Каков крвен притисок имате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Просек ми е 90 спрема 60... А пулост ми е прилично висок.
 
Отсекогаш низок притисок.
Пред некој ден беше 80/40, чиста среќа што не се онесвестив негде, ама затоа пак 3 дена ме уби главоболка.
Помагаат кока кола, кафе, чоколада... По цели денови тоа.
 
низок затоа сум постојано со водата мислам 2 или 3 литри дневно пијам.
 
Не сум мерел,вака е поарно
 
Јас искрено да ви казам имам проблеми со низок притисок обично 80 со 50
Нон стоп ми се сие без разлика колкуи да спијам и ако не мавнам неколку кафинја во денот
како укочен сум .....
Дали некој знае дали ова мозе да има некоја сериозна последива понатака инаку 21 год сум.
 
истиот сум-со низок притисок,абе ова епидемија некоја да не е
 
Константен 120 со 80, иако пред некој ден поради минатиот цел ден на сонце дигнав 150 со 90, а пулсот е 50-60
 
Ме интересира дали зголемување на мускулна маса значи и зголемување на крвниот притисок?
 
Ме интересира дали зголемување на мускулна маса значи и зголемување на крвниот притисок?
Па зависи, ако земаш стероиди можно е да ти се покачи притисокот, а без стероиди мускулната маса ќе биде во разумни граници, така да нема :)
 
Млад човек сум 25-6 год. по градба сум висок, а слабичок !
Од на татко ми страната се подебели и сите вклучувајќи го и него имаат високи притисоци, а од на мајка ми страната се послаби и вклучувајќи ја и неа имаат доста ниски притисоци(испод нормалата), сестра ми која е слаба по градба исто така има нон-стоп низок притисок, но јас иако најчесто имам нормален притисок често пати знае малку да ми подрипне, особено после пиење на течности, вода, сокови, кафиња и.т.н. а исто така и после физичка активност: пешачење, работа и.т.н. исто така ми оди преку нормала, во што е проблемот, зашто на сабајле ми е низок или нормален, а потоа откако ќе се раздвижам и ќе испијам неколку кафиња(3-4 на ден турски) ми се качува изнад нормалата !
Нормална граница како што знам е 120/80, но после физичка активност и после пиење на кафиња или сокови ми покажува апаратчето 135/85 или па 140/90 ?!
Инаку по градба сум висок а слаб, не јадам многу обилно, мрсно не јадам, солено многу не јадам, луто ич, претежно сум на леб, тестенини, јајца, млека, сирења, а месо ретко јадам и тоа само чисто кртина месо(свинско, пилешко, рибјо) !
 
Па зависи, ако земаш стероиди можно е да ти се покачи притисокот, а без стероиди мускулната маса ќе биде во разумни граници, така да нема :)

За стероиди е јасно, секако дека го влошуваат притисокот. Збор ми беше за класично вежбање со тегови кои исто така може да нафрли поприлнично мускулна маса за 3-4 години.
 
Ме интересира дали зголемување на мускулна маса значи и зголемување на крвниот притисок?
Теоретски, да, зголемување на мускули, зголемена потреба од крв, зголемена циркулација во мускулите, зголемен прелоад на крв во срцето, зголемен афтерлоад, зголемен притисок. Ова е и моменталниот ефект од вежбањето кога се зголемува притисокот, заради зголемен проток на крв во мускулите. Ама ти нема да ги зголемиш мускулите за еден ден или една недела па тоа да биде шок за организмот, ќе си работат механизмите за адаптирање во меѓувреме.
Ама во реалност не е така, бидејќи телото има повеќе механизми за да го одржи притисокот, еден е намален ритам на срцето во мирување, и затоа е често кај спортисти да имаат побавен ритам во мирување.
Ако константно постои зголемен притисок има некој проблем.
 
Млад човек сум 25-6 год. по градба сум висок, а слабичок !
Од на татко ми страната се подебели и сите вклучувајќи го и него имаат високи притисоци, а од на мајка ми страната се послаби и вклучувајќи ја и неа имаат доста ниски притисоци(испод нормалата), сестра ми која е слаба по градба исто така има нон-стоп низок притисок, но јас иако најчесто имам нормален притисок често пати знае малку да ми подрипне, особено после пиење на течности, вода, сокови, кафиња и.т.н. а исто така и после физичка активност: пешачење, работа и.т.н. исто така ми оди преку нормала, во што е проблемот, зашто на сабајле ми е низок или нормален, а потоа откако ќе се раздвижам и ќе испијам неколку кафиња(3-4 на ден турски) ми се качува изнад нормалата !
Нормална граница како што знам е 120/80, но после физичка активност и после пиење на кафиња или сокови ми покажува апаратчето 135/85 или па 140/90 ?!

Природно реагира организмот при напор со дигање на притисокот, исто така и при зголемен внес на течности се зголемува притисокот привремено додека да се стабилизира. Ако ти се качи над 140/90 консултирај лекар, но притисокот се мери по 15 минутно мирување на двете раце по 2 пати и се вади просек. Не го мери притисокот по пиење кафе или по физичка активност барем извесен период.
 
Еднаш испив две кафиња јаки и тоа во рок од саат-два, а плус и нешто работев низ двор и после влегувам внатре го ставам апаратчето(дигитално) на рака и се извадив од памет, од тогаш имам уплав пак да го измерам притисокот !
Значи не треба да се мери одма после пиење на кафе или одма после одредена физичка активност !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom