СИТУАЦИЈАТА СО АРГЕНТИНЕЦОТ БЛИСКУ ДО РЕШЕНИЕ
Рикелме може да си оди во декември
Аргентинскиот репрезентативец Хуан Роман Рикелме е слободен уште во јануарскиот преоден рок да го напушти тимот на Виљареал, соопшти претседателот на шпанскиот прволигаш, Фернандо Роиг. На тој начин би можела да се реши едногодишната блокада на релација Виљареал-Рикелме, настаната заради несогласувањата на аргентинскиот фудбалер со раководството на клубот.
"Верувам дека сите проблеми ќе бидат решени во декември. Ако најде клуб, може да си оди одовде", прецизираше Роиг.
За Рикелме веќе беа заинтересирани челниците на бразилскиот Флуминенсе, додека Виљареал има намера во своите редови да го ангажира Тиаго Невес. Рикелме ја почна професионалната кариера во Бока Јуниорс каде настапуваше од 1996 до 2003 година, по што беше член уште на Барселона и Виљареал.