Шо прајте бе луге, една недела ме нема на форумов вие сте ја привршиле темава. Шо се дешава ново со Јуве, ме мрзи да читам 20-30 страни наназад па ако сака некој нека објасни во кратки црти, и што е ова со Касано што зборувате во последниве поста, ич го нејќам во Јуве, имаме доволно напаѓачи, не гледам никаква потреба од него.
За Касано постоеја шпекулации, но тие шпекулации пораснаа уште повеќе кога Касано изигра брилијантно против Јувентус.. Касано веројатно (доколку биде ангажиран) ќе биде крило, замена за Недвед, ама веројатно него го чуваат како опција, ако преговорите со Давид Силва или Диего не успеат..За Диего сум песимист, како прво Вердер побара 35 милиони (веројатно од кога слушнаа дека Диего е на радарот и на Манчестер Сити), а второ Секо секој ден повторува дека Диего не се вклопува во 4-4-2 формацијата, ама во фудбалот ништо не би ме чудело така да како иди летниот трансфер период така работиве ќе се кристализираат...Инаку во последно време се шпекулира и за Франк Рибери од Баерн Минхен...
Денешен Тутоспорт излегува со многу интересни наслови:
Агентот на Рибери: „Сонот на Рибери би се остварил во Јувентус“
тука
Агентот на Силва: „ Ако Валенсија се реши да го продаде Силва, Јуве е сериозна опција..
тука
Единствената пречка била Барселона, но не знам дали Валенсија ќе сака еден од своите најдобри фудбалери да му ги продаде на својот лут ривал..Ама верувам дека Јуве ќе се ангажира сериозно, и дека ќе го одврзи ќеседто зошто се работи за извонреден талент...
Исто така, Диего утре гостува во Милан со својот Вердер против Милан, и Тутоспорт тоа минатата недела пишуваше дека ќе има средба меѓу таткото на Диего и Секо, па да видиме до утре дали ова е вистина...
тука
[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular][/FONT][FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular]
[/FONT][FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular][/FONT]А исто така постојат шпекулации дека Јуве се интересираат за дефанзивецот на Ливерпул Агер, дефанзивец кој според шпекулациите се интересираат и Милан и Интер...
А Кориере Дело Спорт, излегува со веста дека веќе се почнати разговорите меѓу Касано и Јувентус..
тука