Вие како лик во роман

Член од
17 декември 2007
Мислења
178
Поени од реакции
7
Како би сакале да бидете опишани ако сте лик во роман / драма / расказ ?
Што би биле - протагонист или антагонист? Можеби и едното и другото?
 
Па сигурно не би сакал да бидам опишан со виолетов латиничен фонт 18-ка, пошто читателската публика ќе си расипе очи.

Пишувај со нормален фонт на форумов, бои се користат за обележување на одредени зборови во пост.
 
Како авантуристичен лик што постојано запаѓа во непредвидливи ситуации.
Оптимист, трагач по убавините на животот, душевно вечно млад...
 
Главен лик, што на крај трагично умира и никој не му доаѓа на погреб...:pipi:
 
Лик со немирно бунтовничко срце скриен под маската на смиреноста што ја принудува сериозноста..
Вечен авантурист.. Многу ризик.. Многу порази, победи..
Лик што сите го мразат.. Сите го зборат..
А сепак знаат дека знае да живее..
 
Sto e razlika protagonist a sto antagonist ?

Ако добро го разбрав прашањето, тоа е разликата помеѓу антагонист и протагонист ?
Епа, протагонистот е главниот лик во книгата / филмот, околу кој се врти се друго.

А антагонистот е оној кој се вмешува во дејството за да не оди мазно, за да има конфликт, и така да речам, го турка протагонистот од карпата за да падне.

Понекогаш и општеството може да игра улога како едното или другото, не мора да биде човек.

А класичната дефиниција за ова е, ха, добриот и лошиот. :tapp:
 
Jack%20Sparrow%20on%20Ship.jpg


Би сакал некоја ваква улога. :)

Авантуристичка книга, малце романса, повеќе авантура, нешто што би ги раширило моите хоризонти (во авантуристичка смисла).

Од мал сум фасциниран од поморски авантури, пиратство, острова со скриени богатства, па оти да не се пронајдам во таква книга нели?

Значи дефинитивно од протагистичка гледна точка!
 
Хмммммм...па нешто помеѓу Зоро,Индијана Џонс,Капетан Спароу и Лара Крофт.
 
Како Big Lebowski. Ептен ми одговара. Плус и куглање има у целата приказна. Бада ќе биде дебелиот “Евреин“. :pos:

Тип кој мисли дека е паметен а нема грам мозок у тоа тиквата, вечно не вработен и живее кој знае како. Не дека таков сум... ама ептен кул изгледа на филмот :)
 
1010, поздрав до тебе!

Капетан Џек Спароу ? Мммм... Многу е кул. Иначе, протагонист - пират? Wow! Поздрав!
 
хмм...некоја девојка што сака да се забавува,има кариера,знае што сака од животот,несреќна и осамена;ама да е некоја љубовен филм,по можност со среќен крај..да не биде цел среќен,пошто тоа не е возможно,да имам и падови и добри моменти..да биде интересен:)
протагонист дефинитивно btw
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom