Вие како лик во роман

се замислувам како тажен лик,но не и централен околу кој се вртат сите случувања.понекогаш најдобар во се,понекогаш самото зло.на крајот од делото би требало да направам некој поголем зулум.
а ако треба да бирам лик од романите што сум ги читал тоа би бил или Грунеј од Парфем или Филозофот од Папокот на Светот!!!
 
За ликот многу нема да зборувам ама романот ке биде толку досаден што никој нема да сака да го чита, а оној што ке го прочита ке се чуди кој го објавил и низ какви критички раце поминал. Корупција и мито...:)
 
Зборуваш за твојата 'приказна' ? За нашитe приказни сите мислиме дека се здодевни.Можеби некои луѓе кои не набљудуваат не мислат така, и се' би дале само да се на нашето место.
 
Зборуваш за твојата 'приказна' ? За нашитe приказни сите мислиме дека се здодевни.Можеби некои луѓе кои не набљудуваат не мислат така, и се' би дале само да се на нашето место.
Во овој случај некој маргинален лик, споредна улога, некој од оние личности кои малку кажуваат и кога ,,ке лупнат нешто,, сите остануваат изненадени.:)Некој од оние ликови со секојдневен стил на живот кои знаат да пронајдат уметност во малите нешта.На крајот секогаш има силна порака.А ,романот сепак може да биде интересен.
 
Протагонист, трагач по совршенството, љубител на убавото, секогаш време за други никогаш за себе, сплет на околности што само јас ги разбирам. Некогаш тивка и тажна, а од друга страна бунтовник со став.
 
Хехе...Многу сакам такви ликови од имагинарното...а и надвор од тоа.
 
Секако дека ќе бидам протагонист. Воопшто, други ликови во романот ќе нема. А, доколку би имало, најверојатно би биле алтер-ега, и сето тоа како дел од мултикомплексноста на мојот лик, чија главна особина би била без размислување егоцентричноста.
 
Ах, што знам... сигурно се ќе се врти околу мене. Би била онака совршена, со успех во љубовта и кариера во која напредувам постојано... Најверојатно на средината на книгата ќе има некој заплет во однос на моите паранои, глупави депресии и двоумења околу тоа што сакам и колку сум среќна... некој ќе умре за да ми ги скрати маките околу размислувањето кој да одберам и ќе продолжам со мојот совршен живот. Ништо забавно и ништо посебно во скеој случај.
 
romanot bi bil mnoguuuuuuuuuuuuuuu dolg pa ke se obidam da go skratm vo film
ps se izvinuvam za latiniciata
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom