Јулијански или Грегоријански календар?

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Напротив: можам и смеам да се посомневам во црковните вистини и да истражам и испитам дали се точни или не, со сите последици од таквиот мој потег.

А можам и да верувам, исто како што можам и да не верувам: тоа е мојата слобода на избор.
Како ќе испиташ и истражиш? Ете, јас ти посочив со кој методи го правам тоа. Ти?
 
Џабе да ти посочувам, ти тие техники ги сметаш за демонски. Си практикувал ли некогаш јога? Дивинација? Знаеш ли што е визуелизација и за што се користи? Не? Тогаш што да ти посочувам?

- Да, ги сметам за демонски: има доволно докази за тоа.
- Не сум практукувал јога, и немам таква намера: туѓите искуства од нејзиното практикување (ми) велат дека е, најблаго речено, опасна по здравјето од умот, а последично, и по телото. Особено кога змијата ќе почне да се увртува околу ‘рбетот од вежбачот и да му го опседнува умот.
- Изразот „дивинација„ не ми е познат.
- Визуелизацијата ја практикуваат и славните римо-католички „подвижници„, кои „визуелизираат„ и Рај и пекол и маки Исусови, а воено, запаѓаат во тешка демонска прелест.
Визуелизација? Не ,благодарам...
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 22:22 ---
Како ќе испиташ и истражиш? Ете, јас ти посочив со кој методи го правам тоа. Ти?

Мојот (читај: црковниот) метод е крајно прост и ефикасен: отворање на духовните очи и гледањето на својата отпадната и огревовена природа, но и барањето чаре за таквата состојба во Христа Спасителот, преку Црквата.

Ето, немој да ми кажеш дека не сум Ти кажал...
 
Последно уредено од модератор:

Абе алал да ти е. Јогата била опасна по здравјето и умот, дивинација не знаеш што е, од визуелизација се запаѓало во тешка демонска прелест.....епа со што ги отвораш ти духовните очи бре Мики? Со отворач за конзерви? Со патент? Со што?
 
Ипси,

бараше одговор-доби одговор, иако немам, односно имам должост одговорот и да не го кажам, особено не вака јавно, на форум.
Сарказмот со конзервите и патентите нема врска со православната духовност.

Отворањето на духовните (не телесните) очи е „производ„ од Богобарањето и преумувањето, а не од „визуелизацијата„ на „нешта„ за кои однапред немам поим кои се и што се и какви последици може да повлечат истите по моето битие.

За среќа, во Црквата тие нешта одмамна се познати, а преку Црквата и достапни за нејзините членови, како поука за тоа што не треба да чиниме.
 
Објасни го тоа богобарање? Значи пази што кажа:
Напротив: можам и смеам да се посомневам во црковните вистини и да истражам и испитам дали се точни или не, со сите последици од таквиот мој потег.
Повели објасни како.
 
- Да, ги сметам за демонски: има доволно докази за тоа.

- Не сум практукувал јога
Изразот „дивинација„ не ми е познат.

- Визуелизацијата ја практикуваат и славните римо-католички „подвижници„, кои „визуелизираат„ и Рај и пекол и маки Исусови, а воено, запаѓаат во тешка демонска прелест.
Визуелизација? Не ,благодарам...
Пост на годината :pos: Докази имало многу ама едното не го практикувал, другото појма нема што е, а третото “не фала“ оти не припаѓа на навивачите на ФК МПЦ :pos:
 
Се е тоа игра на зборови и троа вера :)
Така и со календарот.
Џабе везат... како што религијата е за дома, така и календарот ќе биде за дома.
Битна е бизнис климата, а не некаков си локален бог и неговите денови кога се родил и кога да славиме (да не идеме на работа)...
 
Кај беше книгава кога го запалија на клада Џордано Бруно?
Во некоја Библиотека, најверојатно.
Нормално дека е залудно... тоа секому му е јасно што ме „познава“ на форумов...
No comment! Кој признава пола му се прашта!
 
Глупости пишување не се опростува, затоа нема да ти простам за овие муабети кои немаат врска со темава :)
И не коментирај залудно... само ќе се изнервираш, те познавам.
Смирение, спасение... нели?

И за да не пишувам повторно едно исто:
Се е тоа игра на зборови и троа вера :)
Така и со календарот.
Џабе везат... како што религијата е за дома, така и календарот ќе биде за дома.
Битна е бизнис климата, а не некаков си локален бог и неговите денови кога се родил и кога да славиме (да не идеме на работа)...
 
Пост на годината :pos: Докази имало многу ама едното не го практикувал, другото појма нема што е, а третото “не фала“ оти не припаѓа на навивачите на ФК МПЦ :pos:

Признавам: појма не‘ам што е дивинација.
Ај просветли ме и кажи на што се однесува тој израз и од кај знаеш дека е така а не поинаку...:sneaky:
--- надополнето: 10 февруари 2014 во 23:43 ---
Објасни го тоа богобарање?

Стремежот на духот човеков кон бесконечните нешта и незадоволството од овосветовната менливост и минливост.
--- надополнето: 10 февруари 2014 во 23:44 ---
Повели објасни како.

Многу едноставно: мојата суетност ќе ја поставам за референца во одредувањето на вистините, а се‘ друго кое не ми е по мерак, ќе го осудам за неточно.
 
Последно уредено од модератор:
Се е тоа игра на зборови и троа вера :)
Така и со календарот.
Џабе везат... како што религијата е за дома, така и календарот ќе биде за дома.
Битна е бизнис климата, а не некаков си локален бог и неговите денови кога се родил и кога да славиме (да не идеме на работа)...
Никаква "бизнис" клима не смее и нема да влијае на верски (а не религиозен) календар во православната црква. Никакви предлози од луѓе кој што не се воцркуваат и не знаат што значи нивното барање нема да биде услишано затоа што нема работа на светот што може да ја урне Црквата Христова, безразлика колку пробале да ја чепкаат отстрана или одвнатре. Секогаш излегувала како победник. Сега, тоа што ви смета што Православието си го тера патот, сметам дека ке треба да го "сварите" тоа иначе ќе имате лошо варење и болки во стомакот. :P Зарем мислиш дека едни телетабиси можат да влијаат на некаква промена во општеството? (тука се смееме).
 
Фали ме усто да не биде пусто, работава. Излези прошетај низ град и прашај 5 рандом луѓе основни работи за христијанство па ќе си ги видиш и победите и патот.
За делата пак ич муабет да не правиме! Сигурно според православието, Исус ви порачуваше да користите навредливи и потценувачки епитети од типот "телетабиси", ви порачуваше да ги мразите оние кои не ви се истомисленици, да бидете горделиви, на свештениците им порачуваше да наплаќаат кога ја шират неговата порака и да живеат луксузен живот. Се победа до победа!
 
Не смее не значи дека не се меша некој во црквата! И тоа од внатре... само потргни ги розовите наочари!

Секој си го тера патот и тоа е убавината на животот :)
Не ми смета вашиот пат се додека не ми се меша како мојот живот е уреден!
Вас ве боли стомак од „нехристијани“, не мене...

Ако не си забележал, бааги се менува општеството :) И треба да се менува,некогаш кон полошо за да после изникне уште подобро!

Секако дека трансферот на пари ќе влијае каков ќе биде календарот!
На Црквата и те како и требаат пари, и ги има додуша, голем обрат на пари се прават секојдневно - но битно е која црква повеќе пари прави! Колку повеќе верници држи... битна работа е тоа. И ти рече: календарот е од луѓето за луѓето. Поточно од свештенството за мирјанинот! ;) Did you see what i did there? :D

За тоа јас зборувам, кој календар ќе „натежне“ се зависи од бизнис климата! А ти ако си романтичар, ок :) Држи се до победите на Црквата. Терај си го патот...
 
Фали ме усто да не биде пусто, работава. Излези прошетај низ град и прашај 5 рандом луѓе основни работи за христијанство па ќе си ги видиш и победите и патот.
За делата пак ич муабет да не правиме! Сигурно според православието, Исус ви порачуваше да користите навредливи и потценувачки епитети од типот "телетабиси", ви порачуваше да ги мразите оние кои не ви се истомисленици, да бидете горделиви, на свештениците им порачуваше да наплаќаат кога ја шират неговата порака и да живеат луксузен живот. Се победа до победа!
Е ај да прашаме 5 рандум луѓе, мислиш нема да знаат да одговорат основни работи од Христијанство? А да прашаме 10000 рандум луѓе што е телетабитството, што мислиш колку ќе одговорат барем нешто основно? Сигурно тие 5 ранум ќе бидат појќе него од оние 10 000. Гледаш што е победа? Навредливи зборови на лична основа не кажав, за учењето вање не е ништо ново пошто Црквата такво учење одамна осудила, со право, како неправилно и окултистичко. Сите други клевети што ги искаѓа се басни за мали деца.
Не смее не значи дека не се меша некој во црквата! И тоа од внатре... само потргни ги розовите наочари!

Секој си го тера патот и тоа е убавината на животот :)
Не ми смета вашиот пат...
По се изгеда ти смета па затоа и сакаш наводни "бизнис" окултисти да променуваат ствари по Православието но залудно. Ете, прифати го тоа и терај си го и ти атот, или мислиш дека календарот на Црквата ти пречи па сакаш да биде променет? А за хаосот во општеството кој треба да настане за да изникне некакво ново подобро, сметам дека сте банални и тоа се приказни за конзумирачкиот род кој паѓа на ефтини штосови за моќ, пари и влијание. Добра ти ноќ!
 
Е ај да прашаме 5 рандум луѓе, мислиш нема да знаат да одговорат основни работи од Христијанство? А да прашаме 10000 рандум луѓе што е телетабитството, што мислиш колку ќе одговорат барем нешто основно? Сигурно тие 5 ранум ќе бидат појќе него од оние 10 000. Гледаш што е победа? Навредливи зборови на лична основа не кажав, за учењето вање не е ништо ново пошто Црквата такво учење одамна осудила, со право, како неправилно и окултистичко. Сите други клевети што ги искаѓа се басни за мали деца.
Јас не живеам на марс море човек! Имам колеги кои до скоро мислеа дека 10-те божји заповеди се од Исус! Дека јајца за велигден се фарбаат затоа што во библијата така пишувало и ред други бисери!
Еден процент од "верниците" немаат ни чепнато библија, камо ли прочитано! Затоа што се верници само декларативно!
Ништо подобри не се ни свештениците! Наплаќаат за обредите кои ги изведуваат иако јасно им стои дека бесплатно добиле, бесплатно треба да даваат! (Матеј 10:8) Живеат луксузно, иако треба да живеат скромно!
Се правите наопаку! Твојов однос е најконкретен пример! Наместо понизност, покажуваш ароганција, наместо вртење на образ, навредуваш и се подбиваш! Тоа се победите? Тоа е патот?

И ти ќе ми кажуваш мене дека моето учење е погрешно врз основа на што? Затоа што така си решил да веруваш? Што знаеш ти за тоа? Освен постот со глупостите за оториноларингологија и телетабиси што го истерсе пред некој ден на темата, што аргументи понуди ти за дискусија?
Оди скрисе и не провоцирај! :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom