Демир Хисар - сте го посетиле?

  • Креатор на темата Креатор на темата tomsaso
  • Време на започнување Време на започнување
Е па добро.. Јас многу ретко одам 501.. Јас мислам најдобар е dj maftanco.. само поинтересна ќе биде темава ако се фклуцат и некои од Dj-ите.. Insomnia можи да се вклучи тој бараше нова тема за ДХ. :zlo:
 
Еднаш имам бидено, интересно ми беше, не се сеќавам баш пошо беше одамна... иначе појќе пати имам одено Вирово летно време... мммм милина... од шо ми беше убо 1 недела останав :devojce:
 
МАР МАР напиша:
Еднаш имам бидено, интересно ми беше, не се сеќавам баш пошо беше одамна... иначе појќе пати имам одено Вирово летно време... мммм милина... од шо ми беше убо 1 недела останав :devojce:
Јас сум по потекло од Вирово.. закон место. Ретко одам, но местото вреди да се посети.
 
Што место е тоа Вирово?
И бај д веј овде треба да се зборува за Демихисар!
 
Вирово? Toa e демирхисарско село.... ОК е да се зборува за околината....
Демир Хисар не е само градот.... Демир Хисар е цел тој регион...

На Блогот од Он.нет прочитав една интересна статија... ќе ја пастирам браво на писателот....
http://republika.blog.com.mk/node/39172
Кога ќе тргнеш од Скопје према Охрид некаде после Кичево односно с.Другово вртиш лево и одиш према Демир Хисар или Битола.Значи точно на средината помеѓу Кичево и Битола се наоѓа ДЕМИР ХИСАР и сите прекрасни околни села која ги дели реката црна.Со самото вртење после Кичево прво ја забележуваш реката Треска и од тука па натаму се до изворот на реката црна кај селото Железнец имаш неверијатна прилика да го види ТВИН ПИКС во живо...било да е есен, зима , лето или пролет...реки, мали езера, шума и рибници, виножита , дождози и снегови, мед и цветови, ракија и вино, леб од фурна, пиперки од низа, гравче тавче, пастрмка, мостови, поточиња, штркови и ластовички,жетви,пиво пред коперација, паметни и луди сред град никој на никого очи не вади......понатаму во височини, небо преубаво, виножита и прекрасни манастири, стари лица и авотобуси, ново и старо знаме обесено по кафеани,печалбари и овдешни сето тоа го има во прекрасниот и преубав со тажни и среќни бои Демири Хисарски крај.Не велам дека го нема некаде истото можеби и преубаво но сепак тоа е сеуште место каде е времето и местото застанато и недопрено со сите свои убавини и учте преубави музики и звуци природни божји дарови......
 
Сум слушнал ама не сум бил.
Знам само за лудницата за друго слабо
 
Vlatko_Rusin напиша:
Сум слушнал ама не сум бил.
Знам само за лудницата за друго слабо
Па по тоа сме познати.. по лудницата :) Но супер е во Демир Хисар. Ако збориме за селата.. прекрасна природа.. За во градот.. ноќниот живот е супер. Слободно дојди и ќе видиш..

И заборавив.. според многумина кои го посетиле Демир Хисар.. најубавата скара се прави во Демир Хисар. Еве малку и реклама.. кај Чичко Таљо. :)
 
Не сум била,ама се надевам дека наскоро ќе отидам!
 
Повели Рамада... а имаш некоја посебна причина за посетата или онака, прошетка....
 
Фала за поканата-Димитар!
Онака на прошетка,па уз пат и да запознаам една дама!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom