Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Без збогување - Линвуд Баркли

одличен трилер,содржината е одлично скоцкана, нема пренатрупаност од ликови, крајот не очекував дека ќе биде таков (барем синтија да си направеше троа по долг разговор со скоро запознатиот татко) :D
 
Good to Great - Jim Collins

Принципи и правила како да зајакнете бизнис, или всушност, се однесува за било каква организација, но во книгата се земени пример со фирми.
 
„Левитан“ - Витомил Зупан

„Левитан“ е еден од словенечките романи кој припаѓа на т.н. „затворска литература“, но исто така е и еден од ретките што продолжуваме да ги читаме иако настаните што тој ги пренесува одамна не се така актуелни.

Нараторот, всушност самиот лик - Левитан (алтер-егото на Витомил Зупан) раскажува во „јас“ форма за своите затворски доживувања.
Левитан е затворен бидејќи во пијана состојба на еден од луѓето на словенечкиот врв му соопштува дека како што наводно известило некое швајцарско радио, Тито поднел оставка. На ова обвинување подоцна му се придодадени уште неколку, воглавно измислени, но сепак не и без никаква основа.
Преку неговиот исказ дознаваме за мачеништвата на многу образовани луѓе, писатели, интелектуалци, но и обични работници, чиновници. Неговото раскажување не е ни најмалку сентиментално или патетично жалење, напротив тој се обидува разумно да ни ги пренесе своите размислувања, обидот да ја сфати затворската „хиерархија“ и правилата кои владеат таму. Во романот има повеќе раскажување на сексуални искуства, отколку затворско насилство, не покажува ни најмало самосожалување или опис на страдања. Да раскажува за затворската хронологија му се чини непотребно, а за читателот тоа би било досадно и веќе видено. Ни пренесува за текстовите што ги читал во затворот па така имаме алузии на познати светски дела од литературата, за радио емисијата која ја водел, обидот да избега од рутината, па дури и хумористични елементи и вицеви.

Поднасловот на овој роман е „роман који то и није“ што на некој начин ни го дава клучот за читање на ова дело бидејќи тоа се всушност еден вид затворски антимемоари и искуства на еден писател.
 
Како да пливате со ајкули без да бидете изедени живи.
Харви Мекеј
Толку моќна книга!!
Препорачувам сите кој се бават со меначерство, претприемништво оние кој се раководитеи, директори а најмногу преговарачи, под најхитна постапка да ја имат книгата во нивните раце.
Мене ми ја даде директорката и стварно ме мрда неколку степени нагоре.
Ги содржи најмнојкните техники за преговарање и победа над другите конкуренти. Најважно не е како оние How to прирачници туку е нешто посебно .. Се надевам дека и вие ке мрднете неколку степени нагоре после ова. Позз;)
 
„Доктор Живаго“ - Борис Пастернак
Книгата за која авторот доби Нобелова награда и беше принуден да ја одбие, под притисок на советската власт. Прекрасна сага за животот на Јуриј Андреевич Живаго, доктор, поет и филозоф кој и во војната и во љубовта секогаш ќе биде „разделен на две“. Изобилува со прекрасни цитати и феноменални описи, особено е интересна поради разработката на Октомвриската револуција и Првата Светска Војна. Во втор план е љубовната приказна меѓу Јуриј и Лара, а се разработуваат темите за лична слобода и корупцијата на власта.
Како и во повеќето руски класици, тука исто така се среќаваме со дилеми во религијата, политиката, внатрешни духовни премрежија и смрт. Во војната идеалите умираат, а без разлика на чија страна учествува, човекот губи.
 
Fifty Shades Freed. Кога се фатив на орото да го одиграм до крај. Хм, што знам. Порнографија на хартија. ОК приказна, ама напишана не баш најубаво. Од фалењето на книгата, до тоа што е има многу разлика. И за првата и за втората книга истото мислење го имам. Премногу фама околу просечна приказна.
 
Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма
Продолжени од Калуѓерот што го пордаде своето ферари...
Иако читам некој коментари дека Шарма не е нешто спешл јас го обожавам ... Толку многу ме допреа книгите што стварно се променив ...
Пробајте :):):)
 
Икона од Фредерик Форсајт
Трилер со тема условно кажано Русија 80-тите и 90-тите, во кој се пишува за неонацистичките партии во Русија и меѓународните активности на тајните служби на повеќе држави со хронологија на настаните од 80-тите и времето на Тачер и Горбачов. Посебно се подробно опишани информациите за животот во Русија во руската криза од крајот на 90-тите, активностите и дејствата на КГБ и дејноста на американските и британски тајни служби.
 
Икона од Фредерик Форсајт
Трилер со тема условно кажано Русија 80-тите и 90-тите
убаво ме потсети сега на неа
ја имам прочитано пред едно 5 години , но не за секого ќе е интересна
 
Виктор Суворов - Спецназ

Техничко-тактички приказ измешан со идеологијата и индоктринацијата на Одделенијата за Специјално Назначение у Советскио Сојуз. Интересно четиво.
 
„Црвено и црно“ - Стендал

Француски роман од 1831 година во два тома. Штотуку го прочитав првиот том, продолжувам со вториот од утре. Делото импонира со возвишениот стил: детален опис на ликовите, поготово на карактерните црти, моралните вредности, внатрешните размислувања и двојби - овие ликови не се еднодимензионални, него Стендал ни дал ликови со длабоки психолошки описи; понатаму природен тек на настаните и дејствијата, природен дијалог; уште и извонредно напишани реченици, мисли, преку кои Стендал ни го пренесува точно она што е потрбно во моментот, понекогаш директно, понекогаш со употреба на некои од стилските средства. Иако може да се смести во стилот на романтизмот, повеќе тежи кон реализмот. Без преголем романтичарски занес и преувеличување, туку како што самиот Стендал вели на едно место од книгата - страници предадени со умерени бои.

Содржински, делото ги опишува напорите на млад, сиромашен селанец да стаса до врвот на општеството, проследено со сите искуства: невољи, љубовни доживувања, студии, интриги. Сместено во периодот после Бонапарта, кога се враќа монархијата во Франција; време кога големо влијание има католичкото свештенство, во кое херојот, Жилиен Сорел, ќе најде прилика за задоволување на своето славољубие.
 
„Интерпретација на бајките“ од Мари-Луиз фон Франц

Се работи за збирка предавања кои авторката ги одржува на институтот К.Г. Јунг во Њујорк, со цел да им ја доближи архетипската димензија на бајките на студентите. Бајките се наједноставен и најчист вид на колективното несвесно и како такви овозможуваат најдлабок увид во базичните причини на човечката психа.
Со интерпретацијата на неколку класични бајки делото му помага на читателот во разбирањето на Јунговиот метод на интерпретација.

Мари-Луиз фон Франц (1915-1998) важи за неприкосновен авторитет во подрачјето на психолошката интерпртација и анализа на бајките. После студиите по класична филологија и докторирањето, почнува да ги преведува старите латински текстови за К.Г. Јунг, кои ќе станат темел на неговото проучување на алхемијата и почнува да се занимава со аналитичка психологија. Таа е најплодна и најрепрезентативна наследичка на Јунг, авторка е на бројни дела за соништата, синкроницитетото, митовите, бајките и алхемијата.

Еве едно старо видео за оние кои имаат време :

 
Милан Кундера - Бесмртност

,,Смртта и бесмртноста се неразделив пар, посовршен од Ромео и Џулиета или Лоренс и Харди. Бесмртноста подразбира вечно судење''

Уште еден од генијалните романи на Кундера каде го објаснува човечкиот копнеж на оставање зад себе некое наследство. И овде трага по смислата на животот не губејќи го специфичниот хумор на моменти. Кундера станува неверојатен психолог кој успева да им влезе во главата на ликовите и да ги "исцеди" сите нивни мисли. Смртта е присутна во романов но присутни се и фиктивни ликови како Гете и Хемингвеј кои се сретнуваат на небото и дебатираат дали тие самите или книгите се она што им донело слава. Во книгата се појавува и Агнес, нејзината сестра Лора и сопругот Пол. Во книгата како лик се појавува и самиот Кундера кој има една конверзација со проф.Авенариус. Романска приказна со скокање низ времето на граница помеѓу фикција и реалност, дело кое ќе ве натера да мислите со денови....
 
An introduction to classical nahuatl-Michel Launey-ne e potrebno da komentiram, vsusnost, stetno e. Se vljubiv vo asteckata metafizika i sega moram da im go iznakazuvam jazikot :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom