''Еднооки'' и ''Чуму'' укинати од А1! Еднооки од недела на Канал 5

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Ова не е чудно допрва ке има притисоци врз приватните телевизии да исфрлаат делови од прграмата за да може МТВ да се врати со рејтингот директрите им се Хрвати и Словенси зимаат искуства од ХТР како да се оправат еве ја земаа Пирамида,К-15, прават некои ток-шоу емисии сепак малце за да се доближат програмски до А1 и Сител па мора вака да се дејствува
Чуму тиња лош водител за никаде,Еднооки порано топ сега солидни и добри за гледање а и плус благи во однос на власта
 
А бре како можеа да ги укинат еднооки.Тоа коњот со бркови одллично е што го тргнаа да не замара 3 саати.Само да ги кажат деновите кога ќе ги води вестите,да не пуштам А1.Не знам зошто еднооки ги тргнаа!!!!?????
Немале гледаност!!!!!??????:pos2: Ама паметам го почешаа и Велија во една емисија.
 
Мене ми изгледа дека зад ова банирање стои тешка политика и сето ова е напревено со цел да се замолчи народот кој своето мислење го кажуваше во Чуму и да се замолчи екипата на Еднооки чие мислењето е блиско до мислењето на народот.

Чуму можеби избледе како политички и лајф магазин или можеби Чомовски е веќе истрошен, но според мене во овој момент тоа е добар тип односно формат на емисија која има за цел да ги реши секојдневните проблеми на луѓето истовремено работејки како коректор и на власта а и на опозицијата.

А за Еднооки мислам дека не треба да правиме муабет. Во понеделник-сабајле насекаде слушаш дека само за тоа се зборува.

На интернет(ов) деновиве се појави петиција која има за цел да го спречи симнувањето на Еднооки од А1-еве го линкот

Искрено според мене во овој момент кога на пазарот буквално војна се води за гледност и рејтинг, мешањето на дневната политика во уредувања на национална телевизија може да биде фатално во однос на рејтингот а нормално и на рекламите и на гледаноста.

Еве што донесува најновиот број на вечер:

Еднооки заминува во друга телевизија


- Во петок ќе донесеме одлука која телевизија ќе ја одбереме. Веќе имаме повеќе понуди. За сега можам да кажам дека апсолутно ги демантирам тврдењата дека причината што нема да се прикажува на А1 е слабиот рејтинг, изјави екслузивно за ВЕЧЕР продуцентот Борис Дамовски


Популарната емисија Еднооки ќе се емитува на друга телевизија, откако беше донесена одлука дека веќе нема да се прикажува на А1. "Во петок ќе донесеме одлука која телевизија ќе ја одбереме. Веќе имаме повеќе понуди. За сега можам да кажам дека апсолутно ги демантирам тврдењата дека причината што нема да се прикажува на А1 е слабиот рејтинг", изјави ексклузивно за ВЕЧЕР продуцентот Борис Дамовски. Тој објаснува дека следната недела ќе се дознаат појасни ставови околу случајот Еднооки.

Инаку, во Македонија веќе и он-лајн заедницата активираше петиција против најавеното укинување на емисијата. "Оставете ги Еднооки на телевизија, и престанете да го потценувате македонскиот аудиториум!", се вели во петицијата, која започна да ја спроведува он-лајн заедницата на Македонија, против најавеното укинување на популарната емисија Еднооки. "Г-дин Велија и останатите медиумски могули нека го пресметаат бројот на потпишани граѓани на оваа петиција, нека го поделат со бројот на интернет корисници во Република Македонија и нека ги применат методите на анализа на гледаност, па потоа нека даваат "мудри констатации" дека рејтингот на оваа авангардна серија е низок", пишува на интернет страницата www.petitiononline.com/edno432/petition.html, на која се спроведува он-лајн потпишувањето.

Авторот на петицијата наведува и дека "долупотпишаните веруваат дека серија како што е Еднооки цврсто придонесува кон вистинско градење на демократско општество, а не создавање на квази вредности кои само целат да бидат бледа копија на западно-европските демократски системи".

- Повеќе од секогаш ни е потребен ваков тип на емисија на малите екрани која без пардон ќе врши отстрел на наталожените медиокритетни политичари, нивните изјави, ТВ водители без грам мозок, странски елитисти и т.н., стои на интернет страницата.

Низ Македонија кружат мејлови за Еднооки
-Бидејќи единствениот мотив на газда Велија е "нискиот рејтинг" на Еднооки, формирана е он-лајн петиција во која се бара Еднооки да останат на телевизија, како единствен реален и брутален критичар на жабокречината во која живееме а сакаме да ја нарекуваме македонска демократија. Преку петицијата и бројот на потпишани да им покажеме на луѓето кои вадат реални бројки од пеопле метрите дека Еднооки се гледани и почитувани!", се вели во мејловите кои започнаа да кружат низ Македонија.
 
Пеери и пеерки сеа најпопуларно шоу на А1 ќе биде Топ Шо(п*)у со нашиот и за жал, ничиј друг Боки 13...
Бојан 9 е тој бе :)
А1? Не гледам причина зошто понатаму би ја гледал оваа земјоделско-фармерска телевизија. Нека се носи и Велија и неговите пропаднати водители.
Еднооки фан
 
Еве што донесува најновиот број на Утрински на оваа тема:

Наспроти тврдењето на Велија Рамковски, сопственик на Телевизија А1, кој за „Утрински весник“ изјави дека емисиите „Чуму“ и „Еднооки“, поради нискиот процент на гледаност, ќе се емитуваат само до Нова година, а потоа ќе се симнат од програмата, во вторникот вечерта, наместо „Чуму“, гледачите можеа да гледаат филм. Неофицијално, емисијата е симната предвреме по жешката расправија на водителот и уредник на „Чуму“, Александар Чомовски, со челните луѓе на телевизијата, по што, наводно, авторот одлучил предвреме да го повлече својот проект.

Околу тоа зошто не е испочитуван договорот Чомовски да подготви уште две емисии, а потоа својот ангажман да го насочи кон кревањето на професионалното ниво на информативната програма, односно на Вестите, вчера одговор побаравме од Дарко Перушевски, директор на А1.

„Емисијата ’Чуму‘ не одеше во вторникот вечерта по барање на Александар Чомовски, а ние само ја дадовме нашата согласност. Емисиите се политички и Чомовски имаше свои причини зошто не може да подготви уште две, така што го прекинавме серијалот“. Перушевски не сакаше да ги прецизира причините на авторот на „Чуму“ за неподготовката на емисиите, но тврди дека во нејзиното симнување од програмската шема на А1 нема никаква политичка заднина.

„Нашите причини се чисто комерцијални. Како приватна телевизија мора да се раководиме од две работи - трошоците што ги предизвикува нивната подготовка и малата гледаност. Конкретно, емисијата ’Еднооки‘ подразбира големи трошоци, а ’Чуму‘ е со мал рејтинг“, тврди директорот на А1. На прашањето за колкави трошоци станува збор, Перушевски кусо одговори дека тоа е деловна тајна.

До затворањето на весникот не успеавме да ја слушнеме и другата страна. Александар Чомовски не одговараше на својот мобилен телефон, а ист беше случајот и со Борис Дамовски, автор на емисијата „Еднооки“, која ќе се емитува до празникот. (Б.Ј.)


Статијата е прочитана 3825 пати.
 
Еднооки го гледав и мислам дека Велија заслужи и повеќе да се најде во него секако во негативна конотација и затоа не знам што му смета.Чуму ретко го гледав ама не верувам дека имал мала гледаност.Како и да е нити ми се допаѓа нешто посебно А1 така да што сакаат нека прават.
 
чуму. едноставно неможам да го поднесам моржот. шубаво, ќе го нема -)
еднооки? го изгубија шмекот, не се тоа што беа на почетоците. тапа финти имаат. ни за нив не жалам.
како само ги мразев тие двајцата со маските, леле гласовите.. уууу. замараа јако.
и јас исто
 
Малце ми е жал за еднооки, успеваа да ме насмеат... А за Чуму баш и не.
 
Да, оние двајцата со маските тотално ја расипуваа емисијата. Воопшто не беа смешни само трескаа глупости. Ќе останат запаметени едвај две-три фори, од типот на “Киро му рече на Лазо...“ :-) Еднооки беа добар прв обид да се направи нешто такво, се надевам дека идниот пат кога ќе се појави слична програмска содржина ќе биде нешто многу поквалитетно.

За укинувањето на ЧУМУ имам само еден коментар: Фала Богу, време беше.

Нема да ми недостигаат ни едните ни другите...
 
За чуму така и така, ама еднооки беа ЗАКОН. Стварно мие криво што ги укинале..
 
хахаха ЕДНООКИ изглеа ќе биде на КАНАЛ 5 од сега... Супер!!! :)
 
Да, од недела ќе бидат на Канал 5.
 
најава е и симнувањето од програма на Код на колешката Снежана Лупевска.

Neka go napraat i toa i neka ukinat i fudbal i ke gi gleame so TOP SHOP
 
ZNaci ednooki veke nema... CSI nema... Ocajni domakinki nema... asol filmovi odamna nema osven nekoi stari od pred ratot... I sto misli Velija deka ke gledame na A1? premier liga? e ne fala... ke si gledam kalcoto na telma...
milionerot e nikakov.. kjari pari i takvi sranja mi se preku glava... 4 sezoni ona sto e novata emisija za kulinarstvo so toj pederot mi e odvratna... i toj e kreten.. se obiduva da bide interesen a ustvari e krajno glup... ali anyway: sto ima vredno na a1 za gledanje sega?
jas mislam ubedlivo pikacu i transformeri ili kako i da se se najbolji za gledanje i retardiranje na mladata publika...

eh ... kade li se pink panterot... tom & Jerry... Usko Dolgousko...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom