- Член од
- 5 февруари 2007
- Мислења
- 10.756
- Поени од реакции
- 13.572
Само што ја дочитав А потоа, од Гијом Мисо, писателот на книгата Затоа што те љубам. Оваа вторава брзо ја прочитав и интересен концепт ми имаше па ајде решив да читам уште нешто од него. И таман помислив дека човеков има потенцијал да создава добри трилер книги со некои надреални елементи се зезнав. Прочитав книга со повеќе страни отколку што треба, која има дупки, приказна која е развлечена, дијалози кои се тука да набилдаат страни, вклучувајќи и описи. Едно е сигурно, америте оваа книга ќе ја обожаваат, а некој режисер овде ќе си најде основа за филм. Приказнава е за т.н Гласници, кои се обични луѓе со способност да предвидат кој ќе умре наскоро, они не можат ништо да направат за нив, а улогата им е да им го олеснат преминот на другата страна.
Ова е книгиче за во метро или за во ЈСП додека одиш некаде. Книга што се чита толку бргу не може да содржи некоја посебна вредност. Дефинитивно новиве писатели играат на потрошена карта, во која ставаат еден трилер елемент и дијалози, а откако ќе ја прочиташ нема да ти текне д аја читаш пак, зашто штосот го знаеш, а не постои подлабока мисла заради која пак би и се вратиле на книгата.
Јас оваа книга ја препорачувам за тепање време. Не очекувајте премногу.
Апсолутно секој со кој сум праел муабет околу делава на Гијом се има разочарано од романчево. И замисли, има филм со Џон малкович како Докторот.
Он топик
Доживљаји Шерлока Холмса - Сер Артур Конан Дојл. Кратки случаеви на омилениов детектив, понекоја ексцентирчна мисла. Го поштуем.