Кога не би постоеле разделби

Не се согласувам дека разделбата е потребна за да сфатам дека некој ми значи. Да, некогаш не знаеме што имаме додека не го загубиме, но во поглемиот дел од случаите, разделбата е неминовна, затоа што самата врска шкрипи или љубовта едноставно не е доволна.

Прва не сум ставила крај на врска. Иако сум осеќала можеби дека крајот се ближи. Кога ќе се одлучам и ќе речам крај е, готово, ставам линија, така и ќе биде.
Ако некого навистина сакам, никогаш не би можела да ставам крај на таа врска. Што значи, според мене, ако ставиш крај, па после се покаеш, тоа е повеќе егото кое се појавува кај човекот и мислата чекај можда ќе ми беше подобро ако си останев со него/неа.

Некогаш да, не по наша волја, животот знае да си игра игри, па партнерите и покрај големата љубов која ја имаат - да се разделат.

Кога сум со некој и кога ми е убаво, сигурно нема да ставам крај. Кога врската е на стаклени нозе, пробувам да ја оправам. Кога гледам дека нема волја од другата страна за оправување, тогаш оставам едноставно на времето да покаже што и како ќе биде.

Разделбата не ја гледам како начин да почне некој да ми недостасува во никој случај. Само показател дека убаво било додека траело и дека нешто ново, можеби и подобро ме чека во животот.
 
Разделбата доколку ја нема не би било интересно,секој треба да е подложен на промени во животот :toe: треба да се соочиме со тој страв од непознатото понатаму во животот,дека нема веќе смс-и,нема титки,нема чекања за у град...но времето ќе помине ќе сфатиме дека сме направиле чекор од кој што излагаме подобри,повозрасни,позрели...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom