Универзитет "Гоце Делчев" - Штип

  • Креатор на темата Креатор на темата Tarzan
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе, дали некој знае нешто за смерот Дизајн на мебел и ентериер, или пак уште подобро да е запишан на истиот? ајде малку подетални информации да ми даде :)
 
Општа медицина - Штип ; добар / лош избор , да се аплицира ли дирекно во Скопје , не ли, полесно / потешко .. anyone ?!?
 
Општа медицина - Штип ; добар / лош избор , да се аплицира ли дирекно во Скопје , не ли, полесно / потешко .. anyone ?!?

Се е релативно :) Првата генерација што се запишале било полабаво, ваљда да привлечат студенти, сега вторава ги стегнаа бааѓи нема полагање испит без здраво учење, бројката се исполнува па нема потреба повеќе од "олеснети околности"... полесно или потешко од скопскиот не знам дали е, тоа треба некој што бил на двата да каже, ама ако мисли некој да се запише на штипскиот и да земе докторска диплома на шала се заебал.
 
Јас сум студент на овој факултет само не на архитектура туку на индустриски менаџмент па можам да ти кажам некои работи ама не целосно. Што се однаса до програмата прва година ке ти земат здравјето од математика и физика, со стручните предмети не сум запознаен баш, знам само дека и после од трет семестар се бира модул на кој сакаш да продолжиш. Има три модула Пејсажно уредување, Просторно планирање и урбанизам, и Дизајн и технологии на мебел и ентериер. Кажи ми на што сакаш да студираш и ќе ти ја пишам програмата и предметите што се изучуваат...
Што се однесува на факултетот овој факултет е направен врз основите на стариот Факултет за Рударство и Геологија кој датира уште од 1977г. значи на факултетот има квалитетни професори од кои и ќе научиш (доколку си дојден да учиш). Доколку не си дојден да учиш пак ќе ги земеш испити бидејќи асистентите малку прогледуваат низ прсти (знаеш нов универзитет мора да привлечат студенти) значи ќе се избориш за 6ки.
Болоњскиот процес е во целост спроведен мора да присуствуваш на секое предавање се од кое се добива максимум 10 бодови. Испитите се поделени на два колоквиума од по 20 бода и на крајот се полага завршен испит кој носи 30 бода (доколку сакаш поголема оценка). За да полагаш завршен испит мора од претходните два колоквиума да имаш освоено минимум 42 бода, од вежби се добива 10 бода, од семинарска која е непоходно да се направи и да се презентира пред професорот исто носи 10 бода и како што кажав од присуство 10 бодови. Инаку односот професор-студент е супер, асистентите се млади има разбирање нема некој кој ќе те фати на око па да те цеди како лимон за една е*ана 6ка. На факултетот има спроведен е-учење курс при што секој студент си има своја лична адреса преку која се добиваат материјалите (нема многу книги повеќе се учи од скрипти) а исто така преку тие адреси се контактира со сите професори и асистенти...
Јас би ти го препорачал овој факултет и ако си ученик, и ако си отишол таму да дрвиш к*р по цел ден, бидејќи нема многу јака конкуренција ако учиш ќе бидеш еден од најдобрите, ако не учиш од општа култура ќе земеш некоја 6ка... :toe:
доколку те интересира уште нешто слободно прашај...
Може неколку инфо за твојот смер? :) фала однапред
 
Познато е нешто од кога ќе почне учебната година или уште не се знае,на страницата нема уште известување.
Дали ќе биде на 15 септември или ќе почнеме од 1 октомври?
 
Познато е нешто од кога ќе почне учебната година или уште не се знае,на страницата нема уште известување.
Дали ќе биде на 15 септември или ќе почнеме од 1 октомври?
Ке биде како лани....прво кажаа на 15 септември ојдеме па испадна од 1ви октомври.....
 
Поздрав !! -Јас се запишав на овој факс - Финансиски М. (во Ср), па сега од 15ти почнуваме. Би ги прашал постариве колеги за мислење и искуства од УГД .. Што и како со предметиве сега од прва, полесни-потешки, кај кои профе. полесно се минува, кај кои да пазиме повеќе, материјали да полесно учење .. :)
 
Ја сум на правниот што е во Кочани.Бруцош сега па кој се згрешил таму нека пише ...
 
Поздрав !! -Јас се запишав на овој факс - Финансиски М. (во Ср), па сега од 15ти почнуваме. Би ги прашал постариве колеги за мислење и искуства од УГД .. Што и како со предметиве сега од прва, полесни-потешки, кај кои профе. полесно се минува, кај кои да пазиме повеќе, материјали да полесно учење .. :)


Постави го колега истото прашање во темата Економски факултет Штип таму ке ти објаснам се што те интересира.Поздрав и среќен почеток!!:pipi:
 
Познато е нешто од кога ќе почне учебната година или уште не се знае,на страницата нема уште известување.
Дали ќе биде на 15 септември или ќе почнеме од 1 октомври?

Ништо не е сигурно. Како и секогаш.Јас сум студент на ВЗШ. Уписите траат од 11 до 17 септември. Планирам на 15 да одам да запишам семестар, па право ќе видиме дали почнуваме уствари од 15 или покасно. Искрено се надевам ќе почнеме порано, за да завршиме порано. Оваа година имав испити до средината на јули. Нот гуд :tapp:
Ако некој добие дополнителна информација нека пише :)
 
Има ли некој на филолошкиот, англиски јазик-превод и толкување??!Отворив посебна тема( http://forum.kajgana.com/showthread....-11&highlight=) ама никој нема пишано0_о...
Ако има некој нека пише барем тука,како му се чини факултетот,лабаво/стегнато,какви се професорите,каков е критеружиумот на оценување и сл...Се надевам дека барем тука некој ќе ми одговори...
Благодарам однапред...
 
Има некој инфо кога ќе се почнува со настава?
Некој вика на први,некој на 15:/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom