МАКЕДОНИЈА:
[SIZE=+5]
КОРЕНИ И АРГУМЕНТИ[/SIZE]
Автор:
[SIZE=+1]Јордан Јорданов[/SIZE]
Македонија: корени и аргументи е избор на покарактеристични сознанија, размиси и забелешки за македонското прашање.
Потпирајќи се на богатството на историски, културолошки, политиколошки и други расположиви студии, авторот настојува да го сврти вниманието на јавноста кон информации и сознанија од литературата кои досега не биле доволно во фокусот на вниманието на јавнбоста, како да навлезе подлабоко во анализата на нивната меѓусебна поврзаност.
Трудот претставува хронологија на аргументи базирани на собитијата од историјата на Македонија и Македонците поврзани си актуелните настани и прашања на самобитноста на Македонецот, односно со негирањето на непризнавањето на историското име на државата. Презентираните наоди се тмелат на анализите за корените на актуелните настани, особено од аспект на заинтересираноста на соседите за територијата на која опстојувале Македонците.
Анализите укажуваат на причините за современите најнепосакувани собитија, што се врзани со интересите на големите сили на Балканскиот Полуостров, со нагласок на централниот дел на излезот на Егејското Море, проследени во времето на `Болесникот на Босфорот`, пред Балканските војни и нивниот тек во пероодот на Првата светска војна - до распарчувањето на Македонија, во текот на Втората Светска војна, како и при прогласувањето на државата на Македонците на Балканот. На оваа верига се надоврзуваат и настаните од современата историја - по прогласувањетои на независноста и признавањето на Р. Македонија, се до актуелните приеми во НАТО и Европската Унија.
Како посебни прилози, во трудот се поместени ЛИЧНОСТИ - преглед на сите споменати личности во трудот со куси изводи и цитати, како и дипломатскиот ДАТА - МАР - преглед на признавањето на Р. Македонија од други држави (сто и дваесет), воспоставувањето на дипломатски односи, како и членство во меѓународните организации.
Со овој труд авторот дава специфичен придонес во аргументацијата за правото на нашата држава да го носи своето историско и природно име Република Македонија.
Од издавачката дејност на Литературното друштво „Григор Прличев“:
ВО СИДНЕЈ ПРОМОВИРАНА КНИГАТА
„ПРИЗНАВАЊЕ И НЕГИРАЊЕ“
(Recognition and Denial)
ОД ВИКТОР ГАБЕР
Минатата сабота, 15-ти ноември, во просториите на македонскиот културен центар „Илинден“ во Рогдал (Сиднеј), во присуство на стотина посетители, се промовира најновата книга на Виктор Габер, „Признавање и негирање“. Промоцијата ја организира Литературното друштво „Григор Прличев“ во соработка со Македонскиот телефонски именик.
Промоторот на книгата, Новица Ангеловски, адвокат и претседател на Фондацијата за македонски студии во Универзитетот Маквари во Сиднеј, ја потенцира важноста на издавањето на ова дело во момент кога Грција го негира постоењето на Македонците во поробениот дел на Македонија. Тој нагласи дека авторот со обемни факти укажува дека после Првата светска војна Грција била обврзана спрема договорите да ја признае македонската националност, но праксата покажала дека таа преминала кон уништување на Македонците на поробената територија.
Книгата „Признавање и негирање“ е објавена во Македонија во 1986 година како правно-политичка студија, магистерска дизертација на Виктор Габер. Но истата сега е проширена со нови документи и преведена на англиски јазик за да биде достапна на пошироката јавност. Инаку Габер е автор на повеќе научни трудови меѓу кои и на книгите „За македонската дипломатија“ и „Премрежјата на македонскиот интелектуалец“. Виктор Габер е првиот амбасадор на Република Македонија во Австралија, а се наоѓа на оваа должност за последните четири години.
За разубавување на вечерта, со неколку соло интерпретации настапи македонскиот славеј, вокалистот Тина Јовковска.
Предговорот на книгата „Признавање и негирање“ е напишан од Професорот Др Петар Хил од Австралискиот национален универзитет. Инаку книгата на англиски беше преведена од Калинка Сентич Габер, а финансиите за тоа ги обезбеди Австралиско македонскиот неделник и Љупчо Станковски. Печатењето на истата беше помогнато од Коста Георгиевски од Georgievski Bros P/L од Сиднеј, техничката изработка беше изведена од Јове Стојановски од Macedonian Telephone Directory, а печатењето изведено од Mac Print & Graphics од Сиднеј.