Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Албумот е благо кажано, совршен. Компактна целина која на концертите се доловува уште помоќно и поуникатно. Секоја чест на Каролина и целиот тим кој работел на овој проект. Уште еднаш добивме добитна комбинација.
Сите песни се добри, мене искрено омилена Ти не дојде, иако мислам дека баладата од Весна Бејби ќе се форсира најмногу.
 

:oeoeoe: :oeoeoe: :oeoeoe:



Image1.jpg





 
Песнава премногу ме потсетува на стилпт кој го пее Каролина.


Неколку пати МРТ кога ја пуштале сум помислувал од Каролина ли е или некој друг. Тоа да ти било песна на фолк групата Соната.
 
Мега ѕвездата го прославува роденденот на Менхетен :ojeaa::ojeaa::ojeaa:

menheten.jpg
 
1 мај (среда) во 20.15 часот на првиот канал на Македонската телевизија ќе се емитува премиерно најновиот концерт кој најблескавата македонска ѕвезда Каролина го одржа во Македонска Филхармонија заедно со многубројниот оркестар.

karolfilharmonijamtv4.jpg


Пред два месеци, дивата одржа повторно маратон на концерти, но овојпат отпеа песни во сосема поинакви аранжмани и со поддршка на музичките инструменти на оркестарот.

karolfilharmonijamtv3.jpg


Сите што успеаа да се дел од концертните задоволства може да потврдат дека повторно се работи за врвни музички перформанси какви што само Каролина може да направи. Интересно е што покрај веќе обнародените песни од последните три етно поп албуми, на овие концерти беа изведени нејзини постари поп песни кои сега звучеа спектакуларно во една поинаква интерпретација.

karolfilharmonijamtv2.jpg


Вечерва веднаш по централниот Дневник бидете со Прва и релаксирајте се со прекрасна музика, пред почетокот на работните денови од утре. Каролина, Македонска Филхармонија и Македонската телевизија со празничен подарок за сите сладокусци.
 
И ЊУЈОРК ЗАНЕМЕ ПРЕД НЕЈЗИНИОТ ГЛАС

karolinaismailsomakisumserodila1.jpg


Најголемиот македонски бисер – музичката икона Каролина со нова видео снимка од Њујорк. По маестрално отпеаната “Празно е без оваа љубов”, повторно пијано верзија во друштво на Дуке Бојаџиев, но овојпат ја слушаме емотивната народна песна “Со маки сум се родила”.

karolinaismailsomakisumserodila2.jpg


Спонтаната изведба на песната на Каролина, Дуке и Исмаил Лумановски се случила во омилената музичка продавница на ѕвездата во Њујорк – Klavierhaus NYC. Во моментов, Каролина е на одмор во Мексико заедно со нејзиниот сопруг, а вие, почитувани фанови, во продолжение погледнете го перформансот кој е за чиста десетка :

https://www.facebook.com/dukebmusic/videos/179579686266048/?t=2
 
Некој да не го има снимено концертов од февруари? Го даваа минатиот викенд на МТВ, а гледам и на 1ви мај исто така го имало. На јутуб само тој од 2018 го најдов, плус две песни од последниот.
 
Моето мислење за Каролина е да речам солидна пејачка ,ама неможам да ја слушам некако ладно ми делува шо би рекле на звезде гранда не покажува многу емоција. :)
 
Моето мислење за Каролина е да речам солидна пејачка ,ама неможам да ја слушам некако ладно ми делува шо би рекле на звезде гранда не покажува многу емоција. :)
... ами такви се сите битолски чупи! :D
 
Некој да не го има снимено концертов од февруари? Го даваа минатиот викенд на МТВ, а гледам и на 1ви мај исто така го имало. На јутуб само тој од 2018 го најдов, плус две песни од последниот.
На Јутјуб има само ова
 
Каролина Гочева префинета ѕвезда со накит Rebecca на музичкиот настан A1 World of Music во Скопје

Каролина Гочева заедно со Македонската филхармонија ја распеа публиката на музичкиот настан A1 World of Music, организиран по повод ребрендирањето на телекомуникациската компанија оне.Вип.

„Македонското девојче“ безгрешно ги пееше своите понови хитови, а и ги потсети обожавателите на своето музичко минато со „За нас“.

39-годишната пејачка за стајлингот повторно ѝ се довери на долгогодишната стилистка Цаци Паковска. Широките црни панталони и светлата кошула беа надополнети со впечатлив колан и блескав накит од колекцијата „Skyline“ од италијанскиот бренд Rebecca, кој има продажен салон во ТЦ Рамстор во Скопје.

1569144216953.png
1569144261867.png


извор
 
Каролина во Ресен прави уште една есенска фотосесија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom