аспект, не од верско-догматски.
 
Не ги читав другите коментари но сепак мислам дека треба да се воведе оној така наречен нов Јулијански календар. Истиот тој се користи и во Грција и во Бугарија и во Романија, а истите тие не се нешо помали верници, туку баш напротив, Романија и Грција се далеку по религиозни од нас. Кај нас се мисли дека ако такво нешо направиме ќе плукнеме во Православието и нешто помалку Православни ќе станеме.

Тој потег би бил оправдан од економска гледана точка, дека ние највеќе соработуваме со Западна Европа и на нас бизнисот ни трпи многу кога прво они не работат за Божиќ па подоцна кај нас доаѓа Божиќ. Колку пати се само случува, наши превозници да седат дома пред нова година, а баш потоа за наш Божиќ да мора да заминат на пат дека во бизнисот многу седење дома не е дозволено. Многу загуби има.

Плус сите сме на крајот на денот Христијани, а Православни, а Католици, а Протеснати се е едно исто. Барем празнниците да се одбележуваат заедно, оние најважните Божиќ и Велигден. Додека пак пример и Бугарија која го има новиот Јулијански календар ги одбележува Св, Трифун, Св. Кирил и Методиј, Мала и Голема Богородица на исти дати како нас.
 
Проблемот со календарот

✤✣✤

Календарот – што може да биде попознато и појасно? Ете тоа на часовникот е очигледно денешниот датум 22 декември 2015 година. Но нашето знаење почнува да се двоуми кога ќе ни кажат дека денес всушност не е 22 декември, туку 9 декември по црковен календар. И годината не е 2015, туку 7523 сметано од создавањето на светот. Ах, таа календарска бркотница! Ако прашате некого кога ние празнуваме Божик ќе добиете одговор: на 7 јануари. А Преображение Господово – 19 август. А Покров на Божјата Мајка – 14 октомври. Или, всушност, 25 декември, 6 август, 1 октомври – така би било според Јулијанскиот календар, според кој се води нашата Црква. И сега се поставува прашањето дали Црквата треба да го сочува тој календар, или да премине на оној по кој живее „целиот цивилизиран свет“ и на кој преминаа некои Православни Цркви.

Денес постојат два календари: еден древен, таканаречениот Јулијански календар, кој бил изработен во 46 г. пред Христа од страна на александрискиот астроном Созиген, а на иницијатива на римскиот владетел Гај Јулиј Цезар, според кого и го добил името. Овој календар бил прифатен од страна на Црквата во IV век со извесни измени. Но, Јулијанскиот календар не е сосема точен: тој се разликува за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Оваа разлика за 400 години се искачила на 3 дена, 2 часа, 53 минути и 20 секунди, а пак, во 1700 година изнесувала цели 10 дена. Денес таа изнесува 13 дена.

213452_p.jpg


Подоцнежниот календар е Григоријанскиот, исто така црковен, изработен по указ на папата Григориј кон крајот на XVI век. Имено, веќе во средниот век, тогашните научници ја воочиле неправилноста на Јулијанскиот календар. Па така, на иницијатива на споменатиот папа, во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на Јулијанскиот календар. По шестгодишна работа, комисијата предложила конкретни мерки за реформа на календарот. Мерките биле прифатени од папата, кој на 24 февруари 1582 година издал посебна папска була позната како “Intergravisimus”. Во овој документ биле содржани т.н. “Canones in Calendarum Gregorianum”, односно мерки за реформа на календарот. Со нив, меѓу другото, било утврдено секоја година пролетната рамноденица да биде фиксирана на 21 март. Понатаму, со цел да се изедначи дотогашната разлика меѓу јулијанската и реалната (тропска) година, која во 1582 година изнесувала 10 дена, со папската була било решено, во таа година 5 октомври да се смета како 15 октомври.

Овој календар стана примарен во католичка Европа. Потоа, од практични причини постепено почнаа да го примаат и другите народи, и денес се користи на глобално ниво. Но токму затоа што преминот на друг календар беше извршен од страна на световните управи без да се консултира Црквата, се појави еден раздор, една поделба која и ден денес постои: на некаков црковен и светски календар и токму во тоа се крие денешниот основен проблем со календарот во православниот свет.

Дополнителен проблем е сметањето на Велигден, кое се врши со Пасхалија. Пасхалијата е систем кој е создаден во крајот на III и почетокот IV век, за пресметување на датумот на празникот Пасха (Велигден) според пролетната рамноденица, која во Јулијанскиот е подвижна, а во Григоријанскиот календар е фиксна. Бидејќи Пасхалијата е заснована на Јулијанскиот календар, Григоријанскиот календар не може да биде приспособен кон неа. Целиот православен свет традиционално се придржува кон Александриската Пасхалија, а католиците, бидејќи сопствена Пасхалија не разработиле, прават дополнителни корекции на Пасхалијата за да ја прилагодат на календарот. Со неа се одредува поредокот не само на литургискиот живот, туку и поредокот на самата литургиска година. Имено, врз основа на Пасхалијата е формиран системот на христијански празници, којшто почнал да се создава уште од IV век и веќе од VI век го добил денешниот современ вид. Календарот ја има улогата на организатор на литургискиот живот. И ете зошто според своето значење, Јулијанскиот календар е тесно поврзан со црковната традиција и секој обид да се издвои од неа, неминовно приведува кон сериозни соблазни и искушенија за луѓето коишто се навикнати на оваа литургиска традиција.

Освен тоа постои проблем со Григоријанското сметање на времето после 2100 година. Имено, тогаш сите датуми на неподвижните празници ќе се поместат, па нашите потомци ќе треба да го празнуваат Рождество Христово на 8 јануари, што ќе предизвика бура на емоции. Иронијата е во тоа што кај нашиот народ нема навика да се гледа и втората графа во календарчето, каде што стои точниот црковен датум на празнувањето на Рождество Христово, односно 25 декември, па сега сѐ повеќе се утврдува во мислењето дека всушност 7 јануари е вистинскиот ден на празнувањето. Замислете сега што ќе се случи кога после 2100 година ќе треба да се празнува 8 јануари како ден на раѓањето Христово, веројатно ќе ни се случат нови соблазни и поделби, па можат да ни се појават и „Ортодоксни божикославци“, кои сентиментално се поврзале со празнувањето на Божик на 7 јануари и нема да се помират со ваквото „поместување“.

Дали, пак, со црковните канони прецизно е утврдено кој календар треба да биде во црковна употреба? Не, тоа прашање не е предмет на црковните канони и догматиката и затоа Црквата, православната догматика не застапува ниту еден календар, оставајќи го тоа прашање на науката и пред сѐ на слободното уверување на секоја помесна православна црква. Наспроти граѓанското сфаќање, ниту една православна црква го нема признаено Григоријанскиот календар за црковни или религиозни намени. Наместо тоа, во мај 1923 година била предложена нова верзија на Јулијанскиот календар, наречен Ревидиран Јулијански календар, кој испуштил 13 дена во истата година и вовел поинаква престапна година. Во однос на прифаќање од другите христијански цркви, Ерусалимската Патријаршија, Руската, Грузиската, Српската, Македонската и Полската Православна Црква, го немаат прифатено Ревидираниот Јулијански календар и продолжуваат да го прославуваат Божик на 25 декември од Јулијанскиот календар, кој до 2100 година ќе се паѓа на 7 јануари.

Кај нас, како и кај повеќето православни земји, Црквата го запазила Јулијанскиот календар, јавувајќи се со тоа како заштитничка на традицијата стара илјада години. Но треба да се знае дека самиот календар не е дел од учењето на Црквата, така како што е догматиката, односно главните начела на православната вера, а кои се однесуваат на Божјата суштина, воплотувањето на Христа, улогата на Пресвета Богородица и човековото битие како икона Божја. Тој е дел од црковната култура, дел од црковната традиција, дел особено практичен, дел којшто се оправда себеси со илјадалетната историја. Но, со оглед на тоа што во практична и државна употреба е Григоријанското мерење на времето, полека од свеста на луѓето се губи споменот за вистинските датуми на празнувањето на празниците. И навистина кој може да каже кој датум е според Јулијанскиот календар? За жал, од практични причини сите празници веќе одамна се преведени на Григоријанскиот календар. И веќе одамна православните го слават Рождество Христово на 7 јануари, а не гледаат на црковното сметање според кое 7 јануари е 25 декември по стар стил. Па кога ќе им кажеш дека православните всушност го слават Рождество на 25 декември, тие не го сфаќаат тоа. Ист е случајот и со Нова година. Малкумина од новите генерации знаат дека 14 јануари, познат по така нареченото празнување на „Стара Нова година“ е всушност 1 јануари, токму поради тие 13 вишок денови кои Григоријанскиот календар ги избришал од годината. Исто така, нашиот најголем национален празник, Илинден, во памтењето на народот веќе се идентификува со 2 август, а од историска гледна точка знаеме дека не е така, бидејќи востанието било кренато на 20 јули, кога граѓански календар кај нас бил Јулијанскиот. Од друга страна пак, пред неколку години беше воведен и празникот на Македонската револуционерна борба, а како датум е земен датумот на основањето на ВМРО – 23 октомври според Јулијанскиот, што според Григоријанскиот календар би се паднало на 6 ноември. Но, овој факт не беше земен во обѕир при воведувањето на празникот, така што доаѓа до извесна забуна, бидејќи некои празници (Илинденското востание) ги прилагодуваме на календарот, а некои (Денот на ВМРО) не.

Без разлика кој и систем на мерење на времето да го одбереме како официјален, што секако нема да зависи само од Црквата, туку и од најновите достигнувања на науката и астрономијата, сепак, би било од голема полза доколку и традиционалното црковно сметање на празниците си најде свое место во свеста на современиот човек. Имено, да остане запаметен 25 декември како датум на Рождеството Христово, па дури и да му се даде предност во однос на другиот календар по којшто функционира светот. Од практични причини секако, важност ќе му се даде на световниот календар, тоа е нормално, поинаку и не може, но сепак, при одбележувањето на празниците црковниот календар треба да го има примарното место.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=254
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom