Продавам - Купувам

  • Креатор на темата Креатор на темата [acko]®
  • Време на започнување Време на започнување
И јас се согласувам со @RickyFC9, најбитно да ги изчиваш додека малку не пораснат за да можат да се грижат сами за себе. Разговарај со своите родители, вети им дека ќе ги пуштиш сами кога малце ќе пораснат.
 
Ако може некој од Штип нека ги земе, мачињата се спроти Ларчер во тревата. Секако се слуша како мјаукаат
 
Де бре, да му се сневиди! Јас кога сум носела животинки по дома, куќата во воздух сум ја дигала ако се бунат. Дај малку покажете заби, за живот се работи!
Aј те молам ако не знаеш што се случува и случуваше (а незнаеш) кај мене дома и што како е не коментирај, ок?
 
Најдов три фрлени мачиња, премногу се мали, доколку ги земам дали можам да се грижам за нив и како? Доколку има некој што има чувано или знае, ВЕ МОЛАМ најбрзо што можете објаснете ми детално што треба да се купува како треба да се чуваат колкави ќе бидат трошоците и тн и тн.
Или пак доколку има некој од Штип што сака да вдоми нека ми пише пп..
Јас имам исчувано десетици мачиња од улица, фрлени во контејнер.
Треба многу грижа за нив.
Треба да купиш 1-2 мали шприца, млеко во прав за бебиња и обично тетрапак млеко.
Ке им правиш раствор со млака вода, млеко во прав и малку тетрапак млеко, пишува како се прави на кутијата од млекото во прав и ке им даваш по 1-2 шприца на секој 3-4 саата. Ке видиш колку можат да испијат и ке им одредиш мерка.
Ке ти треба една кутија, стари блузи за да спијат на нив и ОБАВЕЗНО шише жешка вода завиткано во партал за да ги топли. Цело време треба да им биде топло.
Друго исто така многу битно е после секое хранење со влажно крпче, парталче натопено во млака вода нежно да им ги триеш гениталиите и газето. Тоа ги стимулира за да какаат и мочкаат. Колку и да звучи гадно, не е. Мене во рацете ми се мочкале и какале, ама мора ако сакаш да не им се збира изметот во стомакот и можат да умрат.После секое јадење триј ги ако треба 5-6 минути и ке почнат да мочкаат и да какаат. Гледај да не забораваш, не е гадно. :)

И друга работа и да умрат не го сваќај тоа лично, не сме криви ние. Едноставно не можеме против природата.
Чувај ги со љубов и ке бидат во ред. :love:
Се што треба пиши ми во порака.[DOUBLEPOST=1397486071][/DOUBLEPOST]
Де бре, да му се сневиди! Јас кога сум носела животинки по дома, куќата во воздух сум ја дигала ако се бунат. Дај малку покажете заби, за живот се работи!
Точно!!!!
 
Aј те молам ако не знаеш што се случува и случуваше (а незнаеш) кај мене дома и што како е не коментирај, ок?
Дечко, мачиња од 150 грама нема на никому да наштетат. Да бев од Штип ќе ги земев. Ако некој е дома алергичен или слична ствар тогаш е одобрено, но се друго не. Ако ти е страв од „болести“ однеси ги набрзина на ветеринар. Ти си се погодил да ги најдеш, причувај ги. Пред некоја година истото и кај мене се деси, али го чував мачето. Греота е, ипак се животинчиња.
 
Половина од денот не сум дома, кој ќе ги чува тогаш? Си размислил за тоа?
 
хмм, прашање .. преферирам за Скопје ама јбга, ако треба и ќе се шетне до друг град... ИГУАНА.. зелена или црвена.. бебе/младенче .. каде може да се купи/нарача ???? И да, знам дека си се скапички и дека си се поприлично зезнати за чување и знаат да гризат/гребат.. баш ради тоа и сакам да земам :)))
 
Имам мачор персиски(кастриран) стар 7год. Го чувам од 2 месеца. Живеам во стан, а бидејќи е салонска мачка никогаш не е изведуван надвор да шета, ниту пак истото го сака. Еден од членовите во фамилијата нејќе повеќе да го чуваме (од х причини) и барам друг кој ќе го вдоми. ДАЛИ и КОЛКУ ќе влијае промената на околината на мачето?
Доколку има некој вакво или слично искуство го молам да сподели.
 
@RickyLFC9

Да те упатам кај вистинската личност која ќе ти излези во пресрет..господарот на мачките кој му пее песни од Бобан Рајович за време на галење :D
 
Естрадна душа чим од Рајович му пее, иначе ако мислиш дека ќе ме упати на добар пат, дај ми било каков контакт тука или во порака :)
 
Ако му пее од Бобан Рајович е тогаш мачката е осудена на смрт
 
First things first, естрадна душа сум, али не сум некој експерт.

Како и да е, имај на ум дека мачките, за разлика од кучињата кои се приврзуваат за луѓе, овие повеќе се приврзуваат за простор. Ако 2 месеци е само кај тебе, не би имал некои потешкотии у привикнување, 2 месеци од 7 години... не би требало да имаш гајле.

Али пак, не сум експерт за мачки, две само сум чувал иако 6 се породиле кај мене :D Сигурен сум дека може и некој друг да ти даде посигурни информации :)
 
Да да во право си, плус сега реновиравме низ дома скоро цел стан, така да еден ден што беше досаден бидејќи е сменето и после толку.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom