Вашиот дедо

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
Гледам сте отвориле тема за бабите па ај реков јас да отворам за дедовците.Еве да почнам дедо ми почина пред 2 години а ми беше една од најдрагите личност во мојот живот,беше образован и многу читан човек немаше прашање на кое немаше да ми одговори секогаш беше на моја страна и успеваше да ме вади од секакви караници со родителите и да не бев во право абе нема што да кажувам ептен добар беше дедо ми и ептен си го сакав, ај сега вие пишете по нешто:helou:
 
Дедо сум немам, бил некоја пијаница која ги остаела бабами со две деца и избегала во Америка. Едноставно пропалица.
 
Еден дедо замина. Ме напушти пред 3 и пол години. Премногу бев приврзана за него. Мене и сестра ми не' сакаше најмногу на светот, дури и им се дереше на моите кога ќе почнеа да ме караат за нешто. Од кога тоа летно попладне си отиде од овој свет, јас сеуште чуствувам празнина во мене.
Другиот дедо, единствениот што ми остана, поретко го гледам, но секогаш кога ќе се собереме за празници, недели, ручеци, го користам времето максимално за да се посмееме за нешто.
 
Леле многу си го сакам. Ептен. Малце не слуша и то некогаш ме нервира, ама шо да прај и тој нејќи..
Се` прај за нас, трча насекаде, купва, поправа, ехехее..Иако има 84 години, уште вози точак, возеше кола до пред две години, трча како млад..Пу пу машала, да не го урочам..
Некогаш знај по милион пати да кажи за една иста работа, сто пати да не` искара за истото, ама зато е:star:.За да не` учи и да ни укажи некој работи.

Другиот е починат уште од пред скоро седум години. Ептен знаеше убо да пее и да свири на хармоника. Ми недостасуваат тие времиња.
 
Едниот дедо почина кога имав 2 или 3 години, така да него не го памтам.
На него сум крстен.

Другиот дедо е многу добар човек, со малку чуден карактер но секогаш со добра намера. Како мал ме има шетано секаде, по плажите, по стариот дел на Охрид и така. Сега е бајаги постар и најчењсто не излегува од дома, а јас имам се помалку време да го посетам. То е то.
 
Едниот дедо не го памтам, сум имал некои 2 години кога починал. Го поштувам него, му го посетувам гробот постојано. Бил хард кор дедо, камо уште да сум го имал. Нема крст на гробот има петокрака, рекол дека бил/е/и ќе остане комунист. Не ги сакал поповите, немало ни поп на неговиот погреб, изреволтиран од однесувањето на еден поп кој што за време на најголем пост го видел како јаде свинско месо во дворот...ваљда од него сум го наследил неверувањето. Уствари мајка ми кажува дека се' имам наследено од него, висината и тоа што сум слаб, пушењето цигари и погледот на очите. Борец за време на граѓанската војна во Грција

Другиот дедо е жив и здрав, вика „Како прч сум:pos:„ живее во едно село заедно со баба ми. Цел живот шетал, скоро цел свет го прошетал. Работел во Бетон, правел мостови низ цела Македонија и пошироко до Либија....горд сум и на овој дедо. Кога идам у село ми ја дава колата да ја возам:pos::pos::pos: џапаме ракија заедно многу битен момент....


Сега одкако прочитав испаѓа као писмена да праам:pos::pos:
 
Едниот дедо починал уште пред да се родам, кога татко ми бил средношколец и не го знам, само на слики сум го видела и од што ми кажувале за него некои карактеристики.

Другиот го посетувам понекогаш, духовит човек е, знае да ме насмее, неговата најомилена изрека е: „Смеј се барем 15 пати дневно“. Доста е педантен, одговорен и сака се` да е како што треба.
 
Двајцата дедовци ми се починати, Бог да ги прости. Си ги сакав двајцата. Но тој што ми беше дома посебно. Многу бевме поврзани. Како мал мајка ми и татко ми одеа на работа и јас постојано дома бев со дедо ми и баба ми. Значи јас со нив сум пораснал и благодарен сум за тоа. И мојот прекар Чомбе го наследив од дедо ми токму поради таа поврзаност. Искрено, многу ми недостига.
 
Дедо ми беше најпрекрасниот човек што може да се роди ! многу образован човек , беше конзул на Југославоја во Австралија, едноставно го обожавав, се сеќавам на сите приказни што ни ги кажувал .толку многу не сакаше ејјј... И ептен ми недостигаат тие прошетки у паркот со него така сабајлечки , и секогаш ќе го памтам по тоа што дури и дома со одело и со цигара во уста беше .. секогаш чист :( мн го сакав ... Мислам дека према никој не сум осеќала таква љубов од роднините... :( бог да го прости...
 
аха, супер темичка, кога сме кај дедовците да си кажам за мојата гордост. Таткото на мајка ми, ( другиот дедо, не го сакам а и + тоа живее во србијаа) значи, дедо ми Славе е најмудрата личност на светот, толку начитан човек немам сретнато, историја имав 5ки и имам не од книгите туку од дедо ми. МАКЕДОНИСТ најголем, тоа од него сме го наследиле и јас и брат ми и мајка ми. Го имам во компјутерот на клипови кога раскажува, за војни, за минатото, историјата на македонија. Многу го сакам, 70 години е и супер здрав е. КОга ке дојде некоја недела на ручек кај нас со брат ми и мајка ми само историја, политика, книжевност им е муабетот, и секако со брат ми онака совети му дели... у склад со пивце нормално :)
и така... со него не можам многу да се шегувам, дека доста сериозна личност е. И така! А да
на мене, мама и бато ( пошо тато си има ) ни е како кредитор, ке го прогласам за банка на годината :) , во секое време колку ни треба толку и ни дава :) ..... али тоа и не е битно... битното е да го кажам она шо ми е најинтересно кога одам кај него, во “ледената соба“ од куќата има еден ќош ПРЕПОЛН со весници од 60тите години ( од кога се оженил ) “македонско дело“, “Дневник“, “Нова Македонија“ итн итн И + некои стааари документи од востанија, војни бла бла не знам ни ја што, ги вади од некаде, поим немам од каде... тоа е последователно на неговото читање ваљда, шознам ... и има една огромна карта на Македонија ЦЕЛА, со солун и пирински дел, и егејски и све :) и рече кога ќе умре пу пу пу, да ми е жив и здрав, дека ќе ми ја даде во мојата соба, дека ми е црвено-жолта:pipi:
а бе ГОРДА СУМ СИ НА НЕГО! МАКЕДОНЕЦ НАД МАКЕДОНЦИТЕ Е:pipi:
 
Дедо ми беше личноста која секогаш и сегде, во секое време беше, е и ќе ми остане идол. Ја обожавав земјата по која оди, беше толку внимателен и грижлив со сите, никогаш немаше згрешено на никој и секогаш беше праведен.
Ме чуваше како зеница во окото, единствена внука му бев. Не пропушти ни еден период од моето детство, буквално секој миг беше до мене. Ме шеташе во количка како мала, ме водеше на прошетки во маалскиот парк, трчаше со мене на Кале...
Ми купуваше чоколатциња, бомбони, се што ќе посакам.

Се сеќавам дека го терав да сложува сложувалки со мене, го правевме тоа со часови, особено летно време, кога спиев кај него и баба ми. Ме научи да играм шах и домино, помина безброј часови раскажувајќи ми приказни...

Дур го пишував ова ми навреа солзи. Премногу го сакав, не беше фер што Господ ми го зема кога имав 12 години. Најмногу жалам за тоа што досега само двапати му го имам посетено гробот, не затоа што не сакам туку затоа што не можам, мислам дека ќе ми препукне срцето.

ДЕДО ТЕ САКАМ!
 
Дедо ми беше личноста која секогаш и сегде, во секое време беше, е и ќе ми остане идол. Ја обожавав земјата по која оди, беше толку внимателен и грижлив со сите, никогаш немаше згрешено на никој и секогаш беше праведен.
Ме чуваше како зеница во окото, единствена внука му бев. Не пропушти ни еден период од моето детство, буквално секој миг беше до мене. Ме шеташе во количка како мала, ме водеше на прошетки во маалскиот парк, трчаше со мене на Кале...
Ми купуваше чоколатциња, бомбони, се што ќе посакам.

Се сеќавам дека го терав да сложува сложувалки со мене, го правевме тоа со часови, особено летно време, кога спиев кај него и баба ми. Ме научи да играм шах и домино, помина безброј часови раскажувајќи ми приказни...

Дур го пишував ова ми навреа солзи. Премногу го сакав, не беше фер што Господ ми го зема кога имав 12 години. Најмногу жалам за тоа што досега само двапати му го имам посетено гробот, не затоа што не сакам туку затоа што не можам, мислам дека ќе ми препукне срцето.

ДЕДО ТЕ САКАМ!


:icon_frow:(:( ај стартед то фил сори. :(.... неправда еј...
а кога помислам дека и мене може да ми се случи... пу пу пу....
а бе, како е Господ никој не е...
 
Едниот дедо починал кога сум била мала и не се ни сеќавам на него. Меѓутоа од почит кон мајка ми постојано одам на гробишта кај него, а и сите викаат дека брат ми многу потсетува на него па така имам некоја бледа претстава. За моја среќа конечно почнавме почесто да се гледаме со вујко ми, негов внук кој е буквално негова копија споредувајќи ги сликите.

Другиот дедо сега живее во село ама нема ден да не се јави. Како помала додека живеел со нас тука, ми купувал што и да сум посакала. Паметам еднаш ми имаше купено црвени налани и откако ја дигнав цела зграда на нозе, затоа што трчав горе-долу по скалите, ме однесе со него во парк, па потоа да игра шах со пензиорите. Секогаш ми купувал сладоледи и чоколади, па и ден денес му е навика затоа што знае дека тоа сакам. Еднаш дури и ми вети дека ќе ме научи како да возам кола, ама поради сугестија од сите останати се премисливме и двајцата. Кога одам во село стануваме рано наутро и шетаме по планините, едно време одевме на печурки, едно време по јаглики...зависи од сезоната. Си го сакам дедо ми. тој е поприврзан со мене бидејќи сум му една а и прва внука, јас со него бидејќи ми е единствен дедо.
 
Еј дедо ми...ме растаживте со темава:( Дедо ми почина пред 1 година и уште не можам да го прежалам, да не ми стане мака кога ке помислам дека го нема. Таков човек ретко се раѓа...шампион, човек од комунизмот ама со современи сваќања, секој муабет му беше на место, уште се сеќавам на неговите ставови за живото и се трудам да ги применувам, неговите мудри мисли ме водат во живото. И другиот дедо ми е супер ама него поретко го гледам.
 
Хм...секогаш се гордеев со тоа што имав двајца дедовци.
Едниот ме нервираше.Не ми даваше пари од пензија,и имаше некако чуден карактер.Повеке кутеше.Нешо шознам,бил партизан,па сеа му беше бед.Битно,еден ден конечно ја и он праевме муабет,и тоа со саати,и видов дека он има многу што да ми каже,само треба некако да се отвори,пошто некако е затворен.После некој месец од муабетот,умре.Не пуштив ни солза,ама колку ми беше криво,само ја си знам.Некој ден пред да умре,ми даде една капа,и ми рече да ја носам често.Нонстоп е на мене оттогаш.
Другиот дедо е закон.Жив е уште.Не сум го видел неколку месеца,ама порано нонстоп бевме заедно.Абе,многу го сакам чоеков.Во село одев највеке поради него.Мислам,ја сакам и тетка ми премногу,он е некако фаворизиран,шо знам.Ме носеше на лов порано,не ми се веруе колку сакаше чоеков да станам ловџија ко него.Абе интересно е,само проблемот е шо ја сум премногу мрзлив за да пешачам толку колку што треба.А треба минимум 25 километра!!!
Само едно лето многу му се изналутив,шознам,дури некако го замразив,ама добро,работите се средија.
И така,тоа ми беа мене дедовците.Малце подолго,ама заслужуат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom