За ова имаше најава уште ланска година. Но, доста за тоа.
Да си исполнам јас ветувањето.
Градот Неапол.
Градот кој за свој светец го одбра Марадона, човек кој уште откако за прв пат стапна на ''Чизмата'', ја освои. Беше миленик на сите, во секој дом... под иконата од Исус, стоеше постер од новиот месија. Од Марадона.
Сезонава после неколкугодишна пауза Наполи е на старото место. На старото место но, со ново руво. Знаете навистина е интересна приказната за малиот но, сепак голем тим од Неапол. Годината беше 2001 епицентарот на скандалот беше во малиот италијански град. Банкрот. Солзи, плач, тага по улиците на Неапол. Дестинација Serie C.
Нити Seria C и нископрофилните клубови не беа пречка за тифозите. Тие поминале низ сито и решето, не смееа да го остават сега Наполи. Педесет илијади гледачи просек по натпревар, бројка со кој ретко можат да се пофалат прволигашите во калчото... Наполи не стивна, Наполи тлееше и се потсеќаше на јакиот Наполи кој жареше и палеше низ 80тите и 90тите.
Генерацијата беше, волшебникот од Аргентина Марадона... Карека, Карневале, Чиро Ферара, Салваторе Бањи. Тим за респект, тим кој го освои првото скудето на 10 Мај, 1987... кога Марадона ги уживаше своите најдобри денови. Тогаш Наполи стана првиот тим после легендарните Торино и Јувентус ос минатото, кој успеа на Купот да ја придодаде и титулата од првенството.
Тогаш дојде вашиот и наш Миленик, Личиано Моџи. Донесе таленти од рангот на Алемао и Џанфанко Ѕола... и ја освоиа втората титула и секако, Супер Купот понижувајќи го Јувентус со 5-1.
[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular] [/FONT]
Наполи беше на седмо небо. Но, не за долго. Лошата финансиска политика на ''Принцот'' Моџи доведе до продажба на Марадона, до огромни мултимилионски долгови... враќање во Сериа Б а подоцна и тотален банкрот. Наполи беше вовлезен во црна дупка, дупка од која немаше излез. Или не?
Во 2005 на сцена стапи филмскиот тајкун Аурелио Де Лаурентис и ова е човекот на кој целиот град треба да му симне капа. Тој го воскресна тимот. За само три година успеа да го донесе во елитата и всушност и да се бори рамноправно во елитата. Во минатата сезона го имаа најдобриот дефанзивен рекорд. Оваа година веќе, светлоплавите јуришат низ Сериа А, со неколкуте добри засилување Наполи цврсто им се спротиставува на Јувентус, Милан и Интер.
Форца НАПОЛИ!!!
[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular][/FONT]