A
anaveno
Гостин
Дел од лингвистите велат дека пцостите се дел од македонското поднебје и оти се придружна содржина на секојдневниот говор. Се оди и до таму што се вели дека пцостата го одразува и расположението, во негативна, но и во позитивна смисла.
Дали сме нација која во својот вокабулар често го користи пцуењето?
„Македонциве, имало немало пцуеме. Таква ни е сортата."
„Мислам дека не сме нација која пцуе, ние во Прилеп велиме карање".
„Пцуеме и тоа многу. На се што ќе се случи пцуеме".
Придружна содржина
Лингвистот, професор Орде Сливјаноски вели дека пцостите се дел од македонското поднебје и се придружни содржини во секојдневниот говор,
„Генерално сме приврзаници на пцостите. Во секојдневниот живиот говор, ќе речам, пцостите се нужно зло. Го надополнува нашето расположение во убава, позитивна или неубав негативна смисла. Има луѓе кои се оградуваат од пцоста. Меѓутоа јас не сум таков приврзаник и фанатик дека пцоста не треба да биде наше его или наше секојдневие".
Кога и зошто луѓето користат пцост ?
„Пцујат за некој револт, ете, не му е погодено ништо"
„Луѓето и без потреба кара"
„Некогаш на шега, но некогаш и во лутина"
Македонките пцостите можат да бидат изразито вулгарни или благи по својата содржина, а најчеста тема во нив е жената, односно мајката, сестрата фамилијата или куќата
Македонските пцостите се употребуваа како нужна потреба „како добронамерни или злонамерни" објаснува професорот Сливјаноски.
„Пцоста може да биде со одмазднички карактер за да се расчистат некој стари сметки, а пцоста може да биде и добронамерно упатен, пример земјоделецот со пцост ќе го упати добитокот да оди во саканиот правец".
И машки и женски
Прилепчани често знаат да речат „маж кој незнае да пцуе не е маж!".Но, дали денес пцуењето е израз само кој го користи посилниот пол?
„Пцуењето денес често се употребува и кај жени кај мажи"
„Па, се научија и девојчињата да пцујат"
„Нешто помалку жените пцујат, инаку сите пцујат"
Од устата на мажи или жени, во дом, на улица, во чаршија, пцостите, несомнено, се присутна во секојдневниот жив говор. За некој тие се подобри од клетва.
„Мажот да ме изнервира не велам да го проколнам, ама ќе опцујам"
Други не можат без нив: „Па, ако ме прашаш мене само кога спијам не пцујам."
Трети велат: „Некако ми делува тоа вулгарно нецивилизирано"
А, последните тврдат: „Се случува да опцујам сега, ретко. Но, се трудам да не пцујам зошто тоа навистина не е добро")
BBC