Скарани градови: Прилеп против Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата Arch Enemy
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тебе воопшто треба да не ти обрнувам внимание.Почна за градска традиција и ти кажзав дека Прилеп има постара од Битола која едвај ги чекала Турците за да достигне развој(растојание од минимум 400 год.).Спомна дека во Прилеп нема убави девојки а дали го проследи последнио избор на ЕКСКЛУЗИВ за МИС во кој во првите 3 имаше 2 прилепчанки.Рече дека во Прилеп немало паметни и интелегентни луѓе а најголемата интелегенција е излезена од ПП.На Пр.Блаже Конески(татко на современиов Македонски литературен јазик), Круме Кепески(автор на првата Македонска граматика), спомна за храброст!!!Ако ПП не родил храбри луќе кој град родил????Тука е Крали Марко најопеанио јунак на балканов воопшто,Во илинденскио период:Пере Тошев и Ѓорче Петров(едни од главните дејци на Македонското револуционерно движење) како и големиот број на војводи...во НОБ тука се Методија Андонов Ченто(првиот претседател),Кузман Јосифоски Питу(вториот Гоце Делчев),Методија Шаторов Шарло(шовекот кој прв јасно го постави прашањето за Македонскиот народ и јазик) и ред други немам време..........За прилепската тврдина утврдено е од неПрилепчани дека е во најголемите на балканов а ти ми кажуваш за Битолска која уште не е откриена и се се сведува на претпоставки...СЕ НА СЕ, ТИ СИ НАЈТЕШКИО СЛУЧАЈ НА ФОРУМОВ....

Во 1000 години наброја 10 познати од кои пола не се знаи дали се од Прилеп.

ПС
Блаже Конески не го измисли Македонскиот Јазик. Тоа е став на Бакојани.
Дека сме измислена нација со измислен јазик тоа е став на неприателите на Македонија, али ти си од Прилеп, веќе еднаш пребегавте на Турска страна па не е ни чудо сега што бегате на Грчка.
Прилеп беше населба. Во неа од инфаркт умре Самоил што е доказ дека е нездраво место за живеење. Прилеп се предал без борба на Турците и им ги отвори ширум портите (веројатно и масовно се потурчиле) додека Битола храбро се држела против Турска опсада и се бранила до крај жестоко од здружените Турско Прилепски напади.

Сакав полека и одоколу да ти објаснам факти за Прилеп и Битола али како на жаба која цел век го помина во својата бара да и објасниш величественоста и убавината на Тихиот Океан.
 
Let 3 - интересна ти е теоријата дека омразата помеѓу двата града постои поради тоа предавство во турско (незнам дали е точно)
Може ли да ни кажеш нешто повеќе но без заебанции. Колку е тоа точно и дали е можно тоа ривалство да биде од тој период?
 
Тоа е позната историја и за неа има записи. Се знае дека Прилепскиот крали Марко ја признал власта на Турција и станал нивен вазал и дека прилепчани како вазали учествувале во турската војска во борба против ристијанските војски. Во склоп на офанзивата на турците на балканот на пелагонија нападнал румелијскиот бегелер бег Тимуртар паша. Тоа се случило (по записите на Ашик паша Заде) некаде во период декември 1385 - јануар 1396. Битлиси вака пишува “...реши да ги нападне градовите Манастир и Прилеп и нивните подрачја во Румелија.... најпрвин се спуштил до градот Прилеп и со војската ги опседнал градските зидини. Посадата на споменатиот град поднесе разумни услови побара мир и заштита и ги предаде градот и тврдината. Оттаму Тимурташ со голема војска тргна на градот Манастир овој град го опколил. Некое време поминал под градот но воопшто не му успеало да го завземе. Тимурташ секој ден им префрлал и приговарал на борците поради одложување и одовлекување во освојување на овој град додека конечно со хголемо залагање и победеносен труд не падна во мухамедански раце..... Кога тврдината и градот Манастир кој беше привлечен и убав шехер во овој дел од Румелија а во неговата околина полна со разновидни богатства дошла во кругот на исламот..... на исламските борци им попадна огромен плен.

Хоџа Садудин хроничар вели дека Прилеп се предал без борба а за Битола тимурташ водел жестоки битки

Хоџа Хусеин Прилеп бил освоен по мирен пат а Битола по пат на сила

Јеби га не издржале прилепчани. Се исплашиле само што ги виделе Турците. Им испаднале копјата и мечовите од рацете а нозете им се отсекле во напад на паника.
На нервна база го изгубиле Прилеп.
 
И сеа шо? Ова шо го постира треба да ме натера да мислам дека Прилеп е позаостанат град од Битола? Или дека Прилеп, според тебе, е дрмосерски град? Објасни мoлимте

БДЊ -ти се чудам на умо :tapp:
 
Во 1000 години наброја 10 познати од кои пола не се знаи дали се од Прилеп.

ПС
Блаже Конески не го измисли Македонскиот Јазик. Тоа е став на Бакојани.
Дека сме измислена нација со измислен јазик тоа е став на неприателите на Македонија, али ти си од Прилеп, веќе еднаш пребегавте на Турска страна па не е ни чудо сега што бегате на Грчка.
Прилеп беше населба. Во неа од инфаркт умре Самоил што е доказ дека е нездраво место за живеење. Прилеп се предал без борба на Турците и им ги отвори ширум портите (веројатно и масовно се потурчиле) додека Битола храбро се држела против Турска опсада и се бранила до крај жестоко од здружените Турско Прилепски напади.

Сакав полека и одоколу да ти објаснам факти за Прилеп и Битола али како на жаба која цел век го помина во својата бара да и објасниш величественоста и убавината на Тихиот Океан.

Простичок!!!!Блаже Конески е заслужен за Македонскио литературен јазик а не за Македонскио и дека тој го измислил.Само заостанат како тебе не можи да напрај разлика и не бира сретства да дојди до целта и на крајо пајџа в дупка.Во 1371 година кралот Волкашин ја повел својата војска тоа е битката на реката Марица во која македонската војска претрпела тежок пораз!!!Најголемиот дел од војската била од Прилеп и Прилепско докажано и не спорно.Значи Прилепчани отѕсекогаш биле јунаци и секогаш ја бранеле својата земја.Со ова уѕште еднаш те демантирам.А Битола за жал повторно никаде ја нема.поздрав од секогаш ХЕРОЈСКИ Прилеп до Хомо Битола!!!

Уствари како да има бројна војска од една селска средновековна населба како Битола!!!Ти стопосто си потомок на протеран прилепски кодош и клето турче на кое и тоа како си горд!!!

Самоил после поразот на неговата војска дошол во една од неговите подвижни престолнини.Тоа е Прилеп кој бил град со сите нишани за разлика од Битола.Трета тврдина по големина на балкано.Ова е факт!!!
 
Не вреди да се објаснува.
Ајде веќе кога сме кај историјата:
Крале Марко, Ѓорче Петров, Марко Цепенков, Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу, Мирче Ацев, Методија Шаторов - Шарло, Пере Тошев, Блаже Конески ... СЕТО ТОА ПРИЛЕПЧАНИ
и ред други кои се заслужни за опстојувањето на Македонската нација и култура

Просветлиме со битолски револуционери и дејци на македонската култура, момче
 
Блаже Конески србомано :kesa:
 
Филип ја основал Битола,Ѓорѓи Сугарев,Јован Манастирли,Лозанчев,Стив Наумов,Мирка Гинова,Тодор Ангелески,Даме Груев,...

Блаже Конески србомано :kesa:
како дојде до оваа епохално откритие.браво исто како колумбо си:tapp:

омразата не е ништо друго туку кога тргнел мајмунот од Прилеп за Битола кога стигнал кај петлето станал ЧОВЕК тоа е патот на еволуцијата затоа прилепчани се нервозни:pos2::pos2::pos2::pos2:
 
И сеа шо? Ова шо го постира треба да ме натера да мислам дека Прилеп е позаостанат град од Битола?

Не бе скраја да е!
Не треба да мислиш дека прилеп е позаостанат пошто прилеп е навистина позаостанат од Битола.
 
Не бе скраја да е!
Не треба да мислиш дека прилеп е позаостанат пошто прилеп е навистина позаостанат од Битола.

Муабетов можи да оди до бескрај, ние едно-ти сосема друго.Тврдоглавоста е особина кај луѓето кои не сакаат или пак неможат да се помират со нешто за кое има факти и е`доследно објаснето.
Еве ќе ти кажам нешто;
Пред 3 години, кога во етерот ја имавме битолската ТВ Орбис, беа праени 2-3 документарци за Прилеп (и тоа во продолженија) за тоа колку се има вложено во градот последните 5 год, колку се има направено, колку е РАЗУБАВЕН Прилеп..., значи повторувам, на битолска тв, во 2-3 продолженија.Дури и репортерот на тие прилози ЈАВНО го обвини вашиот градоначалник за стореното на вашиот град и призна дека Битола е дааалеку зад Прилеп овај период (5 год)
 
Битолчани сме гревлии луѓе и џентлемени, секако дека на грд ќе му речиш (утешиш) дека е на некој начин симпатичен, на глуп дека не е баш толку заостанат на несреќник дека не е се така црно...

А велиш Прилеп гледа Битолски телевизии??
Како оние кутрите од Конго шо пратат Беверли хилс на сателит и воздивнуваат о копнеж по такви убавини
 
А велиш Прилеп гледа Битолски телевизии??
Како оние кутрите од Конго шо пратат Беверли хилс на сателит и воздивнуваат о копнеж по такви убавини

хахаххаааххахахахахахахаахаххаахлсахахахаххасдхахахаах !! !
 
Битолчани сме гревлии луѓе и џентлемени, секако дека на грд ќе му речиш (утешиш) дека е на некој начин симпатичен, на глуп дека не е баш толку заостанат на несреќник дека не е се така црно...

А велиш Прилеп гледа Битолски телевизии??

Како оние кутрите од Конго шо пратат Беверли хилс на сателит и воздивнуваат о копнеж по такви убавини

Да, ама гледаШЕ.Подобро би рекол Прилеп си гледаше сеир како сопствените граѓани(битолчани) го кудеа градоначалникот за стореното на својот град.Нели е тоа најубаво нешто што човек може да го доживее.И да, радо ја гледав секоја емисија.Впрочем би рекол, Орбис правеа прилози повеќе отколку за твојот град-што е и логично, град без случувања и настани, како може да биде вметнат во програма.
Додека во бИТОЛА владее рецесија, во Прилеп се гради, пријателе-НЕПРЕСТАНО :)
 
Просто не можам да се изначудам каква грда смисла за хумор е битолскава.Уствари тоа е наследено од конзулите да се смеат од култура.Еве и од мене ХАХАХАХАХА до непрошетанио господин кој си купувал коли од БТ и се шо му треба!
 
И да, радо ја гледав секоја емисија.Впрочем би рекол, Орбис правеа прилози повеќе отколку за твојот град-што е и логично, град без случувања и настани, како може да биде вметнат во програма.
Додека во бИТОЛА владее рецесија, во Прилеп се гради, пријателе-НЕПРЕСТАНО :)

Aман бе Орбис те воодушеви.
Па то е треторазредна локална телевизја а кај вас главен настан на денот, се берите цели маали кај комшијата шо има телевизија и струја дома и без здив гледате Орбис? Па јас орбис го немам ниту меморирано во ТВ-то.

А замисли некој да дојси грамофон во Прилеп. Па најјаките Прилепчани ќе ви ги фати (со шише оранжада и шеќерна волна на стапче плус)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom