Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
„Браќа Карамазови“ од ФМД
 
Доаѓам по тебе и те водам со себе од Николо Аманити, интересно, испреплетено, ме релаксира доволно за да сакам да ја земам во рака и да продолжам да ја читам приказната во приказната. :)
Во последниов период се префрлив на италијански современи автори.:kafe:
 
Моментално ништо чекам да земам некоја добра книга, но овие 2 недели на плажа прочитав 4 книги
-Венчавка со Буда - Веј Хуј (интересна книга и сега очекувам ново дело на оваа писателка да видам што понатаму)
-Најголемиот трговец на светот- Ог Мандино (па има добри и поучни работи, но ништо посебно така да нови книги од овој автор не фала)
-Захир - Пауло Коелјо (реченицата ...треба да престанеме да бидеме она што мислиме дека сме, за да станеме она што навистина сме... објаснета во 350 страни, со тоа што отпочетокот навистина ми се допадна но како се ближеше крајот се повеќе не, па претерал малку со неговата фантазија Коелјо)
-Порака во шише - Николас Спаркс (ми беше при рака морав и по втор пат да ја прочитам, ја сакам книгава) :pipi:
 
Сто години самотија - Г. Г. Маркес
 
Фенг шуи-уредување на домот
 
Добропознатата Пиреј од Петре М. Адреевски
 
моментално ја прочитав целестинско прорештво многу интересна книга
 
Само што ја завршив Идентитет од Кундера, идеите на писателот колку што ми ја јачаат психата, толку ми ја разрушуваат силата и вербата во животот.
Добар психолошки роман.
Тежок.
 
Моментално ја читам Физиолошка Психологија :kafe: за испит ми е :vozbud: кај и да е ќе ја дочитам и Татарска Пустина од Ден Браун :vozbud:

„Татарска пустина“ е од Дино Буцати. :)

И јас веќе почнувам со неа.
 
ja citam Memoarite na Albert Ajnstajn...Kire Ilievski...ama ne sum sigurna dali sakam da ja docitam :D
 
Тунел од Петре М.Андреевски
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom