Фан Клуб: ПСЖ

  • Креатор на темата Креатор на темата centarec
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја чест , браво се знаеш -.- ... По инат човек нема ... Значи на повеќе страни има пишувано , повеќе пати го бараа , се додека не потпиша за ПСЖ имаше интерес од Челзи .. И не ми е јасно само што сакаш да кажеш и докажеш ?
Како јас станав цел на муабет?
ЕДЕН ТОН СТРАНИ, не само повеќе страни, имаа пишувано за тоа, и сите како извор го имаа едниот и единствен - Зампарини!

Шо сакам да ти докажам? Тебе ништо. Дека се шо лета не се јади ќе сфатиш понатаму, то не на секого можи со збор да му се објасни.
--- надополнето: Aug 2, 2011 10:43 PM ---
Да де Челзи не е заинтересиран за никој ако не успее да го донесе.
Коентрао и Фалкао? Не јади гомна бре, помирисај прво наоколу.

Челзи е заинтересиран за многумина, ама Челзи апсолутно нееднакво ги цени сите тие. Пасторе е подолу на листата, јасно ко ден, втор ешалон шо би се рекло во автократски жаргон. Прв беше Коентрао, Челзи гадно извиси. Дали ова се вклопува во твојава ретардирана „забелешка“? Многу слично можи да заврши и случајот со Модрич.

Стварно не разбирам шо не ви е јасно.
--- надополнето: Aug 2, 2011 11:07 PM ---
Заклучивте од статија на GOAL.COM дека Челзи бил заинтересиран за Пасторе ? Браво !! :tapp::tapp:
Не е гол извор никаков, изворот е еден и единствен, тоа е Зампарини. Да, истиот кој го финализира неговиот трансфер во Барселона за 80 милиони евра, а после тоа жестоко се бореше да ги наваса во одговори откако случајно од некаде се вклучи и Реал Мадрид во наддавањето кое очигледно тргнало со стартна цена 80 милиони евра.
 
Можеби Челзи бил заинтресиран за трансфер на Пасторе (мислеле дека би им бил корисен), но сигурен сум дека Челзи не бил заинтресиран за 43 милионскиот Пасторе. Ако му беше сумата 20 милиони, можеби ќе завршеше на Стемфорд, вака не верувам дека Челзи испратил понуда. Заинтресиран е едно, конкретен друга работа.
 
Официјално Пасторе во ПСЖ, ќе го носи дресот со број 27. Презентацијата ќе биде во понеделник.

За саат време играме со Лориент, би требало да биде лесна победа со 3-4 гола и тоа на чело со бившиот им напаѓач Гамеиро. Лориент се ослабени сезонава, покрај Гамеиро кој им беше најдобар стрелец лани во Марсеј им отидоа и Амалфитано кој им беше најдобар асистент и левиот бек Морел, така да би требало да биде лесна победа.:D
 
Ги гледав по што ги чекав на ливче,немаа скоро ич шанси само кружеа околу 16 метри без никаква идеја! Тој па тренерот го вади Менез кој им беше еден од најдобрите на теренот,со ваква игра слабо до титула иако е се уште рано да се прогнозира!
 
Студен туш... :tapp:

Ова ко за памет за друг пат дека однапред не се победуваат утакмици туку треба на терен да се изигра. Грешка на Шантом и Тиене за голот не затворија не ни маркираа и само си ја брцна у гол типот. Менез слабо изигра, исто и Матуиди и Шантом. Али сепак има надеж ова е прва утакмица и пола тим се нови не се ни уиграни.
 
хахах какво изненадување никој не очекуваше пораз а особено не нивните фановите коефициентот за пораз на ПСЖ беше околу 7,30 :eek:
--- надополнето: Aug 6, 2011 9:25 PM ---
еве ви линк за да го видите голот

http://rutube.ru/tracks/4700459.html?v=3d343e4f7c12ede3b83a0bc982496d77
 
големо изненадување е ова.
Веројатно ќе им треба време да се воиграат.
 
Кај ги пишав и јас ...Читав по статии титули ќе освојвале ама ајде прво колку сите кикснуваат од почеток јбг !
 
Со ваков почеток, огромни се шансите за титулата.
Не се шегувам, озбилен сум. Подобро на почетокот да кикснат еднаш, двапати, па уште од сега да си ја научат лекцијата и да си ја фатат работата озбилно, отколку сега да победат и да летнат високо, па да почнат да губат во средината или во крајот на сезоната.

Дури ќе речам и нормално е ова. Нов тим градат, нови играчи, сеуште невоиграни, па и не играа сите, Пасторе сеуште не игра. Има време, само не ги отпишувајте уште сега од битката за титулата. Се може да се случува до крајот, посебно во Франција, во последното коло, петтиот на табелата може да избие прв и да стане шампион, првиот на табелата може ни во ЛШ да не игра, а 15от да испадне од лигата. :)
 
У 7 саат игрме со Рен у гости. Тешка утакмица ама мора да се оди на победа ако сакаме титула.
Пасторе нема да игра затоа што уште не е спремен и се очекува дури од септември да заигра. Сисоко, Арманд и вториот голма Душе се повредени.

Се очекува истиот состав од минатата утакмица против Лориен.
Sirigu; Jallet, Bisevac, Sakho (c), Tiéné; Ménez, Chantôme, Matuidi, Nene; Gameiro, Hoarau
 
Следниов натпревар против Валенсиенс е шанса да се забележи првата победа , да влезе тимот во форма , да се крене играта и самодовербата ... Нешто гледам денешниот натпревар од Лига Европа е одложен , не знам причи зошто и како ...
 
И вечер ако не ги добијат оние аматерите од Луксембург не пратам поќе фудбал значи !!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom