Третиот Рајх и Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Чим Хитлер таква понуда му дал на В.Михајлов очигледно не бил добро информиран за македонските работи.
 
Чим Хитлер таква понуда му дал на В.Михајлов очигледно не бил добро информиран за македонските работи.

Му ја дал таа понуда на Михајлов затоа што друга организација, блиска со хрватската, немало. Имало, ама тие фракции биле прво многу слаби, па комунистички и проруски, а русите пак воопшто не биле заинтересирани за содавање на Македонска држава.
 
Ма како сака нека биде, на Хитлер не му било ни до Хрватска, Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија итн...... тој сакал германски рајх, се друго, поставувањето на марионетски влади, му било само привремено решение колку толку германците да бидат растеретени поради ангажирање на поголемите проекти, СССР, Африка...... а доколку успеел во тоа тешко дека и овие марионетиве би опстанале..... едноставно биле во спротивност со доктрината по „Мојата Војна’’.......го знаеме мислењето на Хитлер за негерманските народи.
 
Идол на Хитлер бил Александар Македонски(и Наполеон).Тоа е причина да гледа со симпатии кон Македонците.Се сеќавам баш за ова зборуваше еден професор од средно.Да се разбериме во никој случај не сум про-Хитлер или ја обожавам неговата политика,само се надоврзвам на историскиве факти.
 
Види, никој не рекол дека Хитлер бил борец за правата на Македонците, да се разбереме :)

Се' е за интерес, меѓутоа дека недвосмислено Македонците се набројани како посебен народ, што оди и во спортивност со политиката на неговата сојузничка Бугарија, неможе никој да одрече.

За Германците немало никаков “Солунски“ фронт, постоел само МАКЕДОНСКИ ФРОНТ, со јасно зазначени мапи каде се гледа МАКЕДОНИЈА.
 
Види, никој не рекол дека Хитлер бил борец за правата на Македонците, да се разбереме :)

Се' е за интерес, меѓутоа дека недвосмислено Македонците се набројани како посебен народ, што оди и во спортивност со политиката на неговата сојузничка Бугарија, неможе никој да одрече.

За Германците немало никаков “Солунски“ фронт, постоел само МАКЕДОНСКИ ФРОНТ, со јасно зазначени мапи каде се гледа МАКЕДОНИЈА.

Солунски фронт постои само во главите на србите:toe:
И не само за германците, и за французите.....
 
Уште во Првата Светска војна јасно знаеле што е каде е и чие е:

REICHSARCHIV


Повеќе на темава

macedonien_1916_reichsarchivs-10.jpg




Само што добив порака од бугарите дека повеќе не планираат да пишуваат на форумов, имено, Бошко им бил многу љут оти биле неспособни говеда, па веројатно самиот лично ќе ни дојде на гости да им покаже на стипендистите како “требало“.

Заземете удобна позиција, го чекаме Божидарко.
 
Хитлер - ЦАР :vozbud:
Шала настрана се што сте напишале овдека е ок, но нема ниеден грк да го види ова на кајгана форумот, а за бугари можеби двајца ќе го видат.
Ако добијам согласност би можел да го ставам на неколку грчки форуми, пошто знам грчки и би можел да ве информирам што и како коментари.
Барам дозвола, зашто не сум афтор на темава, знам дека не е заштитена, но сепак човечки е да се праша.:smir:
 
Хитлер - ЦАР :vozbud:
Шала настрана се што сте напишале овдека е ок, но нема ниеден грк да го види ова на кајгана форумот, а за бугари можеби двајца ќе го видат.
Ако добијам согласност би можел да го ставам на неколку грчки форуми, пошто знам грчки и би можел да ве информирам што и како коментари.
Барам дозвола, зашто не сум афтор на темава, знам дека не е заштитена, но сепак човечки е да се праша.:smir:

temata kruzeze vekje po stranski forumi, baska so slikite kade adolf e slikan so popovite na maunt atos:pos2:

slobodno peglaj gi ciganive
 
Хитлер - ЦАР :vozbud:
Шала настрана се што сте напишале овдека е ок, но нема ниеден грк да го види ова на кајгана форумот, а за бугари можеби двајца ќе го видат.
Ако добијам согласност би можел да го ставам на неколку грчки форуми, пошто знам грчки и би можел да ве информирам што и како коментари.
Барам дозвола, зашто не сум афтор на темава, знам дека не е заштитена, но сепак човечки е да се праша.:smir:


Не прашувајте за “дозволи“, едноставно ширете ги овие податоци, бидејќи никој друг нема да го направи тоа за нас.

Истражувајте и проширувајте ја темата, додавајте дополнителни информации и сл.


П.С. Бугариве свикаа состанок вечерва, за да се договорат како да настапат. :tv:
 
Уште во Првата Светска војна јасно знаеле што е каде е и чие е:
Гледам и Босна ја има, а и Унгарија како башка во тоа време тоа беше Австроунгарија, ова ќе да е нешо поново ?
 
Па ако малку се помачиш да ја разгледаш мапата ќе видиш каде се протегаат границите и тоа малку ќе ти разјасни.Да е поново Унгарија нема да биде до Белград,Струмица во Бугарија итн итн...
 
Идол на Хитлер бил Александар Македонски(и Наполеон).Тоа е причина да гледа со симпатии кон Македонците.
Па тогаш што не имал симпатии кон Французите?
 
Гледам и Босна ја има, а и Унгарија како башка во тоа време тоа беше Австроунгарија, ова ќе да е нешо поново ?

Првата е издадена во Берлин, 1924!

macedonien_1916_reichsarchivs-02.jpg


Додека другава е од 1925

quen044.jpg


quen033.jpg




General a.D. D. Dieterich
„WELTKRIEGSENDE AN DER MAZEDONISCHEN FRONT”

SCHLACHTEN DES WELTKRIEGES
Band 11

“Крајот на војната на Македонскиот фронт“
Битките во Првата С.В.
Том 1
1925


И двете се издадени од
Verlag von Gerard Stalling 1789
Oldenburg-Berlin
 
Solid напиша:
Идол на Хитлер бил Александар Македонски...

Е тука лежи зајакот за многу други врски помеѓу Германците и Македонците низ вековите. Во својата основа тоа е и појдовната точка зошто Johann GustavDroysen си правеше произволни заклучоци и ја споредуваше Прусија со античка Македонија, која демек требаше да биде "обединителка" за формирање на Германија, заборавајќи дека Македонците не ја "обединија" Грција (што не постоеше како таква ни тогаш, ни после, се' до XIX век), туку ја ПОРОБИЈА...!

Ај за да не отварам нова тема, овде да ви претставам едно мноооогу интересно гледиште т.е. споредба помеѓу античка Македонија и Германија од времето на третиот рајх од еден американски професор по класична филологија, што случајно го пронајдов неодамна.

MacedonandGermany-1.png

MacedonandGermany-2.png

MacedonandGermany-3.png


превод:

Македонија и Германија

Разгледувајќи го прашањето "Дали историјата се повторува?" Toynbee (ДА, оној истиот што Братот убаво го цитираше овде :wink:) вели "...историските настани што се повторуваат може да се стриктно современи (истовремени), може да се поклопуваат временски, или може да се целосно не-истовремени едни со други."(1) Поставени на "...вистински временски размер," продолжува Toynbee, "овие настани од 'античката историја' се [FONT=&quot]практично[/FONT] современи-истовремени со нашите сопствени животи, без разлика колку далечни ни изгледаат кога се гледаат низ призмата на индивидуалната човечка, џуџеста, субјективна, ментална визија... Заклучокот по се изгледа е дека човечката историја, од време на време, се повторувала до денешнинава во значителна смисла..."(2)
Меѓу позначајните модерни повторувања на историјата "до денешнинава во значителна смисла" секако мора да се вклучи постапувањето со Германија после крајот на Втората Светска Војна од страна на Сојузниците и Римскиот политички експеримент во Македонија после поразот на Персеј во Третата Македонска Војна (меѓу Рим и Македонија). Насилното отстранување на Персеј и Хитлер од позициите на "апсолутизам" во нивните соодветни држави резултираа во серија на вчудовидувачки паралелни случувања. Ќе ги илустрирам овие во шест поглавја, потпирајќи се воглавно на цитати од антички извори, дела на модерни научници, и дневниот печат.

I. Човечки и Материјални Загуби

Двете земји преживеаа тешки загуби во војната: "...јасно е дека загубите во војната беа доволни сериозно да ги засегнат човечките ресурси (се мисли на мажи) на мала земја како Македонија."(3) Според New York Times Magazine од 7 август, 1949, стр.9, "Бројчаната супериорност на жените... ги прави нив голем (главен) фактор во денешна Германија."
Македонскиот "...пораз беше проследен со губење на огромен дел на движното богатство..."(4) "Амфиполис посведочи... голема изложба на сите уметнички дела и други скапоцености што беа одземени(украдени) од Македонските градови. Немаше сомнеж за дестинацијата на овие очебијни знаци на една растечка цивилизација: бродовите спремни да ги однесат во Рим чекаа во реката Струма."(5) Германија исто така се соочи со одземање на голем дел од нејзините допирливи ресурси. Платформите на сите Западно-Германски политички партии вклучени во изборите во август 1949 вклучуваа точки посветени на недвосмислено противење кон продолжителното расформирање на Германската индустрија. Беа направени напори да се оформи национален анти-расформирачки комитет за да се справи со проблемот. Иронично, Велика Британија беше направила план да почне со расформирањето на фабрика за синтетички бензин во Gelenkirchen еден ден по националните избори во Германија.
Би требало да се напомене дека праксата на "ослободување" на личен имот, толку популарна за време на Втората Светска Војна и по неа (погледни New York Herald Tribune, 27 септември, 1949, стр.10), не беше непозната во антиката. Плутарх (Aemilius Paulus 28. 6, Loeb превод) "Паулус им дозволи на синовите на кралот, кои беа посветени на учењето, да избираат за себе само од неговите книги (на кралот)..."

II. Ослободување на населението

Ливиј (xlv. 18) : "Прво, беше одлучено дека Македонците... треба да се слободни, за да му се покаже на целиот свет дека оружјето на Римјаните не им донесе ропство на слободните, туку слобода на поробените..." (овде сигурно мисли на грчињата наши мили
Повторно, од прокламацијата на Паулус (Ливиј xlv. 29) : "... тој нареди Македонците да живеат слободно, поседувајќи ги истите градови и земји како порано, да се владеат според сопствените закони, и да имаат едногодишни магистрати..."
Според статутот за окупацијата на Западна Германија, усвоен во април 1949, "... Германскиот народ ќе ужива самоуправување до можниот максимум во согласност со окупацијата." Весникот The New York Times, цитирајќи ја оваа одредба исто така потенцира дека "Новата Германска нација ќе има 'целосна законодавна, извршна и правосудна власт' - подложна на одредени ограничувања." (New York Times, 14 август, 1949, Секција 4, стр.1)

III. Поделба во зони

Ливиј (xlv. 29) : "... [Паулус нареди] Македонија да биде поделена во четири зони ... Тој тогаш ги назначи главните градови на областите ... Во нив тој нареди да се состават собранијата на неколкуте области, да се депозитираат јавните пари, и да се изберат магистратите."
Германија во 1949 се состои од четири "зони на окупација." Во секојдневната пракса всушност постојат две "зони": Западна Германија, вклучувајќи ги Американската, Британската, и Француската зона; и Источна Германија, т.е. Руската зона.

IV. Економски Рестрикции

Во Македонија, "... иднината на економскиот развој беше попречена од отежнувачките рестрикции наметнати со спогодбата од 167 (се мисли на п.н.е.)."(6) Ливиј (xlv. 29) : "... [Паулус] тогаш даде известување дека е решено(наредено) да нема венчавки или слобода да се купува земја или куќи надвор од лимитот на областа во која се живее, да не се копа во рудниците на злато и сребро, но дека можеби би можело во тие за железо и бакар ... Тој исто така забрани употреба на увезена сол ... Тој им забрани самите да сечат дрва за правење бродови или да користат други за таа намена." Еден модерен научник забележува, "Инструкциите на Сенатот за комисионерите имплицираат дека рудниците и кралските поседи станале сопственост на Римската држава."(7)
Според априлскиот окупациски статут споменат погоре, Западните окупациони сили ги резервираа за свое владеење областите како репарациите, цивилната авијација, и трговијата со странство.
"Македонија вистинска (се мисли на етничкото, македонско јадро без подоцна освоените територии) беше поделена во четири независни републики според националните географски линии, толку јасно означени со високите планински венци и реките на земјата."(8) Никаков специјален напор не беше направен да се обезбеди секоја област со соодветна индустрија, фарми, пристаништа, итн., за да се направат само-одржливи. Згора на се' трговијата помеѓу неколкуте републики беше забранета. Соочена со намалени приходи после затворањето на рудниците со злато и сребро, и осакатена од трговските рестрикции, Македонија набрзо ја најде својата економска ситуација неподнослива.
Бидејќи зоните на Западните сили оперираа повеќе или помалку кооперативно, вистинската линија на поделба мора да се повлече само помеѓу Западна и Источна Германија. Проблемите со валутите практично ја елиминираа трговската размена помеѓу Источна и Западна Германија во било каков голем размер. Пред војната на Западна Германија отпаѓаше 86% од целокупното Германско производство на челик, 80% на јаглен, 61% на индустриските производи, но само 45% од земјоделските производи. Губитокот на земјоделскиот пазар за сметка на индустриските производи и потребата за увоз на прехранбени производи придонесоа за економските проблеми на Западна Германија. Нивото на невработеност генерално се смета за точна индикација на финансиската состојба на една нација; "Иако лидерите на големите политички партии воглавно се занимаваа со националните ... прашања откако почна кампањата, овде во Schierstein невработеноста е поважна отколку интернационалната власт за Рур(областа)..."(9)

V. Отстранување на Владејачки Службеници-Великодостојници

"Пријателите и дворјаните на Персеј, генералите на армиите, командантите на поморските флоти и гарнизоните, сите што биле вработени од него, треба да го придружуваат конзулот до Италија, заедно со нивните деца..."(10)
"Беше еднакво на суров потсмев кога луѓето од четирите области беа повикани да изберат административни собранија за секоја од нив. Беше издадено известие дека сите тие чии имиња беа објавени на црна листа треба да ја напуштат земјата и да се пријават во Италија под закана од смрт; мерка со која во еден удар се тргнаа сите компетентни во државни работи, и го оставија народот без своите природни водачи."(11)
Отстранувањето на водечките Нацисти преку егзекуции и затварања, деталната програма на де-нацификација на Сојузниците, потешкотиите со кои се сретнаа во изнаоѓање компетентни службеници за државни позиции кои би немале никаков допир со Нацизмот, се многу препознатливи за понатамошно детално разгледување тука. Интересно е дека Римската програма на "де-македонизација" излезе надвор од границите на Македонија: "Мерките во Грција вклучуваа ... казнување на тие што беа на страната на Персеј и на другите што, со право или по грешка беа под сомнеж за про-Македонски тенденции."(12)


продолжува...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom