Мојата мајка е најсовршеното суштество на планетава.Човек полн со разбирање и љубов.Секогаш одмерена со советите,либерална за проблемите,храброст за преземањето на ризиците,жртва за своите деца.Растев покрај жена која знае да се насмее кога е најтешко,да ти да даде целата подршка кога ти е најпотребна,да застане пред сите за нашите интереси.Борец во секоја смисла на зборот.Жена на која и се воодушевувам,која незнае да рече не на желбите,на исполнување на соништата и тогаш кога во новчаникот нема ни десет денари.Жена која нема сила што ќе ја спречи да биде до нас,макар ги прекршила и сите закони на светот.Се сеќавам на моментот кога ми се одбројуваа минутите,кога неспособните медицинари незнаеа што со мене,во мојот дом.Она ме крена како мало дете во раце,не ја сеќаваше ни мојата тежина само бараше начин да ме поврати и успеа во тоа.Се сеќавам кога не ми се одеше од дома,плашејќи се од новото искуство,кога од срам не ни сакав да говорам,она дојде со мене додека се прилагодам,губејќи дневници кој многу и значеа.Кога се караше со професорите,кога ме тешеше од неуспешните врски,кога ми прави лимонада наутро после пијана вечер,кога стои гордо до мене и моите успеси,она е идеална.
Знам дека малце се овие зборови за тебе,но едноставно и цел живот да зборам што си направила за мене ќе ми биде малку.Мајко те сакам,ти си совршена.