Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Оваа “офанзива“ на Талбианците е се само не војна, се шетаат како на ексурзија. Тоа е само показател колку непопуларен и квислиншки бил режимот овие 20 години. Да стварно верувале авганситанците во својата влада, ќе имаше борби за секое село и град, крвави битки, вака речиси без отпор се освојуваат милионски градови.
Од старт беше непобедлива војна, да воено ќе победиш, ама после треба да создадеш држава со која ќе се иденфитукуваат луѓето и ќе бидат лојални.
За племенско општство од среден век како што е Авганистан, очигледно најмногу им одговара талибанската власт, шеријат и слични срања, нека го запамтат ова тие што деновиве се радуваат на враќањето на талибанците и на поразот на САД, да се сетат кои беа талибанците и што се нивните вредности.
Како и да е еден од добрите потези на Трамп беше мириовниот договор со Талибанците и повлекувањто на трупите кое го продолжи и заврши Бајден. Тоа што малцинство неоконзерви и либерални воени хушкачи врескаат за нова интервенција нема да ја смени перцепцијата на мнозинството американци дека доста им беше веќе вакви авантури.
Кога се повлекуваа Американците од Ирак бтв, истово се случи. Власта инсталирана од Американците се распадна за кратко, а ИСИС почна да се шири како пандемија. Ако работиве имаат сличен тек, сега е доста добро време за браќата да почнат да бараат работа како фриленсери.
Можеби ќе ги земе владата да загушуваат протести во иднина, ќе си напраи нејзина лична гарда.Ќе треба и ние да се подготвиме за нивната рехабилитација и вработување по државните и јавните институции, бидејќи во 21-от век тоа е единствениот начин да блескаме како европска цивилизација.
Не е лоша идеја и Афганистан да влезе во мини шенген.Ќе треба и ние да се подготвиме за нивната рехабилитација и вработување по државните и јавните институции, бидејќи во 21-от век тоа е единствениот начин да блескаме како европска цивилизација.
Па и не е баш насилно, штом никој не им се спротиставува, нема насилије.ЕУ, изгубени во време и простор како и секогаш, им се закани на Талибанците дека ќе бидат меѓународно изолирани ако насилно ја превземат власта.
Афганистан ги кошташе америте околу 200 милијарди годишно, 1/3 од буџетот на Пентагон. Шо мислите на каде ќе ги пренасочат сеа тие средства?
Талибанците беа пред 2 недели во Кина (во истиот град и во исто време Кинезите пречекаа американска делегација) каде што се договараа да влезат со Појас и Пат