Еве што мисли Омејер (најдобриот голман) за денешниот натпревар читајте:
ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ГОЛМАНИ НА ДЕНЕШНИЦАТА ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ КИЛ В ЧЕТВРТОК ВО "БОРИС ТРAЈКОВСКИ"
Омејер: Нема да биде лесно со Металург
ЧЕТВРТОК, 13.11.2008
МЕТАЛУРГ - КИЛ 18:00
Скопје, сала: Борис Трајковски"
Судии: Милан Сивак и Петер Дворски од Словачка
Делегат: Оле Кристијансен од Данска
Практично е невозможно ракометна екипа да направи забележителен успех, да парира на најдобрите доколу на голот нема вонсериски чувар на мрежата. Безмалку секој поголем успех, секој добар натпревар се темели на начинот на кој голманот си ја завршил својата работа. Разликата која ја прават голманите е пресудна, тие се основата на контранападот, конструктори на моментите кои прават пресврт на натпреварот. Речиси сите освојувачи на медали во своите редови имале ѕвезди на голот. Русија со Андреј Лавров, Шведска со Свенсон и Генцел владееја цела деценија во светскиот ракомет. Шпанија со Баруфет, кој можевме минатата недела да го гледаме во живо во Скопје, па на сцената стапија Периќ, Шола, Фриц, Пуљезевиќ итн.
Во моментов светската сцена се врти околу три голмани. Данецот Каспер Хвид од Барселона кој исто така минатиот викенд беше во Скопје, по тоа Арпад Штербик од Сиудад Реал, кој чека дозвола да заигра за Шпанија и голманот за кого многумина без размислување ќе кажат дека е број еден - Французинот Тјери Омејер.
Во просек, за солиден меч се сметаат десет-дванаесет чисти интервенции на натпревар, петнаесетина веќе е многу добро остварување, с$ што е над тоа влегува во класата на решавачки. Омејер тој просек го има подигнато над вообичаената граница, практично на секој натпревар има над 17 одбрани, играч без кого Кил немаше ни теоретска шанса да стигне до две финалиња во ЛШ, а Франција до златото на Олимписките игри.
Омејер минатата недела наполни 22 години, а во Кил притигна во 2006 година од францускиот Монпеље, заедно со Никола Карабатиќ, како едно од најскапите засилувања во дотогашната клупска историја, вклучително и во цела Европа.
Инвестицијата се исплатеше уште истата сезона, Кил стигна до шампионскиот пехар во Лигата на шампионите, единствениот трофеј кој му недостасуваше и кого со години го сонуваше армијата фанови на најпопуларниот германски клуб.
Наредната сезона го повтори својот просек, годинава го прави истото. Беше клучен за безмалку за сите победи на Кил, вклучително со натпреварот кој го добија со Барселона. Минатото коло на дерби мечот на кој Кил со 10 разлика го доби Лемго, Омејер имаше 17 одбрани до моментот кога (на 5 мин до крајот) му го препушти местото на новакот Лусау.
Против Металург, на првиот натпревар, имаше 21 одбрана. Омејер сега ќе го предводи Кил и на натпреварот во "Борис Трајковски" в четврток. Тоа ќе биде негова премиера пред македонската публика, досега нема дојдено во нашата земја.
"Да, за мене ова е прво гостување во Македонија. Знам само дека кај вас има одлична атмосфера на ракометните натпревари. Не е целосна енигма македонскиот ракомет, знам дека имате неколку одлични играчи. Го знам Кирил Лазаров, пред тоа Манасков", изјави Омејер.
- Кил беше убедлив на првиот меч со Металург, каков меч се очекува в четврток?
"Сакаме да победуваме, сакаме да победиме и во Скопје и се подготвуваме за многу поинаков натпревар отколку тој што го игравме на домашен терен. Знаеме дека во Скопје ќе играме пред полни трибини и дека Металург има многу фанови и дека нема да биде лесно", вели Омејер.
Ваш коментар за настаните во групата "Ц"
"Ние сме сигурни патници во следната рунда и веќе имаме 2 бода за следната рунда со оглед на тоа дека ја совладавме Барселона во Шпанија. Но, нашата цел е со максимални 4 бода да одиме во следната рунда, па сигурно ќе сториме с$ за да ја победиме Барселона и на домашен терен.
Мислам дека Металург има големи шанси да заврши на третото место затоа што на првиот дуел го совлада Драмен со 7 гола разлика. Но, мое мислење е дека Металург може да победи и во Драмен.
И таму имате висок процент на одбранети топки, без оглед кој е противникот и дали натпреварот има резултатско значење...
"За мене сите натпревари се важни, а сите клубови во Лигата на шампионите располагаат со добри тимови. Затоа и јас сакам и се трудам на секој натпревар да дадам с$ од себе, тоа го прават и сите мои соиграчи затоа што Кил сака да победи на секој натпревар што го игра".
- Има ли Кил сили за трето финале на ЛШ по ред?
"Имаме одличен тим и можно е да играме во уште едно финале. Но, засега мислиме само за следниот натпревар. Има многу добри тимови и тешко е да се каже дали ќе успееме. Сите германски и шпански екипи се силни и имаат шанса да стигнат до финалето, тука се уште и Загреб, Веспрем и Монпеље, екипи кои имаат доволно квалитет да се борат за титулата", изјави Омејер.
Натпреварот е закажан за в четврток, во 18:00 часот, а ќе има директен телевизиски пренос на А1 и на Еуроспорт 2.
Прочитете ги изјавците на Омејер. Изјавува дека ке биде тешко вечер!
Па ке видаме, се гледаме во Скојпе!!!
А што добиваме ако сме 3 во група???
Одиме во Куп на Куповите, каде што сакаме да сме бидејки нема шанси да одиме понатама за во ЛШ така да најдобро место би било 3тото.