MarthaGraham
Олд Скул
- Член од
- 21 ноември 2005
- Мислења
- 673
- Поени од реакции
- 8
Ја идам и ептен сум задоволна, ептен е добра типката... Иначе студиото се наоѓа у онаа зградичката кај што е М2 продукција и уште некои други фирми, доле во салата за аикидо.
По остварените успешни резултати од работата на програмата за поддршка и развој на современиот танц во чии рамки млади македонски танчери се здобија со квалитетна академска едукација, ЛОКОМОТИВА ги надополнува активностите во оваа сфера со организирање на часови по Современ танц наменети за поширок аудиториум на учесници.
Часовите ќе бидат водени од страна на нашата млада и искусна танчерка и кореограф Ана Јосифовска. Програмата за часовите ќе биде разработена и реализирана во соработка со нашиот истакнат и реномиран кореограф по современ танц - Искра Шукарова. На часовите ќе гостуваат и интернационални кореографи и танчери кои ќе бидат гости во другите програми на ЛОКОМОТИВА.
Ана Јосифовска
Родена е во 1979 год. во Скопје. Завршува средно балетско училиште “Илија Николовски - Луј“ во Скопје. Со современ танц се занимава од 1998 година.
Активен член е на програмата на Локомотива за поддршка и развој на современиот танц. Учествува на бројни едукативни програми и работилници за современ танц на кои се запознава и работи со реномирани кореографи од земјата и од странство како: Inge Kaindlstorfer (Австрија); Mark Tompkins (Франција); David Zambrano (Холандија); Lisa Nelson (САД), Christiane Loch, Silvano Mozzini (Швајцарија), Siobhan Davis (Англија) Charles Linehan, (Англија), Didier Theron (Франција) Thomas Guggi (Германија), Yoshiko Chuma (САД), Allyson Green (САД), Искра Шукарова (Македонија), итн.
Ана последниве две години работи како професор по танц во НОВА - Интернационалната школа за основно и средно образование во Македонија. Истоварено, таа е ангажирана како инструктор по класичен танц и пилатес во различни балетски студија во Скопје.
Со своето соло Внатре и Надвор, Ана Јосифовска се претстави на Балканската Танц Платформа 2007 во Атина, Грција.
Цена: 1000 денари - 3 пати неделноЗа повеќе информации јавете се во ЛОКОМОТИВА - 3245 726 од понеделник до петок во периодот од 10:30 до 17:00 часот или директно на Искра Шукарова на тел: 070 764 636.
ЧАСОВИ ПО СОВРЕМЕН ТАНЦ
Часовите ќе бидат водени од страна на нашата млада и искусна танчерка и кореограф Ана Јосифовска. Програмата за часовите ќе биде разработена и реализирана во соработка со нашиот истакнат и реномиран кореограф по современ танц - Искра Шукарова. На часовите ќе гостуваат и интернационални кореографи и танчери кои ќе бидат гости во другите програми на ЛОКОМОТИВА.
* * *
Родена е во 1979 год. во Скопје. Завршува средно балетско училиште “Илија Николовски - Луј“ во Скопје. Со современ танц се занимава од 1998 година.
Активен член е на програмата на Локомотива за поддршка и развој на современиот танц. Учествува на бројни едукативни програми и работилници за современ танц на кои се запознава и работи со реномирани кореографи од земјата и од странство како: Inge Kaindlstorfer (Австрија); Mark Tompkins (Франција); David Zambrano (Холандија); Lisa Nelson (САД), Christiane Loch, Silvano Mozzini (Швајцарија), Siobhan Davis (Англија) Charles Linehan, (Англија), Didier Theron (Франција) Thomas Guggi (Германија), Yoshiko Chuma (САД), Allyson Green (САД), Искра Шукарова (Македонија), итн.
Ана последниве две години работи како професор по танц во НОВА - Интернационалната школа за основно и средно образование во Македонија. Истоварено, таа е ангажирана како инструктор по класичен танц и пилатес во различни балетски студија во Скопје.
Со своето соло Внатре и Надвор, Ана Јосифовска се претстави на Балканската Танц Платформа 2007 во Атина, Грција.
* * *
Часовите се одржуваат
секој понеделник, среда и петок
во периодот од 18:00 до 19:00 часот
во студиото на локација:
ул. Дебарца, бр. 44
(позади пазарчето Буњаковец)
Цена: 1000 денари - 3 пати неделно
800 денари - 2 пати неделно
ПЕРИОДОТ ЗА АПЛИКАЦИЈА Е ОТВОРЕН
Ве молиме при упис да го пополните формуларот за апликација