Вие како лик во роман

Леле што убава тема.

Јас би живеела сама во едно мало станче некаде далеку од дома и би предавала германска книжевност на некој универзитет. Единственото друштво ќе ми биде моето маче кое ќе се вика Мураками. Деновите ќе ми поминуваат во читање книги и многу поезија, музика и филмови. Секоја Нова Година ќе ја поминувам дома гледајќи го концертот на Виенската филхармонија, а потоа ќе почнам да размислувам за суштината на животот, стравот од смртта, за метафизиката можеби, за љубовта и за некои бесмислени прашања од типот: -Зошто ѕвездите си вообразуваат дека раѓаат мравки, а мравките ѕвезди?
Ќе имам луди комшии со уште полуди идеи како правење план за полетување на месечината, верување во светот на магијата и создавање компилација од најобични текстови, а сепак во функција на водич низ животот.
И тогаш еден ден на раскрсница случајно ќе доживеам сатори, кога за дел од секундата ќе ни се сретнат погледите на мене и на љубовта на мојот живот. И тогаш ќе сфатам дека е дојдено времето да излезам од херметички затворениот свет кој сама сум си го создала и да почнам да ја живеам љубовта во мало, а не само да пишувам за неа.:)

(Значи се работи за женска, моја верзија на ликот на Семјуел од книгата "Љубов со мали букви")
 
Galadriel od "Lord of the rings"

fotr0002.jpg
 
Би сакал да сум Борис Морозов од Триумфална капија, пријателот на др.Равик. Еден од најдобрите ликови кои ги имам сретнато низ книгите. Човекот кој ги знае одговорите на сите прашања, познавачот на човековата душа. Прекрасен лик.
 
Зависи од ситуацијата, но омилените вариации ми се

Хлестаков (лажниот ревизор) од Гоголј во некоја си губернија богу иза леџа. Е тоа е живот. Неверојатно е како и после 200 години истите трикови палат и не е ништо сменето.

Гетсби заради зеленото светло некаде таму.

И разбира се Бехемот. За инает на кумуњарите смрдливи.
 
Бестрашна девојка со посебни моќи кои ги користи за да помогни на сите од злото и од мрачните сили :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom