Формула 1 сезона 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата bavarec_oh
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке биде шампион во 2008?

  • K.Raikkonen

    Гласови: 65 32,7%
  • F.Massa

    Гласови: 54 27,1%
  • L.Hamilton

    Гласови: 70 35,2%
  • H.Kovalainen

    Гласови: 0 0,0%
  • F.Alonso

    Гласови: 4 2,0%
  • N.Piquet Jr.

    Гласови: 2 1,0%
  • R. Kubica

    Гласови: 4 2,0%
  • некој трет...

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    199
Мислам дека МекЛарен нема да има успех во оваа сезона. Р.Денис ке го форсира Хамилтон, што е и нормално, а со тоа пропаѓа талентот на Ковалаинен, а мислам дека ке пропадне и тимот.

btw>Хамилтон бил казнет за брзо возење и одземена му е возачката дозвола...
 
Далеку од пропаѓање на тимот, може само да се издвои Мерцедес од Мекларен па да си прават сопствена шасија за моторот, но кога ке се подумам и Мекларен е 60% во сопственост на Мерцедес, така да од пропаѓањето ништо. Единствено фиа ако го кочи развојот на болидот.

Инаку ако Ковалаинен е талент и стварно го бива за возење, не се секирајте ке излезе на виделина, без разлика кој ке го форсираат. И изминатата сезона на почетокот се мислеше дека Мекларен ке го форсира Алонзо, Хамилтон ке се учи, ама испадна обратното. Дебитантот делеше лекции на патеката.
 
Единствено фиа ако го кочи развојот на болидот.
Фиа нема да кочи ништо, дури и го откажа сослушувањето за тоа дали болидот за 2008 на Мекларен е базиран врз открадените податоци од Ферари. Мекларен сам се обрза дека ќе го замрзне развојот на одредени сегменти во болидот за 2008

....Хамилтон ке се учи, ама испадна обратното. Дебитантот делеше лекции на патеката.
Колку делеше лекции се виде во клучните моменти кога, како што се вели по наше во моментите кога "л*ј*а*а испливуваат на површина".
На крај се покажа оти типчето имаше само почетничка среќа и добар ментор во тимот....
Ако беше до толк добар сега ке беше шампион!
 
Немој така да велиш, во Јапонија сите на дождливото време кругови се вртеа, а дебитантот пепел ги направи (ако се сеќаваш). Инаку се знае дека искуството знае да биде пресудно во многу случаеви, а баш така му се погди на Хамилтон. Инаку нема збор дека моментално е бр 1 возач во ф1. Во кој тим и да посака може да се најде. А нормално дека секој со одличен болид и поддршка од тимот доаѓа до титулата. Само би додал, дека ако Алонзо во последната трка изостанеше да го поминат неколку души, и Хамилтон ке беше еднаков со бодови со Раиконен (се сеќаваш дека Маса заостана за да помине Кими така??) И.... делеше дебитантот лекции или не? Има возачи кои се по 10 години во ф1, па немаат ни една победа во кариерата како Ралф Шумахер, Џенсон Батон, Јарно Трули... (или имаат по една?)
 
... погди на Хамилтон. Инаку нема збор дека моментално е бр 1 возач во ф1. Во кој тим и да посака може да се најде. ...
Јас не би се сложил со ова, да Хамилтон е добар возач. Но од него зависи само 30% останатите 70% се од тимот и болидот. Јас мислам дека Фетел е подобар возач од Хамилтон, но Фетел нема толку среќа па својата кариера ја почна во Торо Росо. И Хамилтон да почнеше во Торо Росо ке завршуваше на исти позиции како Фетел...
 
Реално гледано сите се добри возачи во ф1. Муабетот е се во развојот на болидот и техниката. И Ралф Шумахер беше супер кога го возеше Вилијамсот со BMW мотор т.е. кога беа конкурентни, а и BAR Хонда. Но сепак, треба и да се има искуство и талент. Хамилтон она првото го немаше, па сепак се докажа како возач... Нормално правеше почетнички грешки, кои го чинеа титула на крајот но тоа е. Се надевам дека оваа сезона ке го видиме како ја зема титулата на крај :)
 
Инаку нема збор дека моментално е бр 1 возач во ф1. Во кој тим и да посака може да се најде.
За полуларноста никој не оспорува, меѓутоа дали е квалитетен возач (не велам дека не го бива) сеуште треба да докажува. Реално главна заслуга за постигнувањето на Хамилтон имаше искуството на Алонсо - кој заедно со инженерите успеа да направи победнички болид (и да не заборавам, благодарение на 750 страници податоци украдени од Ферари). За да биде бр 1 возач во Ф1, критериумот е јасен, Хамилтон требаше да освои титула. (Шумахер има 7 ама некои не го признаваат како најдобар, а Хамилтон нема ниедна и ги направи сите можни почетнички грешки тогаш кога беше најнепотребно ама сепак е бр.1 - Не ми е јасно)! Треба да се признае сепак дека Хамилтон најдобро се снајде од сите почетници и ветерани во Ф1, едноставно и најверојатно со повеќе среќа најдобро ѓи искористи поволните моменти преку цела Ф1 сезона... Како и да е не можеме да му судиме на почетникот за тоа дали ке го биде или не, има време за да се докаже!
Има возачи кои се по 10 години во ф1, па немаат ни една победа во кариерата како Ралф Шумахер, Џенсон Батон, Јарно Трули... (или имаат по една?)
Мислам дека Ралф Шумахер има 6 победи во својата кариера!
 
Тимови и возачи-2008

Ferrari> Kimi Raikkonen, Felipe Massa
BMW Sauber> Nick Heidfeld, Robert Kubica
Renault> Fernando Alonso, Nelsinho Piquet
Williams> Nico Rosberg, Kazuki Nakajima
Red Bull> David Coulthard, Mark Webber
Toyota> Jarno Trulli, Timo Glock
Toro Rosso> Sebastian Vettel, Sebastien Bourdais
Honda> Jenson Button, Rubens Barrichello
Super Aguri> Takuma Sato, Anthony Davidson
Force India> Adrian Sutil, не е познат вториот возач
McLaren> Lewis Hamilton, Heikki Kovalainen
 
Од дрвено, на камено

Фернандо Алонзо можеби направи нова грешка во својата кариера. Барем тоа е дел од мислењето на стручњаците за формула 1. Што подразбираат за тоа? Нелсон Пике јуниор е еден од најдобро припремените дебитанти. За разлика од Хамилтон, Пике ги познава одлично сите патеки кои се предвидено во календарот на ф1 сезона 2008. Доколку Рено произведе конкурентен болид со кој ке можат да атакуваат на шампионската круна сезонава, можно е да гледаме дуели слични на ланските, но наместо Хамилтон, ке го гледаме Нелсон Пике. Дали Алонзо повторно ке биде во сенката на дебитантите? Останува да гледаме.
 
Мислам дека Нелсон Пике Џр. ќе биде подобар од Хамилтон!!Кими пак ќе биди прв, така??Што велиш Џиш??
 
Ух... тешко многу да се прогнозира, сепак се зависи од тоа колку добро ке ја завршат домашната задача Мекларен (кој има дел од болидот за оваа сезона замрзнато поради Степни-Гејт аферата), Ферари, Рено а можеби и некој друг тим ке изненади. Возачите се доста квалитетни, во сите тимови така да борба борба на патеката тоа се бара... Не престигнување низ боксовите. Ако има борба кој и да победи ке биде заслужено.

Инаку мој фаворит е Хамилтон :)

едит: не ја заборавајте БАР Хонда која го има Рос Браун во тимот.
 
Јас мислам дека годинава БМВ има нешто во план, мојата интуиција тоа го вели!!Ама ајде да почекаме да почни сезоната!!Па ќе видиме!!
 
Објавени офоцијално тимовите и возачите за 2008. Подредени се по бројката на возилото.

Ferrari

1 Kimi Raikkonen (FIN)
2 Felipe Massa (BR)

BMW Sauber
3 Nick Heidfeld (D)
4 Robert Kubica (PL)

Renault
5 Fernando Alonso (E)
6 Nelson Piquet (BR)

Williams Toyota
7 Nico Rosberg (D)
8 Kazuki Nakajima (J)

Red Bull Renault
9 David Coulthard (GB)
10 Mark Webber (AUS)

Toyota
11 Jarno Trulli (I)
12 Timo Glock (D)

STR Ferrari
14 Sebastien Bourdais (F)
15 Sebastian Vettel (D)

Honda
16 Jenson Button (GB)
17 Rubens Barrichello (BR)

Super Aguri Honda
18 Takuma Sato (J)
19 Anthony Davidson (GB)

Force India
20 Adrian Sutil (D)
21 TBA

McLaren Mercedes
22 Lewis Hamilton (GB)
23 Heikki Kovalainen (FIN)

Ако се прашувате зошто Мекларен се последни, сетете се на казната во конструктори со која добија 0 бодови на салдото и автоматски се последни.

Возачите кои останаа без работа сезонава и се во борба за последното преостанато место во тимот Force India се: Giancarlo Fisichella и Ralf Schumaher a Alex Wurtz најави повлекување од патеките.
 
МекЛарен го претстави болидот за 2008

http://www.koli.com.mk/novosti/motosport.htmlОколу 400 претставници на медиумите, 700 вработени на МекЛарен, по преку 3.000 поминати километри тестирање го претставија наследникот на болидот од минатата година MP4-22, сега со ознака МP4-23. “Остануваат уште 68 работни денови до првата трка во Австралија. Дотогаш болидот ќе претрпи дополнителни измени за што поспремен да го дочека стартот на сезоната 2008” – изјави Рон Денис на презентацијата во музејот на Мерцедес во Штутгарт.

Веројатно се прашувате зошто толку многу бројки во најавата. Не случајно.

Сезоната 2007 МекЛарен ја загуби титулата за само 1 поен, во последната трка и доби казна од 100 милиони долари, а ги загуби и сите поени освоени во текот на сезоната. Поради тоа, тимот забележа пласман кај конструкторите на последното место, поради што болидот во 2008 ќе има стартни броеви 22 и 23 - истите бројки како и ознаките на болидот за сезоните 2007 и 2008.

Паралелно со болидот, беше претставен и новиот возач Хајки Ковалаинен, како партнер на Луис Хамилтон, кој за разлика од лани сега ќе биде прв возач во тимот, во својата само втора Ф1 сезона.


5pD6Dmcqlz101M_450x300.jpg

0pD5hPxMqEc2L__450x300.jpg

HBgJl1N6_450x300.jpg

HBddLTAQ_450x300.jpg

naslovna.jpg
 
Ферари го претстави болидот за 2008

F2008 е 54-тиот модел на Ферари со едно седиште и треба да биде наследник на шампионскиот од 2007. Новиот болид веќе го имаше своето деби, на тест патеката во Фиорано.
F2008 е значително потесен од претходникот, со зголемена висина на кокпитот, заради поголема безбедност.
Според Алдо Коста, главниот дизајнер на болидот, тој е прилагоден на новите правила на FIA, според кои менувачот треба да трае 4 трки. Најзначајната промена секако е во однос на контролата на тракцијата, која годинава ќе изостанува од сите болиди. Според Коста, болидот можно е дополнително да претрпи некои измени, посебно за специфичните трки во Монако и Канада.

Комплетно новата аеродинамика, со видливо изменети предни и задни крила се главните обележја на новиот Ферари болид, со кој во Маранело се надеваат на одбрана на титулата во двете конкуренции.
Ferrari_F2008_F1_11_dw.jpg

Ferrari_F2008_F1_9_bw.jpg

Ferrari_F2008_F1_10_5w.jpg

Ferrari_F2008_F1_8_aw.jpg

f_2008.jpg

0iaXoRzjxG671E_450x300.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom