Другите за Mакедонија

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Предлагам да се в'рнем на темата, а тја е другите за Македонија.
Копирах една забавна статија от новија број на "Капитал":

Имаме вода, имаме земја. И си правиме кал, написа на времето Иван Кулеков по повод б'лгарите. Можеше спокојно да го каже и относно Балканите изобшто. Малкото мјасто с тв'рде много историја си е все така п'лно с'с с'седи, които обичат да си правјат "мр'сно" и ако сте си мислили, че това ште се промени заради ЕС, глобализацијата, климатичните промени или нешто друго, тази година би трјабвало да ви е опровергала. Б'лгари и рум'нци се подиграваха заради циганите си, гр'цките и македонските медии се замерјаха едни други с обиди покрај спора относно името на Македонија, а с'рби и албанци нап'лно разбираемо прод'лжиха да се очернјат взаимно. Добре дошли на Балканите, к'дето, както винаги, пријател може да ти е всеки, с когото нјамаш обшта граница.

Двама б'лгари в чужбина

Свалјат жени в дискотека, но когато ги завеждат в хотела, единијат лјага да спи пијан. На сутринта другијат го потупва по рамото и казва: "Не се притеснјавај, отсрамих честта на б'лгарите." "Как и с двете ли?", пита изненадано п'рвијат. "Не, казах им, че сме рум'нци."

Да хв'рлјаш кал по с'седа си е стара традиција, којато напослед'к доби актуалност покрај странното с'стезание к'м членството в ЕС, което си организираха Б'лгарија и Рум'нија. Прод'лжилата нјаколко години надпревара, в којато Софија и Букурешт уж се движеха рамо до рамо, но, вместо да си помагат (и да постројат например легендарнија вече Дунав мост 2), по всјакак'в начин се опитваха да излјазат напред за сметка на другите, разпали както интереса, така и отдавна стаените стереотипи на двете с'седни страни. След като б'лгарите заслужено изпитаха завист к'м рум'нците за боркинјата с корупцијата Моника Маковеј, рум'нците завидјаха за б'лгарското Черноморие. И започнаха да пристигат тук на талази. Така медиите от другата страна на Дунава откриха ново поле за работа: критикуването на б'лгарските п'тишта и нрави.

Оште от миналата година спортните медии в Б'лгарија и Рум'нија се бјаха хванали за гушите, след като попаднахме в една и с'шта група за европејското п'рвенство по футбол. Доброс'седските отношенија се помрачиха и преди вторија мач този септември, рум'нските медии прод'лжиха кампанијата с нови сили. Ако сте си в'образјавали, че рум'нците не знајат какво мислјат тајно мнозинството б'лгари за тјах, реакциите им доказаха обратното. "Ние ли сме цигани?", попита риторично един рум'нски вестник под снимката на б'лгарска каруца. "Искам да ви кажа, че в Б'лгарија има много повече цигани, отколкото в Рум'нија. Може би тук има нај-много цигани изобшто. Виждат се, като тр'гнеш от летиштето за цент'ра", зајави п'к един рум'нски футболист, играл в Б'лгарија, сјакаш с това доказваше неоспоримото прев'зходство на собствената си д'ржава. До пребројаване на ромското население в двете страни, слава богу, не се стигна, но месец по-к'сно никоја б'лгарска медија не пропусна да отбележи изгонването от Италија на цјала кохорта рум'нски цигани, подчертавајки солидно националността и етническата им принадлежност.

П'рвијат човек бил македонец. Мајка му и башта му обаче били г'рци.

Македонија е гр'цка. Колкото и познато да звучи това на б'лгарските националисти, в случаја става в'прос за гр'цката провинција с'с с'штото име, којато е в основата на всички проблеми между Скопие и Атина. Тези отношенија са цјала сага, но през тази година препирните относно историческото име на бившата југод'ржава достигнаха нови нива. Планираното преименуване на македонското летиште по името на Александ'р Македонски накара Атина да повдигне в'просително вежди и изп'лни сајтове като You tube с националистични клипчета. Не че Г'рција има право на вето в'рху името на п'лководеца, но г'рците принципно са подозрителни относно всичко, което с'седите им от север правјат и реагират изумително б'рзо. Така гр'цкијат в'ншен минист'р Дора Бакојани појасни на македонците, че не приема исторически поправки отпреди 2300 години и че както Александ'р Македонски, така и името Македонија са гр'цки и ако прод'лжават да настојават, от Скопие могат и да забравјат за членството в ЕС и НАТО. Нештата се разраснаха дотам, че на 1 ноември двете д'ржави трјабваше да се с'гласјат на американско посредничество, с което да б'де разрешен проблем'т с имената. "Унгарци и словенци никога не са искали да блокират приема на Х'рватија в ЕС и НАТО", констатира македонскијат вестник "Дневник" с горчивина, поставјајки гр'цките "с'седи" в кавички и јавно мечтаејки македонската д'ржава да се намира нјак'де другаде, к'дето необезпокоена да претендира за древност. В играта на стереотипи на Балканите факт'т, че преди хилјади години е с'штествувало кралство, носешто името Македонија, е в с'стојание да попречи на днешните Г'рција и Македонија не само да си разделјат името, но и да влјазат заедно в един с'јуз, чијато основна цел е именно споделјането.

Кој ште спечели Евровизија догодина? Отново С'рбија, заштото ште получи 12 точки и от Косово...

Така напослед'к се шегуват в Белград. С'рбите, всеизвестни с това, че умејат да се смејат дори в нај-драматични моменти от историјата си, за пореден п'т ште трјабва да откриват смешното в един т'жен за тјах зав'ршек. јасно е, че споразумение за Косово нјама да има. И докато политиците се нам'друват и надхитрјават взаимно, зевзеците започнаха да се шегуват с поредното голјамо с'битие в бивша југославија. Закачките между с'рби и албанци не са от вчера: албанците смјатат с'рбите за непоправими националисти, стремјашти се да владејат всичко онова, което не е тјахно. В Косово дори тв'рдјат, че С'рбија страда от "руски синдром", т.е. има фобија за завладјаване на територии, за да доказва прев'зходството си. С'рбите п'к от своја страна смјатат албанците за ужасно изостанал и м'рзелив народ, којто иска да живее на чужд гр'б и да краде земите на другите народи. Албанци, думата, с којато в С'рбија презрително наричат албанците, обикновено се асоциира с мафиоти, прест'пници и далавераджии.

В стремежа си да натрие носа на Белград председателјат на в'ншнополитическата комисија на албанскија парламент Преч Зогај дори зајави, че Албанија "не се страхува от конфронтација с'с С'рбија". Доколко е вјарно, е друг в'прос с оглед на факта, че за известен период от време тази година Тирана внасјаше ср'бски ток.

Говорјат си англичанин и шотландец. "Аз с'м роден англичанин и смјатам да умра так'в", казал п'рвијат. "Боже, човече, нјамаш ли никаква амбиција?", отговорил шотландец'т.

Балканите не са толкова уникални: "ние" навсјак'де се гради чрез противопоставјане на "те". Така шотландците смјатат англичаните за шовинисти; последните п'к мислјат шотландците за ужасни ск'перници, а ирландците - чисто и просто за глупави. Французите и холандците имат с'штото пренебрежително отношение к'м белгијците. Отношенијата французи-англичани и французи-германци п'к са ставали повод за не един конфликт и са дали храна на народното в'ображение там за столетија напред. Проблем'т тук е, че докато на Запад от Лјублјана тези стереотипи са прераствали в конфликти преди доста време, на Балканите те доскоро палеха војни и е необходимо повече време, за да угасне жаравата. Добрите знаци обаче не липсват: Букурешт и Софија показват все повече желание да работјат заедно по проекти, а след тихото лобиране на двете балкански страни Албанија, Македонија и Черна гора имат всички шансове да б'дат поканени за членство в НАТО догодина. Споменатата вече Евровизија п'к тази година беше интересен опит за с'временна политпсихологија. На конкурса в Хелзинки всјака една от балканските д'ржави е оценила нај-високо друга такава с изклјучение на С'рбија и Албанија. Х'рватија, Босна, Черна гора и Македонија естествено са подкрепили С'рбија; Б'лгарија и Рум'нија са гласували за Г'рција, а г'рците - за Б'лгарија. Или, както гласи една популјарна м'дрост, с'седи не се избират, така че е добре да се научиш да живееш с тјах.
:smir:
 
МАКЕДОНКИТЕ СЕ НАЈУБАВИ ЗАТОА ШТО ПИЈАТ НАЈЧИСТА ВОДА НА БАЛКАНОТ

"Поради исклучително чистиот воздух и вода, жените се мошне убави и мили. Секоја девојка носи свилено здолниште, и движејќи се небаре како паунки ги збунуваат луѓето. Поетите и вљубените своето време го минуваат во кафеани и озборување, меѓу луѓе со необични чалми небаре птичји гнезда и танчерки кои на својата половина имаат обесено шарени ленти со ножеви. Танцот на Циганките, сазовите и песните наоколу, секого го тераат на возбуда и себезаборав.

Заради пријатната клима во градот, населението се оддава на љубов и уживање. Сокаците се покриени со бела калдрма, a градот има голем број угледни луѓе, пријатели на дервиши, поети и чудаци, кои уживаат во забави, а нивното најголемо богатство претставуваат љубовните преживелици. Има многу убави жени со месечеви лица во градот" ... запишал меѓудругото Евлија Челибија пред триста и педесет години минувајќи низ Македонија. Како дворски писар полни педесет години во седумнаесеттиот век поминал на пат и никогаш не стигнал да се ожени, но секогаш кога поминувал низ Македонија морал барем нешто да запише за прекрасните жени што ги гледал во градовите.

Меѓу десетте тома патеписи на Евлија Челебија, еден е посветен на Македонија, а во него речиси на секоја страница се зборува за убавите жени со месечево лице. Според Челебија, убавината на македонските жени се должи на у6авата вода и на чистиот
воздух. Освен својот мајчин турски јазик, Челебија добро ги говорел уште и арапскиот и персискиот, знаел и грчки, а според некои негови искази добро разбирал и латински.

Првото патување во Македонија, односно првата средба со убавите жени во Македонија се случила во 1660 година кога од Босна низ Косово Поле одел за Софија, минувајќи низ Скопје, Куманово, Кратово и Крива Паланка. Подоцна бил и во Прилеп, Битола, Штип, Лерин, Воден и во уште многу македонски градови. За Евлија Челебија како човек, но и за неговите патувања низ Македонија, разговаравме со писателот Илхами Емин, кој неодамна направи избор од најубавите записи за Македонија напишани од перото на овој голем османлиски патеписец. Според него, Евлија е мошне уверлив и интересен кога зборува за своите непосредни доживувања како човек, по малку и поет, како љубопитен и страстен набљудувач и шегаџија, но и сериозен османлиски воен писар, храбар авантурист и плашлив патник низ неизвесноста на балканските патишта.

Бил шерет човек, сликар, поет, универзална личност, своевиден западноевропски рицар од источен вид.
'Во изборот од патеписи што ги објави 'Слово' инсистирав на презимето Челеби, а не Челебија, затоа што е во духот на турскиот јазик. Неговото име и презиме значи 'светиот учен'. Наставката 'ја' му е додадена подоцна од словенските народи. Роден е 1611 година во Истанбул, а во Македонија бил за првпат во 1660 година. Живеел околу 70-ина години и умрел во својот роден град, но гробот, за жал, не му се знае. Записите за нашите краишта ги извлеков од 10-те тома негови патеписи објавени во Турција пред триесеттина години. Од патеписите може да се реконструирааат најмалку 3-4 патувања на Челеби низ Македонија. Бидејќи бил писар и верски службеник на Мелет-паша, секогаш кога минувал низ овие предели одел со голема придружба и немал многу време да се задржува во секој град одделно.

Го запишувал она што ќе го видел, но и она што ќе ги слушнел од соговорниците во ановите. Живеел во време на неколку султани, а оној што му бил директно надлежен морал да има увид во она што гледал дека го запишува во градовите. Оттука, се мисли дека многу од материјалите се изгубени или пак била извршена цензура при препишувањето на записите', вели Илхами Емин, тврдејќи дека за првпат кај нас, на пример, се објавуваат некои податоци за градовите, потоа се открива вистината за Али-Паша и се опишува најголемиот пазар во овој дел на Османската империја што се одржувал во близина на Струмица.

100.000 ЛУЃЕ НА ПАЗАРОТ В0 СТРУМИЦА

Според патеписот на Евлија Челебија, или Челеби, како што инсистира Илхами Емин, пазарот бил од сите четири страни заграден како тврдина, а патеките кои минувале низ 1.000 дуќани биле вкрстени во вид на шаховска табла.

“Еднаш годишно, обично за време на бербата на цреши овде доаѓаат 100.000 луѓе од Анадолија, Арабија, Иран, Индија, Синд, Самарканд, Белх, Бухара, Каиро, Дамаск и Ирак, како и од сите страни на Европа. Трговци од море и копно ја продаваат својата стока. Крај околните долини се поставуваат илјадници шатори, па сето тоа личи на војските на Александар и на Дарие. Овде може да се најде и од пиле млеко. Панаѓурот трае 40 дена и ноќи, а жените ги продаваат и своите скриени, скапи работи. Се продаваат дури и лични девојки и момци.

Црнечкиот пазар е посебен, при што мнозина доаѓаат да купат црни робови. На посебни места се вртат цели овци и јагниња, а постојат и повеќе од илјада кафеани, меани и бозаџилници. Колку што има магионичари, жонглери, танчери и танчерки, куклаџии и други забавувачи во светот, толку доаѓаат овде за да ги покажат своите неверојатни итроштини. На овој панаѓур секој печали онолку колку што му е одредено од Алах”..., запишал патеписецот.

При своите бројни патувања во седумнаесеттиот век, Челебија не го видел само пазарот во Струмица, туку и уште многу други интересни работи низ Македонија. Всушност, речиси нема поголем град каде што не престојувал барем неколку дена набљудувајќи ги луѓето и животот во градот. Така, на пример, за градот Скопје, во 1660 година ќе запише дека имал 70 маала, а поради старите богатства што ги крие под земја, Грците во тоа време го нарекувале “грчка ризница”. Шетајќи по градот, Евлија ќе забележи:

“Во градот постојат 110 чешми, a водата што доаѓа од Качаничката река по водоводот на Иса-бег се разнесува низ целиот град. Сите овие кристални чисти води се собираат под градот, каде што се мешаат со водите на Вардар. Скопските амами се мошне пријатни. Жените се најголемиот дел од посетителите на Кизлар-амамот, кој се наоѓа близу Јаја-пашината џамија. Истиот амам претставува спокојно и скришно место, погодно за посета на жени. На овие простори за жените се смета како мошне голема вина ако влегуваат во амами кои се наоѓаат на прометни патишта”.

Како Челебија се доближил до амамот и како успеал да ги гледа жените што доаѓале во амамот кај Јаја-пашината џамија не запишал во патеписот. Веднаш се префрлил на Старата чаршија каде што избројал точно 2.150 уредени дуќани, а во сите нив во тегли и други садови имало ставено зумбул, темјанушки, трендафил, јоргован, лилјан, нарцис и други цвеќиња, што веројатно значи дека во Скопје тој престојувал токму пролетта, таа 1660 година. Веројатно останал барем десетина дена зашто научил многу работи кои не можат да се видат за ден или два.
 
На пример, дознал за значајните поети Хаки и Ерзи Челеби, но најмногу му се допаднало како пишува Коџа Хасанзаде.
Исто така, забележал дека поради пријатната клима и чистата вода, луѓето од Скопје, или тогашните скопјани, биле многу бодри и енергични.
Шетајќи низ градот точно пред 348 години, Челебија забележал во тефтерот дека по ановите се пее, се игра и се јаде до зорите:
“Сокаците се покриени со бела калдрма.
Има голем број угледни луѓе кои уживаат во забави, а нивното најголемо богатство претставуваат љубопитните дожувувања”, што ќе рече дека патеписецот прислушкувал како на некоја од соседните маси мажите се фалат за своите љубовни авантури.
Освен тоа, Челебија во Скопје видел дека се изработуваат убави ракавици од волна, плетени производи, украсни перничиња и завеси, кои, како што запишал, не можат да се најдат ниту во Персија.
Дел од жителите, пишува тој, работат како трговци, дел се занаетчии, додека само мал дел се учени луѓе.
Откако ќе запишел се што ќе му се видело интересно, патеписецот влегувал во некој од ановите и додека јадел бележел што има на софрите: печено јагне, бирјан, капама, риба, но и многу разно овошје донесено од разни страни на светот.
Од овошните сокови, пишува Челебија, се издвојуваат медовината, сокот од вишна и ширата од грозје.

ПРИЛЕПЧАНИ ЉУБОВЏИИ!

Кога завршил со Скопје, Челебија тргнал за Куманово, кое во тоа време било војводство (замислете) во атарот на Скопскиот санџак.
Веднаш забележал дека градот имал доволно вода, а ги пребројал и куќите.
Значи, во средината на седумнаесеттиот век касабата имала околу 600 куќи покриени со ќерамиди.
Забележал, исто така, дека водата и воздухот се многу пријатни и дека околу населбата има многу бавчи и лозја.
Излегувајќи од Куманово, Челебија поминал низ Кратово, каде што избројал 800 куќи и 350 дуќани, останувајќи вчудоневиден од исклучителната изработка на кратовските шамадани, кадилници, фенери, легени и разни позлатени ибрици.
Вода не забележал, не забележал ни жени, но забележал дека бакар има во изобилство.

Неколку години по своето прво патешествие низ Балканот, ефенди Евлија повторно се вратил во Македонија за да ја дораскаже приказната за водата, воздухот и убавите жени. Во Велес, на пример, забележал неколку жени, но за жал поголемиот дел од нив носеле црни платнени фереџиња, па не можел да им ги види лицата.
Забележал дека со вода се снабдуваат од реката Вардар, која, вели, е толку бистра што момите се огледуваат во неа, не употребуваат огледала.
Следниот ден стигнал во Прилеп, град кој имал 10 маала со илјада цврсти куќи со пространи бавчи:
“Повеќето жители се занимаваат со изработка на играчки и ножеви.
Во овој град не можете да сретнете кал.
Градот има плодно поле низ кое тече река.
Заради пријатната клима, неговите жители се оддаваат на љубов”.

Откако ги оставил прилепчани оддадени на љубов, заминал во Битола.
Во битолската чаршија избројал 900 дуќани, но исто така и рекорден број кафеани - дури 40 на тој мал простор!
Забележал дека околу градот се наоѓаат дури 20 места за излети и забава:
“Во градот кон квечерина се слушаат славеи, а танцот на Циганките, звукот на сазовите и убавината на песните наоколу секого го тераат на возбуда и самозаборав.
Поетите и вљубените своето време го минуваат во кафеани, со озборување, а крај асталите можат да се видат луѓе со необични чалми, небаре птичји гнезда, и преубави танчерки кои на својата половина имаат обесено шарени ленти со ножеви”.

Откако поуживал во славеите и танчерките, патеписецот, што своите тефтери ги порачал уште во 1630 година од родниот Истанбул, каде што секогаш се враќал по неколкугодишно патување по светот, стигнал во Костур, кој го опишал како еден од најубавите градови на Балканот.
Запишал дека градот во тоа време имал околу 2.100 куќи, и дека сите куќи гледаат кон езерото, а луѓето се многу добродушни и склони кон забава:
“Во касабата постојат два амама, меѓу кои оној што се наоѓа крај патот со вода се снабдува од езерото.
Во текот на летото луѓето се капат во езерото.
Заради исклучителниот воздух и вода децата и девојките на овој град се мошне убави и мили.
Сите девојки носат свилено здолниште и движејќи се небаре паунки ги збунуваат луѓето. Инаку, езерото е долго 24 милји, и, денес, кога го пишувам ова, жените ги перат алиштата на брегот.
Забележав дека воопшто не користат сапун, бидејќи овде сапунот е реткост.
Во езерото се ловат разни риби, кои ги нема никаде на друго место.
Рибите се хранат со растенија и тревје кое расте по околните планини и кои во езерото го довлекуваат поројните дождови.
Во текот на ноември секој рибар си носи трње и си го обележува своето ловиште”.

ШТИПЈАНКИТЕ МИРИСААТ МНОГУ УБАВО!

Седнат крај езерото, Челебија долго ги гледал жените што перат алишта, и ништо друго дента не можел да запише освен дека не користат сапун.
Подоцна, кога стигнал во Штип, за кој пишува дека бил освоен во време на владеењето на султан Мурат Први од страна на Али-бег, син на Гази Михал-бег, за кого велеле дека има две срца, веднаш ќе запише дека жените носат фереџе од бела аба и се движат мошне грациозно:
“Поради чистата вода и воздух, овдешните жени се мошне убави, и сите мирисаат многу убаво.
Градот има 2.240 куќи покриени со камени плочи, а секоја куќа има своја бавча и лозници.
Co ќерамиди е покриен само новоизградениот Сарај на Ахмед-ага.
Има и безистен со две железни порти каде што можат да се најдат стоки од седум разни клими и секакви мириси”.

Од Штип заминал за Кочани запишувајќи:
“Целата раја се ајдуци.
Има 600 куќи покриени со дрво и ќерамиди, една џамија, еден ан и околу 15 дуќани. Едвај има 10 муслимански куќи.
Ако не беа тие куќи, преку оваа касаба немаше да прелета ни птица”, запишал Челебија негде кон крајот на седумдесеттите година на седумнаесеттиот век.

Бидејќи цели 50 години од својот осаменички, ергенски живот поминал патувајќи, ефенди Евлија Челебија неколкупати бил и во Солун, главниот центар на Македонија.
И забележал дека во посебен дел од градот се сместени меаните, бозаџилниците и ашчилниците, а за немуслиманското население и за разни настрани типови, како што вели, постојат дури 340 кафеани.
Во нив свратуваат стотици луѓе на коњи, пијат, се одмораат, преноќуваат и потоа одат по своите патишта:
“Голем број христијани, сопственици на овдешните куќи, големи пари печалат на недостоен начин, односно со продавање на вино.
Притоа, чудно е дека никој не им здодева со непристојни зборови на нивните блиски, иако гостите ги послужуваат нивни синови и ќерки.
Ова е ретко чесен и безбеден град.
Освен куќите каде што се точи вино, избројав и точно 20 бозаџилници и 17 уредени кафеани во кои се пее, се свири на саз и чалгии, и се танцува, a таму се собираат патеписци, поети и други луѓе.
 
Во истите кафеани се одржуваат разговори, a сокаците по градот се чисти и послани со калдрма.
Инаку, во Солун постојат вкупно 16 христијански маала, одвоени од муслиманските.
Во градот има околу 33.000 куќи, а според пописот извршен од Екмекчизаде Ахмет-паша во Солунската каза живеат околу 500.000 жители.
Дознав дека старците во Солун живеат долго, и се многу здрави, така што и на седумдесетгодишна возраст се качуваат на коњи, опашуваат сабји и имаат сила за однос со жена.
Исто така, сакам да забележам, дека речиси сите жени и девојки во Солун имаат убави, небаре како месечини лица, зборуваат доста средено, а во своите усти кријат заби како бисери, а и за нивната чест може да се каже се најдобро.
Интересни се, како што реков, старците кои имаат сила за однос со жена дури и кога сите мислат дека со едната нога се во гробот”, ќе запише во својот дефтер за патеписи Евлија Челебија пред да го продолжи патот за Воден.

Во тоа гратче со дванаесет маала и 1.060 куќи, неколку часа не можел да се соземе од убавината што ја гледал околу себе.
Сите сокаци биле чисти, нигде немало никакво ѓубре, прекрасниот водопад се прекршувал во илјадници бои, па тој веднаш ќе запише дека сличен град на Воден е само рајскиот град Дамаск во Арабија:
“Има многу убави жени во градот.
Имаат месечеви лица.
Во фадот има вкупно седум цркви во кои служат невини девојки, небаре мајката на Исус, од која секоја има од убаво поубаво месечево лице.
Инаку, целото население во Воден ужива во забава и прошетки.
Секој ден одат на некое место за забава, какви што ги има точно 40 околу градот.
Едно од тие места се наоѓа среде град над кое има и високи стебла.
Под дебелите сенки на високите платани, тополи, брестови и липи, кои мирисаат на мисковина, тешко се пробиваат сончевите зраци.
На ова место земјата е покриена со зелена трева, мека како кадифе.
Крај водите се изградени софри и места за скара и готвење.
На гранките на секое високо дрво има лулашки на кои се лулаат млади момчиња и девојки.
Исто така, во самиот град се наоѓа и повисоко место за прошетка и забава наречено
Попски замок, под кој како под нозе се гледа се до Солун и Вардарското поле”, се воодушевувал Евлија од Воден.

ОХРИЃАНИ МНОГУ САКААТ КОМПОТ!

Оттаму заминал за Охрид, каде што запишап дека има вкупно 17 маала, меѓу кои се Охризаде, Тулумба, Јунус војвода, Гази-бег, Емир Махмуд и други:
“Градот Охрид и неговата околина се исполнети со лозја и бавчи.
Оној кој Охрид го гледа за првпат му се чини оти има десет до петнаесет илјади куќи.
Во чаршијата и безистенот се собираат учени луѓе, но постојат и други меани и бозаџилници, пристапни за секого.
Секако заради пријатниот воздух и вода, жените во Охрид се многу лични.
Сите имаат сребреникав тен и нежна става.
Убавините на овој град се со светска слава, заради што мнозина продуховени луѓе, се населиле тука.
Од овошјата, пак, најпозната е охридската дуња, додека во овој град постојат и 24 видови јаболки и исто толкав број разни круши.
Јас такви круши не сретнав ниту во Малатја, ниту во Тебриз, Битлис и Шираз.
Особено е сочна водената бегова круша.
Обичај во Охрид е во текот на зимата меѓусебно да се посетуваат и стари и млади.
Притоа јадењата при една посета не смеат да се повторат на другата по неа, што е, исто така, обичај во овој град.
Така, ниту слатките и различни видови компоти не смеат да се повторат.
За време на гозбата кај Ахузадевци сакајќи да пробам од сите изнесени 26 видови компот, за малку ќе изгубев глава.
Инаку, речиси сите луѓе во Охрид говорат словенски и грчки јазик, но албански не знаат. Притоа сите сосема добро и течно зборуваат и турски.
Сите млади охридски јунаци носат црвени самури, калпаци, долами, чакшири и жолти папучи а шетаат со опашани ножеви, додека старците на глава имаат разни чалми, a жените носат разни видови фереџиња, шетајќи како низ чаршијата и низ пазарот, така и низ главната улица во градот”, напишал Челебија.

Тој ретко одел во помалите касаби, како што биле Валандово или Струмица, но кога поминал, веднаш најпрво запишал за жените и девојките кои ги видел:
“Прошетав многу во животот, но никаде не сретнав почисти куќи и поубаво јадење од она што го видов во Валандово, кај овдешните христијани.
Всушност, самите луѓе не се толку чисти, но чисти им се софрите и садовите за храна. Сите убави девојки на глава носат црни шамии, а врз облеката имаат златници или дубровнички и френски динари, пришто на вратот и на градите им висат ѓердани, алки и други украси”.

“Во Струмица, пак, повеќето жени носат фереџиња од бела аба и долами, кога одат на вода.
Во градот има 12 градски чешми, две цркви, 500 дуќани и два трговски анови”, запишал Евлија Челебија пред околу 350 години, шетајќи низ Македонија со својот алваџиски тефтер за патеписи.

За жал, како што вели Илхами Емин, со кого разговаравме за патеписите на Евлија Челебија, освен денот на раѓањето, 25 март 1611 година, не се знае ниту кога тој починал, ниту пак каде му е гробот.
Се знае само дека татко му Мехмед Зили Ефенди бил главен дворски златар, па белки имал малку злато за да купи семеен гроб во Истанбул.
Можеби во гробот ставил и малку злато, па подоцна тоа да е причината да се уништи гробот и сега да нема никаков белег за најголемиот балкански патеписец од седумнаесеттиот век!

Пишува: Блаже МИНЕВСКИ

НЕДЕЛНИК ФОКУС
 
Волонтери од сите земји - обединете се: Сите патишта водат во Македонија!
Јан, исто како Александар Македонски никогаш не стигнал до Индија.
- Сакав да бидам волонтер во Перу, Нов Зеланд или пак Индија. После неколку разговори со моите пријатели и мајка ми сватив дека сум премлад за тие дестинации - вели Јан Легал, волонтер во МКЦ - Битола.
Така, деветнаесетгодишниот Јан се решил за волонтирање во Македонија.
- За Македонија знеев само дека има некаков спор околу името со Грција и дека нејзин главен град е Скопје - ми кажува Јан.
По околу три месеци поминати како волонтер во МКЦ, Јан
fare2007%20030.jpg
сигурно знае многу повеќе за нашата земја. На пример, поднаучил доста македонски јазик. Јан за овој краток период стекнал сосем солиден фонд на зборови и знае да врзува реченици. На македонски ми објасни дека со својата мајка го зборува јазикот на својот регион, полуостровот Бретања.​

- Јазикот Бретон и француски се сосем различни јазици. Бретон се зборува и во мојот град Брест. Имаме приватни училишта во кои што може да се изучува овој јазик. Тоа е начин на одржување на нашата култура - вели Јан.
Пријателите на Јан се сомневале дека тој ќе успее да издржи во Македонија цели шест месеци.
- Што ќе правиш таму, тоа е толку далеку, никого не познаваш таму , не знаеш јазик , ми велеа моите другари. Па нема шанси да издржиш шест месеци во Македонија - се сеќава Јан. Јан на тоа кратко одговорил: Вие не можете, ама јас можам!​

Како волонтер на Европскиот волонтерски сервис, Јан му е доделен на МКЦ. Тој е сега дел од нивниот тим и учествува во активностите на оваа невладина организација.
- Моите должности во организацијата се поврзани со промоцијата на активностите на МКЦ. Работам на дизајнирање на брошури и билтени. Во последниве денови во нашата невладина организација бевме сконцентрирани на активностите поврзани со Денот на волонтерите 5 Декември - појаснува Јан.
По повод денот на волонтерите, МКЦ го издаде и прирачникот “Меѓународен волонтерски сервис”. Во него се вели дека зборот волонтерство доаѓа од латинскиот збор “волонтас”. Синоними за “волонтас” би биле слободна волја, личен избор и опција.
За Ана Катрин Гунтер од Штутгарт, Германија доаѓањето во Македонија било нешто помеѓу личен избор и опција.​

- Студирам политички науки во Берлин и имав желба да живеам во земја од источна или југоисточна Европа - вели Ана.
Желбата на дваесет и едно годишната Ана се остварила. Таа веќе четири месеци е член на битолското НВО Форум на млади. Оваа невладина организација работи со проекти поврзани со антидискриминаторски и антирасисистички активности. Тоа е и полето на интересирање на Ана.​

- Луѓето во Македонија се многу љубезни, отворени и пријателски настроени кон странците. Кога го велам ова мислам на луѓето од сите националности кои што живеат во оваа земја. Потребно е да се познавате со некого само неколку минути за да добите покана за кафе во неговиот дом. Кај нас е сосем поинаку. На пример запознавате странец во автобус, малку разговарате, ова - она, од каде си, што си и чао. Нема покана за на гости - вели Ана.​

Таа во Форум на млади е задолжена за фундрасинг или по наши пронаоѓање на донатори за идните проекти на организацијата. Ана учествуваше и во подготвувањето на акцијата “Фудбалот против расизмот”.​

- Најубавата работа од мојот престој во Македонија преку Европскиот волонтерски сервис е во тоа што запознавам нова култура - смета Ана. Пред да дојдам во Македонија, за неа знаев многу малку. Знаев дека е во Европа, дека некогаш била дел од бивша Југославија, дека има економски проблеми... Сега знам многу повеќе, задоволно констатира Ана.
Лоре Бертрам од Бруџ, Белгија, исто така знае многу за Македонија. Од мај, оваа година таа е волонтер во битолскиот музеј.
- Зимите во Белгија се благи, температурата ретко кога се спушта под минус пет. Морам да признам дека македонската зима помалку ме плаши - вели Лоре.​

Таа има дваесет и пет години и се занимава со проучување на историјата на Балканот. На Лоре во Македонија посебно и се допаѓа тоа што луѓето посветуваат внимание на дружењето со своите пријатели. Во Белгија, луѓето како да забораваат на своите пријатели и не поминуваат толку многу време со нив.
- Кај нас младите излегуваат навечер само во викенди. Но, се останува подолго, до кај пет - шест часот наутро, ми кажува Лоре.
Лоре, најмногу би сакала во музејот да организира изложба на фотографии од животот на битолските Роми.​
“ Волонтерите може да бидат самоопределени млади луѓе кои што знаат што сакаат и лесно изнаоѓаат можности за да си изградат пат низ животот... “ се вели во “ Меѓународен волонтерски сервис”. А човекот слично како мачката има девет животи, вели Јан од Франција. Првиот ми беше во Франција, вториот ми е во Македонија, а третиот кој знае каде...​
 
Macedonija se spomnuva i mnogu porano vo ruskite vesnici:

[SIZE=+1]2. Edict of the Russian Empress Elisabeth allowing Bulgarians, Macedonians, Vlachs and other nations to settle in Russia.[/SIZE]
Russian_Doc_2.jpg
 
Mozhebi anaveno ili nekoj drug kje dade svoj pridones za ovoj izvor, Edith Durham, koja kolku zhto mozhev
da prochitam mesha babi i zhabi, no sepak ima i vakva informacija od nea:

"...' Macedonia,' be it observed, is a conveniently
elastic term, which is made to include all the territory
anyone wishes to annex. It is a loose, and therefore
mieleading term. I have even met people who believe
there is a special race which they call 'Macedonian',
whose 'cause' they wish to aid. The truth is, that in a
district which has no official frontiers, and never has
had any stable ones, there are people of six races, who,
as we have seen, all have causes to be considered. "

(M. Edith Durham, The Burden of the Balkans, 1905, str. 76)

http://www.peacelink.nu/Boker/Durham/Durham.html
 
Hе знам дали некој напишал дека Едит Дурхам напишала: Законик на Цар Душан Македонски, автократ на Србија, Бугарија, Унгарија, Влашка.

Mеша баби и жаби, бидејќи и таа не знаела дека:

Local legend has it that Cabbagetown is so named because poor Irish and Macedonian
immigrant inhabitants from the late nineteenth century could only afford to eat the cabbage
they grew themselves, supposedly in their front yards.

http://www.oldcabbagetown.com/comm_facts.php
(првиот пат, никој не коментирал за ова)

да шетала по новиот свет,можеби и ќе видела некој Македонец по бродовите...

Bака, во ерата на хеленизмот, романтизмот, кога Aнглија ги подржувала соседите ни, демек, во борба, да ги ослободуваат христијаните од ЕУ Турција (Македонија,Тракија, Епир..)..

A за состојбите, најсликовито: во 1908 г. Султанот донел Устав. Е. Дурхам пишува дека, каде и да одела, ја прашувале "што е тоа Устав?"

E сега,што правиме со УСТАВОТ на ТМРО, ВМРО....???
 
Добро не ми е јасно зашто админите и модераторите им дозволуваат на бугарите овде јавно да не вреѓат?Зашто не ги банирате?Ај да идеме ние на некој бугарски форум и да пишуваме лошо за бугарија па ке ве видам.ЦЦЦЦЦ:toe::toe:
 
претходно,реков најсликовито..излажав...
еве сликовито..
2ho9wcy.jpg

откога европјаните "ја разгледаа" ситуацијата на МК народ, притоа,не загледувајќи во...
33eomdh.jpg

претставниците на Македонскиот народ,решија...
9pp2e9.jpg

да се сликаат со БГ војска,и да "заклучат" дека БГ треба да земе дел од МК....
 
а грчкиот владика од Костур,
2ivfew1.jpg

ги кодошеше Македонците кај турците,дека..
14sp6kl.jpg

за инат кон него,не играле "сиртаки"...
 
За жал под појмот "Македонски" Русите разбират "Гр'чки" ! :toe:
Читајте го оригиналот ! :wink:

:pos2: :pos2: :pos2: :jaj: Че ми пукни жолчката од смеа


А бе никогаш не биле изедначувани грците со МАКЕДОНЦИТЕ



НИКОГАШ
 
A pod poimot bugari mislat tatari. Tamu ubavo e pisano Makedonci,pa od kade kaj tebe darba da znaes duri i sto mislat.Vie kako da ste mnogu nadareni i so telepatski moznosti, od koga toa?
 
"...Moreover they have among them a very-large number of Christians who are
useful inevitably: Greeks, Bulgarian, Macedonians, Albanians, Slavs, Wallachians,
Rasciens and other subjects of the despot of Rascie. ..."

(Richard Hakluyt, Preacher and Eited by Edmund Goldsmid, "The Principal Navigations, Voyages,
Trafiques, and Discoveries of the English Nation, Volume 10, Asia, Part III," pg. 186)

cleardot.gif

http://books.google.com/books?id=8O...6jCioWf&sig=zwApRtlQb2ibMgQDxpBVgbWgcFs&hl=en


.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom