Брокман: Состојбата на нашиот свет е срамна!
Со традиционална минута молчење - за размислување или за молитва, во Њујорк прексиноќа беше отворено 63. годишно заседание на Генералното собрание на ОН. По предлог на земјите од Латинска Америка и Карибскиот басен, за нов претседател беше избран поранешниот министер за надворешни работи на Никарагва, 75-годишниот католички свештеник Мигел ддЕското Брокман, кој на оваа функција го наследи претставникот на Република Македонија, д-р Срѓан Керим. Во своето обраќање Брокман упати остри критики за доминацијата на Западот и повика на преговори на високо ниво со цел ставање крај на таа доминација. "Состојбата на нашиот свет денеска е тажна, со ништо неоправдана, и поради тоа и срамна", истакна Брокман, истакнувајќи дека "сите ние без исклучок, носиме одговорност за таа ситуација", пренесе МИА.
Брокман изјави дека Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во суштина се контролирани од САД и Европа и се користени како инструмент за доминација. "ОН треба да биде демократизирана, повика тој, критикувајќи го правото на вето на петте постојани членки на Советот за безбедност на светската организација. Претседателот на годишната сесија на Генералното собрание на ОН го осуди ембаргото на САД против Куба. Тој ги оцени дејствијата на Грузија во Јужна Осетија како агресија. За време на средбата се предвидува да бидат разгледани над 160 теми, а повеќе од 120 шефови на држави и премиери ќе учествуваат во дискусиите. Генералното собрание е главниот советодавен орган на ОН. Тоа се состои од претставници на сите држави, кои членуваат во организацијата. На првото заседание во 1946 година биле 51 држава, а денес тие се 192. Генералното собрание работи интензивно од септември до декември, а потоа се собира само ако е неопходно.
Bravo za pretstavnikot od Nikaragva
:tv::tv: