Нова ГОДИНА - леле шо ќе облечам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tanes
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Добро,си раскажавте се шо требаше? Или уште некој виц фали?
Браво,ај сеа бек ту топик.



Јас оваа година за разлика од претходните ич не се замарам.
Културно излегов и купив неколку практични работи кои ќе ми се најдат и потаму и воопшто не се вклопуваат во типичниот битолски новогодишен кичерај. :pipi:
Темни фармерки,заоблени црни балетанки, сиво-црно карирано сако и лилаво-циклама или темнозелен топ,туника веројатно. Ете то. :pletalka:


Да бе ,,Умри машки,, тројката ке го дат на прва.:vozbud:зато и јас дома останвам.

Инаку он топик: Јас пак многу се замарам, поготово оваа година па ептем само таму ми е памето, само на то мислам, не знам шо ке се прај...:)

Паше,не се замарај,не ја троши енергијата таму. Ќе ти треба да ја потрошиш за убо да си поминиш. :pos:
 
За Нова Година си купив нови трењерки од Шутка, утре ќе одам по патики Nike. И една трака за на глава од тие по 90 денара на пазар. :pos:

Се зезам. Ич не се замарам за облека за нова година, увек идам онака casual. Као секојдневно низ град или ноќно искачање. :)
 
Tака де, ама јас пошто не се мачам да изгледам убо во текот на цела година, му го посветувам вниманието на овај ден само.

Глупости. Ако сакаш да изгледаш малце поубо за Нова Година не значи дека не се средваш, а уште помалце дека се мачиш..
Добро девојко ти читаш убаво или не???

Не реков дека се мачиш или не се средуваш за Нова година за да изгледаш малку поубаво. Реков дека не се замарам, впрочем како и повеќето од она што прочитав. Значи ќе се замарам онолку колку што се замарам за секое излегување на кафе или во град.

Значи не те познавам лично, во ред е да бидеш среден постојано го почитувам тоа:). Едноставно муабетот поради кој те цитирав беше дека постојат поединци кои кога е некој настан, прослава вложуваат максимум, а инаку се шетаат доста несредени.:)
 
ехееее ко бев помал за секоја вечер купвев да сум во различно облечен .... сега ми е гајле ( нормално нема во пижами да одам ) што да е убо да ми стои :)
 
Лани ништо не купив ме мрзеше да искачам пошто стварно не се иде по дуќаниве ова време намаленија,гужва не се трпи сите се пикат ко слепци да не им снема нешто.Оваа година ке треба да набавам некој џемпер бесен онака да заличам за празнициве или може и некоја кошула деверска да купам ми се засвиѓа да носам.
Во секој случј што и да се купи ке се носи редовно после
 
Шо ќе носите за нова година???? Купивте уште немојте да се решите хехееееееее НЕШТО фармерчиња и ке го опнам капутон со некоја добра кошула хехе

weweeeeeeeee:vozbud:нова година wow 4ove4e
Ама баш ич не се замарам:wink:
 
Не се преоптеретувам со шопинг во 5 до 12 специјално за пречекот на новата година.
Ептен ми е дебилно, по продавницине не можеш да се разминеш, во трговски “џган пипл“, едноставно не го можам тоа.
Плус, сегде покачени цени зашто приметиле дека повеќето навалуваат тогаш да купуваат.

Додека сите доживуваат нервни сломови и ептен и придаваат на значење на гардеробата што ќе ја носат, јас ќе си одмарам.

Ама ок, некои сакаат посебно убаво да изгледаат таа вечер... ху ем ај ту џаџ?:toe:
 
wtf!!!!која нова година:uvo:
немам купувано со специјална намера за нова година ниту пак имам намера.ако купам нешо сигурно би било поради тоа шо ми недостига во мојот шкаф...а да излезам да се акам по продавници нема шанса со таква намера.
сепак секој како шо си сака!
 
Едноставно, убаво и поразлична од сите. Мислам дека оваа година ама сите ќе бидат во виолетово и зелено темно. СИТЕ! Барем кај нас по продавнициве сето е во овие две бои.

И јас исто како и Тамара се замарамсо тоа како ќе изгледам. Сакам да изгледам убаво и необично. Од утре па цела недела ќе шетам да видам шо има... Се надевам ќе се пронајди нешто!
 
си купив едни фармерки од тимберленд пошто мноооооогу ми се свиѓаа, и сега пошто не ми останаа пари, ќе си купам едно џемперче од зелено пазарче и ќе си се радувам на фармерките :) а и не се замарам многу-многу како ќе се облечам за нова година, само да е нешто културно, пристојно, да не се тренерки.. :)
 
Не се замарам многу како ке се облечам како и секад кога излегувам во град така и таа вечер ке бидам изгледа.
 
Јас си се спремив :) кошулќе црно со сако со фармерчиња си се подновив :)
 
Си спремив две варијанти-црно кратко фустанче без прерамки со бела сатенска лента под градите, црни штиклички салонки, и неизбежните црвени детали-часовник, ланче и кармин. Косата-ќе ја обновам апла црната боја, може ќе ја скастрам малку, за построг изглед.

Втората варијанта ми е едно преубаво сиво-сребренкасно фустанче со гол грб, црвени штикли и гореспоменатите црвени детали.

Секад се замарам со гардероба, шут ми.:icon_lol:
 
Нешто кежуал :pos: фармерче,кошулче...може и палтенцето да си го земам...некако ми се вклопува во клаберскиот дочек :je: :party3:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom