''Еднооки'' и ''Чуму'' укинати од А1! Еднооки од недела на Канал 5

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
„Чуму“ и „Еднооки“ се симнуваат од А1


Додека над Македонија се раѓаше новото с'нце на слободата, партиските војничиња си уредуваа сопствени тв програми...
Резил, слобода на медиуми. Што беше тоа?


„Чуму“ не се вклопува во новата програмска шема на А1, со која ќе се емитуваат многу покомерцијални проекти Телевизијата е заинтересирана за покомерцијални проекти, а Александар Чомовски се враќа во Вестите Емисијата „Чуму“, чиј водител и главен уредник е Александар Чомовски, по пет години емитување, од Нова година се симнува од програмата на А1 телевизија. Со одлука на Велија Рамковски, сопственик на оваа ТВ-куќа, истата судбина ќе ја има и проектот „Еднооки“ на продуцентот и режисер Борис Дамовски. Официјално, основната причина за нивното тргнување од програмската шема на А1 е нискиот процент на гледаност кој го покажале пиплметрите на некоја странска агенција што ја мери гледаноста на телевизиите во Скопје. Во А1 вчера никој, па ни сопственикот Рамковски, не ни појасни кој и како го врши мерењето на гледаноста ниту, пак, која е агенцијата, но во изјавата за „Утрински весник“ вели: „’Чуму‘ и ’Еднооки‘ не се вклопуваат во новата програмска шема на А1 телевизија. Заинтересирани сме за покомерцијални проекти кои подобро ќе ги продаваме, бидејќи како на приватна телевизија важен ни е и финансискиот ефект. Познато е дека емисиите со поголем рејтинг носат и повеќе реклами“. На прашањето дали во симнувањата на двете емисии има и политичка заднина, Велија Рамковски одговори дека ние „тоа можеме и така да го толкуваме, но мотивите се комерцијални“. Познатиот новинар Александар Чомовски, кој е автор на емисијата „Чуму“, исто така, одби да ги коментира евентуалните политички влијанија врз одлуката на првиот човек на телевизијата. „Од сопственикот Рамковски добив барање да се вратам на Вестите и да го кренам нивото на оваа информативна програма“, објаснува Чомовски. „Се договоривме да осмислам проект со целосна слобода на темите и изразувањето. Верувам дека ’Чуму‘ е бренд што остава траги и дека во изминатите пет години, во кои имав 200 емисии, ја водев како работилница на демократското и граѓанското јавно мислење. Моето лично убедување е дека Телевизија А1 беше и треба да остане медиумски промотор на граѓанска и демократска Македонија. Се' уште не можам да верувам дека неопходното комерцијално работење на А1 во иднина ќе се потпира само на телевизиски шоуа во чиј центар е примитивизмот на Лилјана Петровиќ или српскиот турбофолк и кич, преку водители кои се на границата на своевидни квазимода“, вели Чомовски. Истовремено, авторот на „Чуму“ нагласува дека во секоја работа наоѓа провокација, вклучувајќи ја и новата задача да го зајакне влијанието на телевизиските Вести. „На овој план“, тврди тој, „со Велија Рамковски не сум имал судир. Можам да му оддадам признание што ја зачува програмската автономија на ’Чуму‘, но лично мислам дека оваа емисија и натаму ќе биде провокација и бренд што може да се рестартира кога било и каде било“. Неофицијално, според мерењата на гледаноста, „Чуму“ имала почетна гледаност меѓу 8 и 12 проценти, додека последните две емисии забележале мал пад и се спуштиле на 7-9 проценти. Но, дали недоволната гледаност е вистинската причина за последните потези на Рамковски - допрва ќе се види. Во почетокот на годината сопственикот на А1 направи низа смени на новинари и уредници во телевизијата, меѓу кои беше и тргнувањето на Чомовски од местото главен и одговорен уредник. Тогашното образложение на Рамковски беше дека на „екранот треба да се појавуваат млади и нови лица“

УтринскиВесник Ft. Јове_бт

WTF???
 
Ајдеее...Чомовски out, а таа(незнам како се вика) од емисијата Бисери in?

Па не е фер, барем се смеевме на Чомоски...
Пу јаз'к само по пари да се одело. Ебате Велија ебате.
 
Еееее штета ... баш ми е криво за Еднооки :(

А исто така криво ми е и што нема да го гледам Чомо моршот, како пак се резили :pos:

Искрено емисијата му беше срање, нека смислат некоја поасална емисија :)
 
Не е сигурно уште ова за Еднооки. Али ако ги укинат нема да пуштам А1 повеќе никад. Уствари освен фудбал само Еднооки гледам на ТВ
 
Не го гледав ни Чуму нити Еднооки, така да нема да чувствувам празнина кога ќе ги тргнат :)
 
Интересно ми беше еднооки...А за чуму...НЕ глеав! Па така да не ми е баш гајле,нивна работа...Ама некако неочекувано?
 
СРАМОТА......ахххх бре велија....све у курац отишло......Ја не сум сретнал човек што не му се свиѓало еднооки....а Чуму исто така имаше убави теми.


 
чуму. едноставно неможам да го поднесам моржот. шубаво, ќе го нема -)
еднооки? го изгубија шмекот, не се тоа што беа на почетоците. тапа финти имаат. ни за нив не жалам.
како само ги мразев тие двајцата со маските, леле гласовите.. уууу. замараа јако.
 
Еднооки не ми се допаѓаа ама ич, Чуму гледав и сакам да гледам. Е сега па сегде има промени и сите менуваат нешто па и а1. Само Чуму ќе ми фали.:pipi:
 
Еднооки беа интересни на почетокот,па после почнаа да замараат.
Чуму никогаш не сум гледала.
А и телевизија не гледам,така да променава не ми има некое влијание на мене.:pos:
 
чуму. едноставно неможам да го поднесам моржот. шубаво, ќе го нема -)
еднооки? го изгубија шмекот, не се тоа што беа на почетоците. тапа финти имаат. ни за нив не жалам.
како само ги мразев тие двајцата со маските, леле гласовите.. уууу. замараа јако.

Да,сејм (х)ир!
и јас тие двајца ги МРАЗЕВ ама имаа некои финти јаки...Тие со албанците пред се :) и така.
Се на се,ме боле :drk:
 
Едноооки слаба гледаност ........уат а фак....Многу ми е криво за еднооки ама ке се стаат на друга телевизија сигурно.

И за чулу ми е криво некад знаеше да донесе јаки гости
 
Се шпекулира дека целава работа, настана поради преголемата сума која ја трошеше Џом. Чаша по емисија, едноставно нели во тешки долгови ради него падна Величе. Огромен буџет беше потребен.
Мораше да се ''отараси'' од него, најверојатно ќе го гледаме на МТВ :icon_cool.

Видиш, вака-така, Мтв се враќа. Пирамидата, Емисиите за иселеници, единствените вести за глувонеми во државава, К-15, преноси од НБА, само уште да почнат К1, мислев Македонска лига фудбал да пренесуват и се ќе биди супер. А да, и серии од рангот на Лост, 24, ЦСИ но, ајде да не претерувам.

За почеток е добро, како-така запали фичулето. Брм Брм Брм
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom