Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
Во Кина последниве години особено е актуелен егзодусот на населението од руралните кон урбаните реони (на нашки, миграција: село-град). Овој процес е строго контролиран поради недостатокот на капацитети за да се задоволат апетитите на секој што сака да живее по градовите низ Кина.
Во исто време, урбанизацијата на глобално ниво се повеќе и повеќе ги нагласува проблемите со загадувањето на почвата и воздухот. Имајќи го сето ова на ум, архитектите од израелската фирма Knafo Klimor Architects предложиле проект за т.н. агро-домување, кој ги спојува агрикултурата и живеењето низ градските висини во една структура.
Овој проект го носи снабдувањето со храна директно до зградата, а за жителите поефективно да ги сфатат придобивките од урбаното земјоделство, предвидено е намалено потпирање на транспортот за аграрни продукти (купување и испорачка од продавниците). Плус, со вградениот систем за собирање на дождовна вода, проектот има потенцијал да ја редуцира потрошувачката на вода. Бидејќи просторот е голем, покрај задоволувањето на своите потреби жителите можат да остварат додатен профит од одгледувањето на земјоделските култури.
Со ова уште еднаш се нагласува тенденцијата на современата архитектура предизвикана од актуелните проблеми на животната средина и искомбинирана со најновите технолошки откритија. Овој проект за агро-домување ќе биде изграден во Вухан, Кина.
Како што може да видите од компјутерските рендери (сликите), објектот ќе содржи две странични кули за домување, а меѓу нив ќе се најде просторот во кој ќе се одгледува овошје, зеленчук, цвеќиња и дрва.
На крај, математиката е следна - ем живеење во град, ем чист воздух, ем можност за задржување на навиките од село... Made in China.