The Sopranos

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено, ако некогаш се снима продолжение на серијава, во продолжението ќе мора ќерката да биде главна улога.

Медоу го наследи Тони во се`, приказната е ептен како Кум, сите ја потценуваат ќерката цело време, а го величат синот наследник, за во пракса ќерката да биде вистинскиот наследник, а синот испаѓа патетичен Фредо кој едвај знае да си ги врзи врвките на обувките, а не па да води фамилија и семеен бизнис.

Плус и би било во дослух со новиве времиња.

Има теории дека ова е увертира во нешто такво, ама тешко.. т.е невозможно
 
Глеав рилс на инстаграм и еден дечко со Тесла возило мести свирката као да му свири и го става она Emotional damage што го изговара еден кинез и мисли дека ја има најјаката свирка у свет.

Друже, те молам.

Најлудата свирка во историјата на сите свирки и општо сите звуци во овие милијарди и милијарди години колку што постои планетата.
 
Најдобра нога во Сопранови!
eyc8qnu0sv221.gif
 
Anthony Soprano A.S, Alan Sapinsly A.S... истиот човек разликата е во тоа што едниот дејствува на легален начин.

Издвоен цитат:
these fuckin phones...we were better off years ago
 
Искрено, ако некогаш се снима продолжение на серијава, во продолжението ќе мора ќерката да биде главна улога.

Медоу го наследи Тони во се`, приказната е ептен како Кум, сите ја потценуваат ќерката цело време, а го величат синот наследник, за во пракса ќерката да биде вистинскиот наследник, а синот испаѓа патетичен Фредо кој едвај знае да си ги врзи врвките на обувките, а не па да води фамилија и семеен бизнис.

Да но никој не го величи синот тука, сите знаеме дека не е способен да го наследи Тони ниту пак така е воспитан. Од друга страна ни Медоу не верувам дека е за таков живот. Едноставно не се така воспитани.
 
Точно, но поентата е дека од гледна точка на карактер, ќерката е вистинскиот наследник на Тони Сопрано, додека синот цело време беше третиран како машкиот наследник кој ќе ја продолжи семејната лоза Сопранови, а испадна будала од невидени размери.
 
Периодот кога Тони ја тераше онаа фарса да биде подобар човек и свесно ја усра приликата со Џулијана за после да лупа по дома по фрижидери :icon_lol:, знаејќи дека се направи будала од себе

Воедно ова е стварно добар приказ на сексуални фрустрации, нешто што сите имаме искусено :D
 
Колку пати ја имате гледано серијава, и колку често ја гледате пак цела од почеток?

Јас прв пат ја гледав зимава и мислам дека ќе терам секоја година по еднаш да ја гледам. Многу сакам такви серии шо 100 пати да ја гледаш нема да ти здосади.
 
Па едно добри 10-15 пати цела ја имам изгледано, не ги ни бројам веќе.
Ремек дело од серија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom