Градски паркови

  • Креатор на темата Креатор на темата georger
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 октомври 2007
Мислења
21
Поени од реакции
0
Мене многу важен дел од секој град ми е градскиот парк. Сакам да ми ги опишете градските паркови во вашите градови и како ги доживувате.
Немам посетено многу градови низ земјава ама од тие што ги имам видено дефинитивно на прво место ми е градски во Кавадарци!
 
па напрај некоја реклама, кажи шо нуди паркот, некоја легенда...
 
Мене многу важен дел од секој град ми е градскиот парк. Сакам да ми ги опишете градските паркови во вашите градови и како ги доживувате.
Немам посетено многу градови низ земјава ама од тие што ги имам видено дефинитивно на прво место ми е градски во Кавадарци!

Без конкуренција....:smir:
 
Од сите паркови во Македонија ...
Струмица би била меѓу првите имаме феноменален парк ..
Утре или Задутре ако можам и слики ке извадам Поздрав :salut:
 
Ај ако ме фати умот ќе направам некоја сликичка од паркот во Кавадарци, да видат и другите зошто е најдобар нели. :)
 
За другите градови не можам да кажам зашто не сум шетала многу по парковите, ама во Струмица паркот ни е прекрасно среден.
Еве сликички. Постари се малку, ама ги имам одамна овие, други нека стават останатите струмичани.


f_Park18m_d0971a8.jpg



f_Park19m_8c3dd9c.jpg


f_Park7m_19c97ed.jpg


f_Park21m_0db2ea1.jpg
 
Браво за walker girl стави некој сликички и ја реков дека ке ставам не сум наминал накај паркот да сликам ...
Но браво добри слики .. ај сега да видиме какви се другите паркови па да споредаме .. :vozbud:
 
А на Скопје паркот бе! ! !

Абе милина да ти е да се прошеташ...на почеток газиш на полуискршени плочки, гледаш десно фонтана што полуработи, одиш право се симнуваш по целосно искршени скали, пред тебе е споменигот на нашиот најистакнат војвода Гоце Делчев, како само гордо стои на споменикот (покажувајќи со двата прста кон Аеродром) со погледот одиш надоле и гледаш графити, безвезни натписи напишано во стил на Емче ваз хир (па што к*р ако Емче била тука!) те тера да поцрвенеш (незнам за вас ама стварно се срамам кога го гледам тоа) Човек што се борел за неговите идни генерации да спијат сигурно без страв дека некој турк е дојде и ќе бара данок во крв...патетика жива сме! Одиш уште право! Па после вртиш лево, одиш, одиш, пази дупка, одиш, се вртиш десно и гледаш мини спомениче од едно мече АМА со мечево нешто не е во ред, како некој 1 тон тежок напален бик да свршил врз мечето пробувајки неколку пати истото мече да го јавне (барем цело бело да го направевте шупаци едни, да личи на нешто ПУ!). Одиш уште малце понатаму и ја гледаш бината или таканаречената Школка целата исто како Гоце напишана со секакви графити и натписи (барем да се најдеше некој асален графит да се нацрта па да личи на нешто!). Спроти Школката го гледаш таканареченото Брдо со куќарката малечка, влегиваш кај неа и никако значи НИКАКО немој да си седнал на клупите затоа што некои такозвани чесни граѓани пиеле алкохол претходната вечер и се опијаниле и истурале алкохол врз местото наменето за седење...ова не е се има и масички ОООоооОООооо ДА! масичките се уште бетер, ни самиот незнам што се имало на нив... Е да ми текна веднаш до таа куќарка има нешто како незнам што ама ќе знаете за што викам кога ќе видите, односно кога ќе ја помирисате аромата на АМОЊАК!!! и се разбира истоименово место е и дувло за наркомани. Спроти тоа место е Кермез кој се гради 100 години и никако да се изгради (чисто се сумљам дека ќе се изгради додека не заврши мандатот на нашиот "чесен" градоначалник, ако не се изгради значи дека НЕМА НИКАД!)


Спремен да идам негде на гости накај Карпош или Влае и решавам да идам по стариот, дивиот дел на паркот... ЖИМИ СЕ ТАМУ МИ Е МНОГУ ПОДОБРО МЕСТОТО!!! Барем гледаш природа (така некако).


Па драги сограѓани од нашите соседни градови со нивните прекрасни градски паркови поминете некогаш накај нашиов скопски парк да видите што се "мераци". ОК не доаѓајте, несакате верувајте ми.


Драги скопјани, постов не го сфаќајте погрешно во стил на малиов "го сере паркот и стекнуваме лоша репутација за градот", кога и самите знаете во каква состојба е.

Како што би кажале металците наши наречени Metallica...SAD BUT TRUE.
 
Еее Кермес... што убо мочалиште беше на времето, сеа го оградија, и го градат и градат...

Дивиот дел од паркот е малку подобар, посебно Љунфер (од кај американска амбасада) е дообро место.
 
Де бе маарко и типа ке рамниш паркот на Скопје со Струмица ... далеку се разликите , Струмица има подобар и поубав парк ..
 
Ама сепак главен град е Скопје, барем да личи на нешто паркот.
 
Барем да личи на нешто оти знам запеза беше сега го подновувад ли ?
 
Нешто се збореше дека цел дел кај споменикот на Гоце Делчев ќе се поплочи и околу споменикот ќе се става ограда за да не може да се седи таму, паметно ова и исто така баш истиот дел можеле да направат како некој лавиринт со "жива" ограда. И кај Школката ќе го поплочувале делот пред неа, тоа дека на свирки многу прашина се кревало, ама ќе се види ова кога (ако) ќе се прави.
 
Градски парк во скопје двата дела се многу голем простор и не е евтино да се одржуваат, ама пак освен жими еднаш што го обновија стариот дел ништо се нема направено за паркот.
Инаку нејќете да ви ги покажам двата паркови ваму кај што сум, под конец е скоро се иако се големи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom