Фан клуб - РК Металург

Наместија некоја утакмица во ЕЛ и се наполнаја малце така функционираат а и овој ликов појма немаше не дека некој би се нафатил на работа во Металург ама пак доведоа некој играчи можеа бар и тренер саглам да најдет
 
Бране изгледа ќе биде нов тренер на Металург. Исто се најавува средување со финансиите.

Тимот од Автокоманда сезонава смени два тренери, па веруваат ако е ова „трета среќа“ тогаш сините би требало да тргнат во нов предизвик. Од Металург најавуваат и конечно завршување на сите проблеми со финансиите, па и клубот да почне да функционира нормално. Тоа значи дека и некои од сегашните играчи кои се костур на тимот би останале и за следната година.
 
Колку време они најавуваат средување на финансиите ? Дали е нормален Минчо ?
 
Бране изгледа ќе биде нов тренер на Металург. Исто се најавува средување со финансиите.

Тимот од Автокоманда сезонава смени два тренери, па веруваат ако е ова „трета среќа“ тогаш сините би требало да тргнат во нов предизвик. Од Металург најавуваат и конечно завршување на сите проблеми со финансиите, па и клубот да почне да функционира нормално. Тоа значи дека и некои од сегашните играчи кои се костур на тимот би останале и за следната година.

Интересен избор. Очигледно е дека со поставувањето на Кире за селектор, нови ветришта почнуваат да дуваат во целиот македонски ракомет.

Ќе видиме што значи ова за Металург. Прво треба да се одлучат каде се меѓу реалноста и амбициите.

Финансиски, со години ветуваат и сеуште има проблеми, но ако добро читам меѓу редови, тоа што всушност го чекаат е конечно да расчистат со сите долгови од тужбите од пред 5-6 години (ако не грешам секоја година по нешто расчистуваат од ова и би требало да се при крај).
 
Па не знам како се при крај. Бивши играчи во секое интервју зборат дека уште се должат пари. Ете и Миркуловски во едно скоро рече дека не се покриени долговите.
 
Металург пак изгуби денес, од Охрид. Прашање на која позиција ќе завршат оваа сезона.
 
Не ни очекував некој друг исход уште со Струга ко изиграа нерешено се виде дека не ги биват, едноставно се бедни без никаков мотив и желба за игра Охрид е солиден тим
 
Солидни се Охрид. Ама Металруг изгубија од Пролет, Охрид и нерешено играа со Струга досега. Ќе го попијат од Вардар и Пелистер, и може пак ќе изгубат од некои од овие пак. Ништо чудно и Бутел да ги плесне. Катастрофална сезона ќе биде ова за нив.
 
Стварно не ми е јасно што прави Металург. А богами не ми е јасно ни што му се желбите на Хорват.

Металург е на добар пат да не игра во Европа идната година. Македонската лига не е толку отепана како што ја правиме дека е (особено не од идната година кога од старт ќе се вратат Вардар и Пелистер), ама сепак ми е малку чудно како 37 годишен хрватски репрезентативец, легенда на Загреб се вклопува во неа. Не дека Хорват е лош играч, далеку од тоа, но не ми е јасно како се вклопува во концептот на градење на тим.

Наместо да потпишуваат разно разни странци, треба Металург да излезе и да каже што се плановите за во иднина. Тоа што беше квалитетно македонско кај нив, полека полека си замина или е во тек на заминување. Талентите се повеќе ги прескокнуваат како избор за следен клуб. Во ситуација кога сериозни се рестрикциите на странци во лигата, клубот практично веќе е на раб да ги загуби своите темели.

Треба да кажат и до каде се со долговите. Демек беа блиску, па потоа излезе дека Кастратовиќ се откажа заради неисплатени плати.... И не само исплаќаме блиску сме... Треба црно на бело, мора повеќе транспарентност ако сакаат пак да бидат посериозен клуб.
 
Serafimov igra odlicno, najdobar strelec protiv Vardar, najdobar igrac e na Metalurg ovaa sezona. (y)
 
Serafimov igra odlicno, najdobar strelec protiv Vardar, najdobar igrac e na Metalurg ovaa sezona. (y)
Ок е, ама нема никаков физички напредок, цела игра во напад му се базира на влез во 7 метри, неговото можеби најсилно оружје шут од 9 метри, не иди до израз ради шо нема снага ни најмал контакт да издржи во скок од 9 метри, мора сериозно со салам нутриционост да се заозбили и да набилда маса, шо поскоро го реши тој проблем то побрзо ќе го крени нивото на неговата игра и во напад и во одбрана, исто и помалку ќе е подлежен на повреди.
 
Не ми делува мене дека он има физички предиспозиции за да биде врвен играч.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom