Вашиот дедо

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Имaм Супер дедо.Не го гледaм многу често бидејќи живее во Скопје,но когa ке одaм кaј него секогaш ми дaвa совети и пaри :) Многу го Сaкaм
 
Дедо ми е најѕвер човек што го познавам во мојот живот, му се восхитувам и го поштувам највеќе на свет! Типчето го има прошетано цел свет, доктор на науки е, еден од првоте во Македонија и има толку животни искуства собрано што коа ке седне да ни раскажува за места кај што бил и што видел едноствано паѓаме у занес.... Дедо сега има малце проблеми со здравјето, нормално како секој 85 годишен човек но се надевам и искрено со цело срце посакувам господ да го поживее и да говидам да ми заигра на дипломска и на свадба... Многу се сакаме, јас како прво внуче се изнашетав со него кога беше помлад, па приказни, па тинтрање, примери за животот!!! немам зборови! ептен го почитувам и сакам!
 
Едниот дедо,кој е жив,е најлудило чоек.Ко мал сум се смеел со саати на приказни шо ми ги кажуеше.Мислев,уствари бев убеден у тоа дека чоеков неможе да биде озбилен,пошто буквално секогаш се смееше.Ама за жал,дознав како изгледа и кога е сериозен и тажен,откако умре баба ми(жена му).Оттогаш е многу повлечен,само сенка од човекот шо беше претходно.
Другиот дедо не е жив.А доека беше жив,многу ме нервираше оти не ми дааше пари,мислев дека е скржав идиот.И коа им го кажуев тоа дома,и они ми потврдуеa дека е таков.Освен мама,она ми кажа дека не скржав,туку само штедлив и мисли на иднината(шо и на крај испадна точно).Многу ми недостига...:(:(
 
Добра тема Браво.

е па вака за мојот дедо имам многу да зборувам ама сега ке скаратам.
Дедоми кој се викаше Методија-мечкарот беше човек од збор и пред се голем шегаџија:),кого и да прашате во кичевската оклолија за него ретко кој не го знае.Од него научив многу работи кои сега во мојов живот ми помогнаја многу.Уште како мал ми влеа голем патриотизам во мене,тој не занеше на никого да направи лошо,тој не бил со никого скаран во неговиот живот,како и јас.ајде доста е да не замарам више:helou:
 
Imam 2 dedovci.So edniot se gledam mn cesto i ko ke se vidime frla po nekoja para,a drugiot dedo mn so go sakam ne mozam bez nego, mnogu mi e zal poso ima problemi so srceto i samo se ma4i i po cel den e vo bolnici:icon_frow
 
И двајцата дедовци ми се починати, ама додека беа живи ми беше супер со нив, ме шетаа како мала, се и сешто ми купуваа. Многу ми беше тешко кога пред 9 години почина дедо ми по мајка, а дедо ми по татко пред 2 години.
 
Темава мнооогу ме растажува ...едниот дедо на мајка ми таткото не го ни знам зашто имав 2 год кога умре,а овој другиот дедичко мој почина пред 2 недели и страшно ми е жал,живеевме во иста куќа но различно!пред 2 години имаше операција и едната нога му ја исекоа па после тоа продолжи нормално да си живее без никој од нас да му помага,се правеше сам.Многу ми е жал иако не пуштив ниедна солза кога почина само затоа што додека беше жив му го ветив тоа а и секогаш ке ми остане во сеќавање тоа слатко насмеано човече...зашто би плачела ,сепак го изживеа он своето!
ДЕДЕНЦЕ ТЕ САКАМ
 
Имав...едниот почина 92ра а другиот 98ма и не ми се најдоа во изминативе години, ама јбг тоа е, не може се по прав терк да оди секогаш, башка и ску*чено ми е да ги слушам само бабите како галамат :)
 
Ах темава.....ја знам уште од почетокот, али никако не можев да пишам...секогаш кога ќе ја видев, солзи ми идеа на очите, али денес конечно собрав сила да пишам, а сепак солзите да се присутни...
Дедо ми просто го обожавав, покрај татко ми...не знам зошто, али секогаш сум била, и сеуште сум поврзана повеќе со машките членови од мојата фамилија! Имав преубаво детство, се разбира ги сакав и ги сакам многу и женските, али со татко ми и дедо ми....не знам....сум ги поминала најубавите мои детски денови! Подоцна се роди и брат ми со него исто така :smir:
Најдобрата личност на светот беше....не можеше да се случи некого да навреди, да направи нешто лошо... кога живеев странство, немаше ден а да не отидеме во парк.....секој божји ден....лулашките ми беа неизбежен дел од парковите...и тој ме лулаше...хаха и на камера сме снимани :pipi:што сакав добивав...Дури и сега, кога веќе не сум дете, за пари никогаш немаше проблем, колку и да побарав....научив многу работи од него, многу!! Секогаш ми велеше, учи Маријана, прво школата, после се друго! Конечно кога се реши ја со баба ми да се вратат Македонија да живеат дека во пензија беа, тој умре. Замина пак до Австрија по некои работи, и умре таму...им умре на татко ми и баба ми на раце....неколку недели пред да направат 50 годишнина од брак а двајцата беа пресреќни за тоа, стари ама премногу се сакаа.
Дури им спремавме славење во ресторан со музика, подароци....
Ништо, пропадна во вода! Цел живот го помина странство, одделен од земјата, од сите, за нас внуците да работи, за ние да трошиме!
Каков е суров животот понекогаш, не требаше господ сега да го земе...поминаа 7 месеци, ама јас и ден ден тагувам по него, и секогаш ќе тагувам....Те сакам дедушко!!! Беше погребан точно на мојот роденден, 18 октомври!
Другиот дедо(од мајка ми татко) е жив, ама сепак, со другиот бев поврзана, живеев неколку год заедно....
 
Епа кај мене и двајцата си се живи и двајцата ги сакам но тој од тато страна си го сакам повејќе.Се што сакам од него добивам,добивам и од другиот ама не знам овој појќе си го почитувам..Можда затоа што толку се имам мачено во животот за на сите 11 внуци и 3 правнуци да ни овозможи се што ќе им побара..И има скоро 80 год.ама ќе речам само нека му се множет до 101 море и повеќе...
 
Фино е вака да се прочита за убави спомени и доживувања со дедовците. Јас немам многу убави зборови за ниеден од нив.

Тој од кај татко ми е најнамќорестиот човек што го познавам. Дедо ми е, а гласот му го слушам у просек 3 пати годишно. Тоа не е до мене, таков човек, не зборува многу. Кога него му одговара само. И кога ќе проговори нешто, тоа сигурно е некаква критика упатена кон соговорникот. Он е најпаметен и он све знае, никогаш не бил нежен и дедовски настроен кон мене. Без разлика што ми е семејство, ќе лажам ако кажам дека не е лош човек. Таков, лев. Никогаш не можеш да му погодиш. Немам многу симпатии кон него, го толерирам чисто ради крвната врска и ради татко ми.

Другиот дедо во детството ми беше ок фигура, иако секогаш беше некако во позадина, зошто баба ми беше „главната“. :) Таа жена беше најдобрата баба на светот. Ама откако она почина, пред година-две, нешто му се случи на дедо ми, несфатливо. Некако се оддалечи, се пресели уџум, на друг крај од градот и почна да си праи филмови дека коваме некакви заговори против него, да не навлегувам... Се испокара со моите и се гледам со него еднаш годишно, на некоја заедничка слава, роденден, свадба ако се погодиме.

Ова со дедовциве звучи депресивно, ама никогаш не ми сметало премногу, затоа што бабите биле предобри и надоместувале за нив. :)
 
Едниот ми дедо, од на мајка ми страната загинал во сообраќајка 3 години пред ја да се ордам, така да од него освен слики и некои рандом искази од баба ми не знам ништо повеќе. Дедо ми од на татко ми страната е уште жив и е шампион, абе не се мрда, никога не ни памтам да бил активен нешто посебно, од кога го памтам преживеа три шлога беше после шлоговите малку поемоционален, што е нормално, ама сега онао ки е тивок, има невеорјатна динамика на живот:
Од сабајле стани, облечи се, избричи се, доручкувај, седни на фотеља и дреми, после ќе дојде време за ручек ќе касн нешто, па ќе си легне, па пак ќе стане ќе се промотка кратко низ стан и пак ќе седне на фотеља и само седи евентуално иде радио во позадина и после таму кај 6 саат ајде пак на спење. Поради шлоговите моторички е многу несигурно подвижен, ама ако има потреба успева да отиде до продавница да купи леб.
Ама добар човек е, секогаш се радува кога ќе ме види, и ме гушка, и дава пари обавезно, пошто само двајца внуци има, едниот му е во америка другиов (јас) во германија по наука и секогаш дава пари кога ќе си дојдеме.
Само да не добиете погрешна претстава, не му е баш до толку монотон животот, бидејќи ја има баба ми со која за разноразни глупости се караат по цел ден. Ама си се смеат и двајцата на староста-лудоста.
Инаку историски гледано, стружанец кој на 18-19 годин тргнал со партизаните од струга па се до срем, има и ордени ама ги крие, али да не навлегуваме во политика, инаку после тоа ставен е за директор на мермерен комбинат прилеп, под негово раководство почнат е да се копа сивец, има и една интересна приказна за вилата на тито во охрид.
Па подоцна да се префрли во технометал-вардар во скопје и малку да се шета низ европа, по бизниси.
 
Лелеее со дедо ми се смеам како со никој во животов.:ojea: Колку глупости знае да лупа и мртов ладен стои, а тие околу него не можат да се соземат од смеење. Само се чудам колку што ми имаат кажувано мајка ми и тетка ми, со нив бил строг, но кога јас сум се родила не можеле да го препознаат. И куќата да сум ја урнела, само ќе стоел и ќе ми се смеел. Сите прибори за јадење ми ги давал да ги кршам, едно време немале во што да си турат супа:smeshko:

А кога ќе почне пак да пее, демек некои италијански песни (што врска немаат):pos2: или кога ќе раскажува како ја запознал баба ми (измислува нешто за да се позеза) и таа се нервира....абе комедии се. Само не можат еден без друг. Баба ми вика ако не е тој ќе нема со кого да се кара. :pos2: Ама си ги сакам најмногу:)
 
дедоми од по тато не го знам пошо е умрен уште пред 4 год пред да се родам,а овој од по мама е најзакон чоече. Секогаш мојме да се смееме со него,да играме шах или кога ќе сме цела фамилија собрани да се веселиме...дефинитивно многу си го сакам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom