"Градски Ривалства" Епизода: Охрид - Струга

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleee
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека нема споредба Охрид - Струга.
Не само што ми се одбивни Албанците во Струга [што не викам дека ги нема и во Охрид али процентот е многу поразличен], туку е и многу несреден некако, помал, се е така збутано, плажите катастрофа [со некои исклучоци], скоро на сите дуќани или слично или прво е албанското име па потоа македонското, или македонското воопшто го нема, во сред градот има споменици на борци од 2001 [на албанци секако]...
Не викам дека нема позитивни работи и во Струга - на пример имаат неколку спомен куќи, музеј, кејот на Дрим ми се свиѓа како е уреден...
Ама со оглед на многуте негативности што во Охрид ги нема и повеќето убаво работи во Охрид што во Струга не ни може да се замислат... Стварно е излишна споредбата :toe:
П.С. Да не се сфатиме погрешно јас немам ништо против Албанците, само се знае чим е Македоски град кој треба да има предност во него.

Ова е мое мислење што не значи дека е така :smir:

Кај се тие спомениците сто ги имаш погоре спомнато??? хмм можно е да не ги имам видено досега!?!?!?:toe:
 
Мислам дека нема споредба Охрид - Струга.
Не само што ми се одбивни Албанците во Струга [што не викам дека ги нема и во Охрид али процентот е многу поразличен], туку е и многу несреден некако, помал, се е така збутано, плажите катастрофа [со некои исклучоци], скоро на сите дуќани или слично или прво е албанското име па потоа македонското, или македонското воопшто го нема, во сред градот има споменици на борци од 2001 [на албанци секако]...
Не викам дека нема позитивни работи и во Струга - на пример имаат неколку спомен куќи, музеј, кејот на Дрим ми се свиѓа како е уреден...
Ама со оглед на многуте негативности што во Охрид ги нема и повеќето убаво работи во Охрид што во Струга не ни може да се замислат... Стварно е излишна споредбата :toe:
П.С. Да не се сфатиме погрешно јас немам ништо против Албанците, само се знае чим е Македоски град кој треба да има предност во него.

Ова е мое мислење што не значи дека е така :smir:
Девојченце мало те молам не зборувај глупости.Од каде ти дојде ова дека имало споменици од борците на УЧК во 2001 година?Си била ли некојпат во Струга воопшто?За плажите исто не кажувај таму во Охрид ќе се повлечи езерото на некое место и ви ставаат шанк и мислите дека сте на некоја шема-плажа, а не сте.Башка што плажите не се во градот па мора и за такси да се чека ред.Еве дојди во Струга и шетај во кое било време и влакно нема да ти фали.Ама толку разбирате седете си во Охрид и добар помин.:smir:
 
Ривалство само во замислена смисла и за заебанција во слободно време, а не како порано после стадион тешки ќотеци.А за вакви работи порано имало тепачки :icon_mrgr:
301488_2135871444984_1492024001_31873648_1479905272_n.jpg
 
Засилени полициски мерки во Охрид
icon_at_textsize.gif
Во пресрет на денешното ракометно езерско дерби, помеѓу екипите на ракометните клубови Охрид и Струга, СВР Охрид, презема низа превентивни мерки, кои се одвиваат во рамките на проектот „Стоп на насилството во спортот“.

Во текот на вчерашниот ден, претставници од оделението за превенција во Охрид и Струга, одржаа работни средби со лидерите и членовите на навивачките групи „Рибари“ од Охрид и „Паткари“ од Струга.

-Работните средби имаат едукативен карактер со цел, кај навивачките групи, да се постигне подобра внатрешна организација, да се води грижа за однесувањето на спортските терени, контрола на агресијата и неопходност од избегнување на провокативни испади на поединци и групи. Посебен акцент беше ставен на неопходноста од почитување на одредбите од законот за спречување насилство и недостојно однесување во спортот, според кој, ке бидат соодветно казнено третирани сите предизвикани инциденти на спортските терени.-информираат од СВР Охрид.

sport2.jpg

Во рамки на превентивните мерки од страна на полициски службеници, пред почетокот на натпреварот, во спортската арена „Атина Бојаџи“ во Охрид, но и на играчите на двете екипи ке им се поделат пригодни едукативни флаери со логото „Спорт Да,насилство НЕ“.

Проектот „Стоп на насилството во спортот“ е превентивна кампања што СВР Охрид ја спроведува како едукативна акција низ типизирани предавања и видео презентација пред се со навивачките групи како и со членовите на советодавните групи граѓани.

Целта е подигнување на степенот на безбедносната култура кај навивачите, акцентирање на потребата од безпрекорна безбедност на спортските натпревари, негување на спортскиот дух и спортското навивање без инциденти и запознавање со законот за прекршоци против јавниот ред и мир, другите законски норми поврзани со недостојно однесување на спортските натпревари и се разбира со соодветните казнени одредби.

OhridNews​

25.02.2012 12:56​

Прочитана е : 545 пати​

© 2012 Ohridnews.com​
:icon_mrgr:
 
Мислам дека нема споредба Охрид - Струга.
Не само што ми се одбивни Албанците во Струга [што не викам дека ги нема и во Охрид али процентот е многу поразличен], туку е и многу несреден некако, помал, се е така збутано, плажите катастрофа [со некои исклучоци], скоро на сите дуќани или слично или прво е албанското име па потоа македонското, или македонското воопшто го нема, во сред градот има споменици на борци од 2001 [на албанци секако]...
Не викам дека нема позитивни работи и во Струга - на пример имаат неколку спомен куќи, музеј, кејот на Дрим ми се свиѓа како е уреден...
Ама со оглед на многуте негативности што во Охрид ги нема и повеќето убаво работи во Охрид што во Струга не ни може да се замислат... Стварно е излишна споредбата :toe:
П.С. Да не се сфатиме погрешно јас немам ништо против Албанците, само се знае чим е Македоски град кој треба да има предност во него.

Ова е мое мислење што не значи дека е така :smir:
Кај виде споменици од паднати борци на УЧК жити мене ??? јес да сме мултиетнички град ама си имаш локали само со македонци не мораш кај албанците да одиш

бтв само во струга на плажа мојш пиво за 1 евро да пиеш :)
 
е нее ќе плаќам 100-че за пола чаша нес кафе и 300 за лежалка

Шетаме покрај плажа и го прашвам бате колку лежалка ? 300 денари ми викат .... си на умот му реков и одговорот беше .... наше дете си бил 100 че за тебе

Покрај пристаништено со кајчина ми викет дечко допри ја водата ќе те возам за 500 денари ..... Ако така требит , најдовте овци стрижите :)
 
Барем Струга е пример за соживот каков таков меѓу албанци и македонци, ако гледаме на таа основа.
Сосема различни коцепти се Струга и Охрид, неможе да се споредат, Струга е помирно и помало гратче додека Охрид е поголем и подив. Природните убавини се исто различни, Охригани имаат кале, Стружани најубава река во МК + истекот се наоѓа на среде град и е атракција.

Кој сака да го посети ова поднебје убаво е да помине по неколку дена во двата града, нема да згреши, ствар на вкус ти е кој ќе ти се свиѓа повеќе. Ако ги споредуваме градовите со автомобилски жаргон тогаш е исто како да споредуваш БМВ 3 со Мини купер :)
 
ДЕРБИ ДЕРБИ ДЕРБИ!!!!!
Момци официјално добифме потврда дека натпреварот против рк струга ќе се игра на 14.04.2012 (САБОТА) во СЕЛО струга. Вооедно ве известуваме дека ЗБИРНОТО МЕСТО за поајѓање е во 15 часот на градскиот полигон. Сите полнолетни РИБАРИ И ОХРИЃАНИ да дојдат и да го бодрат нашиот клуб во овај ДЕРБИ МЕЧ кој ние ќе го претвориме во натпревар за паметење !!!
 
Некој во сабота ќе/че пејт На Велигден сум се загубил :icon_lol: Фичоман, шо е ова со стара гарда, некакво враќање на утакмица?
533962_2991294221270_1229572837_32161435_393808307_n.jpg
 
Некој во сабота ќе/че пејт На Велигден сум се загубил :icon_lol: Фичоман, шо е ова со стара гарда, некакво враќање на утакмица?
533962_2991294221270_1229572837_32161435_393808307_n.jpg

Аха, најавено е враќање на старата екипа , па комбинирано со сегашните дечки нека му ја мислет паткари :)
 
Аха, најавено е враќање на старата екипа , па комбинирано со сегашните дечки нека му ја мислет паткари :)
Па пола од тагираните на сликата да се интересно ќе е :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom