Прочуени битки

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Битката за Малазгирт 26 август, 1071 год. се одвива во Ерменија, поточно во византиската тема - Баспраканија.



131_Bataille_de_Malazgirt.jpg

Абе чекај, нешто не ми е јасно овде! Ова на сликава кои се Турците, кои се Византијците??? Оној што го јавнува коњот ли е Алп Арслан?

Тоа воопшто не е веродостоен приказ на турски султан, хаха,само ќор не го гледа тоа. :uvo:
 
Битките за Вердан и за Сома

На денешен ден (18 декември 1916 год.) завршија две од најголемите битки во Првата светска војна --битката за Вердан и Сома -- во која сојузниците практично ги поразија Германците со што ја уништија нивната намера да го завземат тој сектор од Западниот фронт и со тоа да ја завршат војната во своја корист.

Во февруари 1916 год., началникот на Германскиот генералштаб Ерик вон Фалкенхајн, заклучил дека пробив на Западниот фронт не е можен и одлучил дека доколку им нанесе големи загуби на Французите само на определени места, ќе ги скрши и натера на преговори во кои тие ќе прифатат Германски диктат.

Вон Фалкенхајн го одбра изолираниот и слабо/непрофесионално бранет Вердан за да им ја испие крвта на Французите.

Во февруари 1916 год., Гермнците отворија офанзива за Вердан и за прв пат по поразот во битката за Марна во 1914 год., зачнаа да напредуваат во војната.
Многу Француски единици избегаа пред германскиот напад, други како по обичај се предадоа, а оние што решија да се борат беа лесен плен за Германците.

Кон крајот на февруари, Германците ја заземаа најголемата тврдина Douaumont и практично го контролираа тој дел на фронтот.

Алармиран дека Германија може да направи пресврт до почетокот на зимата и преку Вердан да напредува и понатаму и да ја добие војната, Британскиот генерал Даглас Хејг одлучи да ги пренасочи силите Германците со што отвори нова битка на Сома.

Германците префрлија голем дел од својата војска на Сома каде што им нанесоа големи загуби на Британците (60.000 убиени војници првиот ден, и меѓу 450.00 и 700.000 во целата битка), но затоа пак Французите успеаа да го повратат Вердан по цена од 350.000 жртви. Со тоа фронтот се стабилизира се додека САД не се вклучија во војната и ја поразија Германија.

Заради страотниот број жртви на двете страни, Вердан стана симбол за човечкото страдање.

http://www.firstworldwar.com/battles/verdun.htm

BattleofVerdun.jpg


BattleOfVerdun.jpg



Сома
BattleoftheSomme.jpg
 
Одлична тема, се надам деновиве и ја ќе допринесам со некој јака битка.
 
Битката кај ИС

Битката кај Ис (333 п.н.е.) бил вооружен судир во кој Александар Македонски, крал на Македонија го победил Дариј III Кодоман, крал на Персија.

800px-Battle_of_Issus.jpg

Борци


  • Македонците и нивните грчки сојузници, под водство на Александар. Војска: 5,000 коњица, 26,000 пешадија.
  • Персијците од водство на Дариј III со 30,000 грчки платеници, 40,000 пешадија и 20,000 коњица. (БЕЛЕШКА: овие броеви се од антички извори, главно од Аријан и Куртиј, кои претерано го преувеличувале бројот на Персијците за Александровата победа да изгледа уште поимпресивна)
Локација

Битката се војувала јужно од античкиот град Ис, близу денешниот град Искендерум, Турција, од двете страни на малата река Пинар (веројантно денешната река Пајас). Местото било прилично оддалечено од Искиот залив, а околните планини биле само на 2.6 км раздалеченост, така што Дариј неможел да го употреби големиот број на неговите војници правилно.
Увертира

300px-Is-dvizenja.png
magnify-clip.png

Движењата до бојното поле


Александар тргнал во поход на Азија во 334 п.н.е и ги поразил локалните персиски сатрапи во Битката кај Граник. Потоа тој продолжил со окупацијата на Мала Азија.
Додека Александар бил во Тарс разбрал дека Дариј собира огромна војска во Вавилон. Доколку Дариј сакал да дојде до Искиот залив, тој ја имал поддршката од адмиралот Фарнабаз кој сѐ уште оперирал во Медитеранот, така што би го олеснил снабдувањето и би бил во можност да му се впушти на непријателот одзади. Александар ја држел својата главна војска во Тарс, но затоа го пратил Парменион напред за да го окупира крајбрежјето на Ис. Во ноември Александар добил извештај дека големата персиска армија веќе навлегла во Сирија, во градот Сочи. Александар решил да ја прибере неговата раздвоена војска и да маршира јужно од Ис преку Јоновата клисура.
Дариј знаел дека Парменион ја држел клисурата и затоа се упатил северно. Персијците го зазеле Ис без проблем и ги убиле сите болни и ранети македонски војници кои останале таму. Сега Дариј разбрал дека успеал да дојде одзади на македонската војска и да ги прекрати набавките. Потоа тој ја наредил војската на добра одбранбена позиција долж реката Пинар и го чекал Александар да нападне.
Причини

300px-Is-prv_poz.png
magnify-clip.png

Првичните позиции на македонските и персисиките сили.


Постојат различни мислења за причините за битката. Еден убедителен став врз основа на Куртиј е дека Дариј бил приморан да го премести логорот во терен кој му одговарал на Александар заради тоа што Македонците се бореле дефанзивно по препорака на Парменион. Дариј не можел да ја издржува војската за време на зимскиуот период, а во неговите градови во Феникија веќе имало немири заради доаѓањето на Александар. Дариј бил принуден да ја премести неговата голема војска на едно ритче на бојното поле, позиција која била во огромна корист на помалата војска на Александар.
Александар чекал Дариј да дојде јужно од планинскиот венец Аман бидејќи преминот кој Дариј би го употребил, Беленскиот премин, бил многу поблиску до Сочи и давал најдобар пристап до територијата која Александар ја бранел. Александар чекал 16 км западно од Беленскиот премин кај Миријандер за да му постави замка на Дариј кај Беленскиот премин или преку Јоновиот столб доколку одел северно, каде дариевата војска би била неорганизирана и расштркана во теснецот. Но Дариј се движел северно од Сочи и околу планините, доаѓајќи одзади александровата позиција и скратувајќи му ги комуникациските врски. Така Александар бил приморан да маршира кон Дариј, кој го фатил неспремен со голем крилен маневар. Ова ја дава илузијата дека Дариј играл дефанзивно, бидеќи Александар бил приморан да маршира кон него.
Битката

Македонците продолжиле преку Јоновиот столб. Александар и неговите коњички придружници биле на десното крило, а тесалската сојузна коњица на левото. Фалангата ја командувал Парменион. Дариј ја формирал својата линија така што тешката коњица ја поставил заедно до брегот од неговата десна страна, потоа грчката платеничка фаланга (12,000, исто колку и македонската). До грчката фаланга Дариј ја поставил персиската пешадија, кардаките, долж реката и во подножјето, каде што го совивале друфиот брег и претставувале закана за десното крило на Александар (оваа формација била слична на буквата гама или Γ). Аријан дава претерана бројка од 20,000 за овиуе трупи. Дариј се сместил во средината заедно со најдобрата пешадија, грчките платеници и кралската коњичка гарда. Според некои историчари, тој сакал да ја имитира хеленската воена формација видена во битката кај Граник.
300px-Is-res_mom.png
magnify-clip.png

Решавачкиот напад на Александар


Персиската коњица јуришнала на Парменион, а сојузничката коњица преку реката за отворање на битката. Левото крило на Александар набргу станало од суштинско значење, како кај Гавгамела две години подоцна, каде Парменион успеал да го додржи крилото против супериорниот број Персијци доволно долго за Александар да може да изврши пресметан коњички напад против Дариј и да ја разбие персиската војска. Штитоносците под водство на Александар пешки во ова време напаѓале во коритото на реката врз кардаките и успеале да пробијат дупка низ персиските редови.
Потоа Александар се качил на коњ на чело на неговите коњички придружници и диретно почнал да јуриша накај Дариј кој избегал од бојното поле. Заради ова Персијците почнале да се повлекуваат. Македонската коњица ги гонела Персијците во повлекување сѐ додека не се стемнило. Тука се случило големо крвопролевање заради масовното, неогранизирано повлекување на Персијците и гонењето од страна на Македонците.
Последици

Поразот на Персијците во битката кај Граник го означил почетокот на крајот на периската моќ. Ова била прва битка која персијците ја изгубиле во присуство на Дариј.
Дариј пребегнал преку Еуфрат, оставајќи ја неговата мајка, жена и деца во милост и немилост на Македонците. Александар уште еднаш го победува Дариј во Битката кај Гавгамела во 331 п.н.е.
Отсликувања на битката

Битката била илустрирана (според римскиот писател Плиниј) од грчкиот сликар Филоксен од Еретрија, во доцниот 4 век п.н.е. Оваа слика денес не постои, но постои мозаик според оваа слика пронајден во Помпеја во Куќата на фаунот. Мозаикот е денес во националниот музеј во Неапол и датира од 1 век п.н.е; видете: Александров мозаик
 
Една битка која ке остане прочуена не заради нејзиниот интензитет и големина ами често како лош пример и подбивање.Американската инвазија на островот Киска или ,,Operation Cottage,,.

Островот Киска е дел од Алеутските острови и Аљаска и бил заземен од Јапонците во 1942 година.На 15 август 1943 година, Американската 7 дивизија и Канадската 13 пешадиска бригада поддржани од силна група на воената морнарица на САД го напаѓаат островот и се истоваруваат на истиот при што загинале 22 војници и околу 40 исчезнале за кои се претпоставува дека се мртви нормално.

Исходот и не е толку чуден ако се изземе фактот дека на островот немало ниту еден јапонски војник, бидејќи две недели претходно го напуштиле островот откако увиделе дека нема никакви шанси истиот да се брани поради неговата изолираност.
 
Една битка која ке остане прочуена не заради нејзиниот интензитет и големина ами често како лош пример и подбивање.Американската инвазија на островот Киска или ,,Operation Cottage,,.
Островот Киска е дел од Алеутските острови и Аљаска и бил заземен од Јапонците во 1942 година.На 15 август 1943 година,Американската 7 дивизија и Канадската 13 пешадиска бригада поддржани од силна група на воената морнарица на САД го напаѓаат островот и се истоваруваат на истиот при што загинале 22 војници и околу 40 исчезнале за кои се претпоставува дека се мртви нормално.Исходот и не е толку чуден ако се изземе фактот дека на островот немало ниту еден јапонски војник,бидејќи две недели претходно го напуштиле островот откако увиделе дека нема никакви шанси истиот да се брани поради неговата изолираност.


Чекај чекај 62 мртви а на островот немало јапанец?Pro....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom