300 луѓе како доказ колку во Македонија се цени музиката како уметност како креативна средина отелотворена од идеи, мисли и чуства. Ќе преминам веднаш на Мизар иако и другите беа инзвонредни. Длабоката продорна мисла и мелодија преточена во мрачниот звук и вокалната продорност на Горан Трајковски и Горан Таневски направи амбиент на вистинско ремек дело. Изведбата на Таневски беше повеќе од супериорна. Одеднаш сите Ламбевци и мориња од солзи беа само фрагментирани дамки на небулозни идиотштини пред грандиозното дело. И по извинение на софра ич к*р не ме болеше што имаше толку малку луѓе. За тој еден час музиката се издигна до највисоко ниво и замолкна во тишина.
13-14.05.2006 Универзална Сала, Скопје