Секти

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е искуството на Богопознанието, што, за тебе како епсперт за Светото Писмо, е апсолутна непознаница.
Искрено не ми е познато таквото искуство, не бев штедач во ТАТ
 
Искрено не ми е познато таквото искуство, не бев штедач во ТАТ

И ја‘ исто па затоа не изгубив ниту еден денар во „ТАТ„.
 
@MIKI1, цитирај еднаш и изнапиши што имаш концизно во еден здив, не вака распрачено, недокажано...
Што да ти кажам на вакви расцепкани муабети?
Браво?

Човештвото пред се воопшто не значи „секој сам за себе“. Премногу лоша логика имаш.
Тогаш ќе немаш човештво, ќе имаш човек... штета што ти прво богот, после себе си се гледаш, иако мислам дека дебело лажеш...

Голем дел од луѓето сеуште не можат да се помират со фактот дека се слободни и дека имаат огромна одговорност и кон себе си и кон човештвото. Затоа се рамнодушни, еден начин на бегање од проблемите и самите себе си.

Во стариот еон тоа беше религијата, денес - рамнодушноста. Но ќе помине... :)

Сектите создадени од христијанството или пак учења кои се окарактеризирани како секти од истото исчезнуваат или луѓето се повеќе ги изучуваат и бараат да знаат повеќе за тие таканаречени секти и не се сложуваат дека се секти...
Освен нели христијански мирјанин кој што нема потреба да истражува никакво учење, вистината си ја има во црквата, свештениците и оние познати „свети отци“. Доволно е.

За христијанскиот догматичар и секташ „верата пред се“ по се изгледа е побитно од „Човештвото пред се“.
 
Ти ме праша која е разликата, јас ти одговорив, а бидејќи и не прочита што ти напишав, веднаш одговори и го потврди моето мнение за вас христијаните.

„Вие, христијаните имате секти кои сами ги создававте и создавате, бидејќи мислевте дека на тој начин било кое учење ќе го преставите како зло и само вие ќе опстанете во некакво вештачко единство“.

„Вие, тоа не го дозволувате и за да се спасите од било какво нечие толкување на вашиот закон, вие измисливте збор со негативно значење: секта.
Чисти глупости за плашење на неуките.“

Алатката за „чување на неккава си црква, највистинската“ кај христијаните е создавање секти од секое учење кое не одговара на одредена група луѓе кои се сметаат за апсолутен авторитет во однос на божественото.

Tи сообраќајните знаци си ги толкуваш по свое наоѓање или се раководиш по однапред зададени нивни значења без никаков приговор?

Доколку ги толкуваш како тебе ти годи, знаеш и самиот до какви последици може да доведе тоа? Ако своеволно толкување на „земните“ сообраќајни знаци доведува до катастрофални последици, замисли истото такво толкување на „небесните сообраќајни знаци“ до колку потрагични последици може да доведе.

А доколку не ги толкуваш по свое наоѓање, туку нивното значење (напишано и нацртано од други) го прифаќаш во целост, без негодување, („староеонски“, нели?) зошто истиот принцип не го прифатиш и за „небесните собраќајни знаци“, кои означуваат пат кој е многу поопасен од било кој земен, чие значење е протолкувано и дадено на мирјаните од Светите Отци, туку се усудуваш да си ги толкуваш на своја рака, и да завршиш во бездна?
 
Си го споредуваш „словото“ и црквата на која припаѓаш со сообраќајни знаци? Така си ја оправдуваш догмата и со тоа секое друго учење е секта?
Ок.

П.С.
Има тема Телема бре луѓе, одете исчитајте ја, имаме зборувано за ова толкување на Законот секој според своето разбирање... далеку е од „толкување како некому му годи“... но кому објаснувам, на старо-еонски догматици кои 1000 години вежбаат оправдувања за да опстојат, негативно настроени кон се што не е под нивна капа...

П.П.С.
Светите отци и нивното толкување на знаците е тотално погрешно во овој еон и води кон ќорсокак. Стариот еон и неговите гревови, забрани и прогласувања на учења за секташки или зли - е минато, не влијае на луѓето.
 
Си го споредуваш „словото“ и црквата на која припаѓаш со сообраќајни знаци? Така си ја оправдуваш догмата и со тоа секое друго учење е секта?
Ок.

Правам споредба на јазик кој ќе биде разбирлив за сите.:)
И каква фраза е ова: „секое друго учење е секта“?
Ако има само една Вистина, тогаш следува дека сè друго е лага. Така е или не е така?
 
Tи сообраќајните знаци си ги толкуваш по свое наоѓање или се раководиш по однапред зададени нивни значења без никаков приговор?

Доколку ги толкуваш како тебе ти годи, знаеш и самиот до какви последици може да доведе тоа? Ако своеволно толкување на „земните“ сообраќајни знаци доведува до катастрофални последици, замисли истото такво толкување на „небесните сообраќајни знаци“ до колку потрагични последици може да доведе.

А доколку не ги толкуваш по свое наоѓање, туку нивното значење (напишано и нацртано од други) го прифаќаш во целост, без негодување, („староеонски“, нели?) зошто истиот принцип не го прифатиш и за „небесните собраќајни знаци“, кои означуваат пат кој е многу поопасен од било кој земен, чие значење е протолкувано и дадено на мирјаните од Светите Отци, туку се усудуваш да си ги толкуваш на своја рака, и да завршиш во бездна?
А чии "сообраќајни знаци" да следиме? Вашите, исламските, еврејските? Ова што си го напишал токму за вас се однесува. Имаш ситуација каде исто "свето" писмо следите, а истото за едните значи едно, за другите друго! Па имаш православни "сообраќајни знаци", католички, протестантски, адвентистички...итн, итн!

Телемата е парадигма според која секој има своја сопствена "орбита", и дека се што ти треба е да погледнеш внатре во себе и да го видиш "упатството" од креаторот. Никој неможе да ти каже кој е "знакот" што тебе ќе те одведе до "вистинската" дестинација. Тоа може да го знаеш само ти, нема скратени патишта. Како што друг неможе да се радува наместо тебе, така неможе ни да те спасува или да страда наместо тебе.
 
Правам споредба на јазик кој ќе биде разбирлив за сите.:)
И каква фраза е ова: „секое друго учење е секта“?
Ако има само една Вистина, тогаш следува дека сè друго е лага. Така е или не е така?
Вистини во замислени надприродни битија способни да прават надприродни работи може да има колку сакаш, вид само кај древните цивилизации, Озирис, Ра, Птах, Зевс, Баал, Јахве, Один... па се до денешните капетан Америка, Ајрон мен Супермен.....
 
Ако има само една Вистина, тогаш следува дека сè друго е лага. Така е или не е така?
Еве како:
FB_IMG_1469122639336.jpg
Вистината е една, но "аголот" од кој може да се гледа на неа не е еден.
Дестинацијата може да биде една но патиштата што водат до неа можат да бидат илјадници.
Ете со речник разбирлив за сите.
 
Правам споредба на јазик кој ќе биде разбирлив за сите.:)
И каква фраза е ова: „секое друго учење е секта“?
Ако има само една Вистина, тогаш следува дека сè друго е лага. Така е или не е така?
Сите се повикуваат на таа една Вистина(да, со големо В) кога не сакаат да кажат Исус, Аллах, Методистичка црква, моето учење итн итн...

Постои една Вистина и таа не постои за верување, како што е научен христијанскиот мирјанин, таа вистина не се кажува, се живее... не е апсолутна и да може да ја кажеш и тоа е тоа...
Дали си размислил дека таа една Вистина се манифестира пред секој и преку секој различно и дека се менува во однос на човештвото како напредува?

Не оди така со знаци сообраќајни и бесцелни обиди да се оправда православието и неговото прогласување за ова или она дека е секта или зло...
Погледни ја оваа слика пратена од еден пријател, стои во некоја црква во Македонија:

10639707_1002382629778001_1092417002733612486_n.jpg
Ти ми збориш за сообраќајни знаци?
Кој го постави христијанството или исламот тие да бидат одговорни за „сообраќајните знаци“ кога читајќи што се се пишува, слабо го разбираат човекот и самото човештво?

Ping @Ipsissimus ,@Атеист, @MIKI1 , @SpaceTraveler ,@Let 3,@Aleksandar Nevski има и други но, многу за редење :)
 
Последно уредено:

Бааги гранки излегле, па уште и црна, жолта, црвена, бела раса од само двајца луѓе кои што имале два сина, Адам и Ева. :D
Ова е само едно од прашањата кои што на секој здраворазумен христијанин би требало да му се завртат во глава, за другото пак книга може да се напише. Ја знам оваа шема од одамна, ,,интересна" наука е црковната историја.
 
И мене исто. Чудна работа, не?...
Не е чудна бе мики, нит баснословни камати се можни нит враќање на некаков си Исус, то е се манипулација со луѓе и бизнис
 
Потребата од припаѓање во некаква секта ја разбирам кај луѓето како незадоволство од матичната религија нивна, тоа е така најверојатно затоа што луѓето имаат потреба да се потпираат на некое движење и да дознаат и откријат повеке. А зошто имаат потреба од потпора која подоцна станува апсолутизам ? Затоа што не се сигурни во исправноста на себе и своите погледи и ставови. Целта на сите нас ни е апсолутната вистина без разлика поради што сме влегле во овој пат на трагање, Но луѓе не залетувајте чистете го егото, развивајте храброст трпение и љубов и не се врзувајте апсолутистички на никое движење. Тој што тргнал вистински да ја спознае најголемата вистина ке ја спознае патот е трнлив ама највреден научете да се жртвувате и најбитно е да се остане секогаш ученик, секогаш отворен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom