VIP-промотивна тарифа vs T-Mobile Easy vs FROG vs Cosmocard Top

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Која е најдобрата понуда?

  • ВИП-промотивна тарифа

    Гласови: 19 28,4%
  • T-MOBILE EASY при пејд тарифни модели

    Гласови: 16 23,9%
  • FROG

    Гласови: 27 40,3%
  • Cosmocard Top

    Гласови: 5 7,5%

  • Вкупно гласачи
    67

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Цените започнаа да се намалуваат со Вип и нивната промотивна тарифа од 7,7ден мин во било кој период од денот кон сите национални мрежи и 4 ден. смс.
Продолжи Т-Мобиле со easy тарифните модели каде имаме easy talk со 7,5ден мин. во било кој период од денот кон т-мобиле и 9,9ден мин кон останатите мрежи а во easy sms 2,5ден смс кон сите мрежи.
Сега доаѓа новата понуда од Космофон наречена Фрог, повици кон FROG / други мобилни мрежи / фиксна мрежа 6,9 ден/мин
и 3,9 ден/SMS.
Што се однесува до при пејд каритчките Вип нудат 200ден кои ги зборуваш во целост Т-Мобиле 690 од кои зборуваш 600ден а Фрог 190ден. при пејд картичка со вклучено 2000ден за разговор кон корисниците на Фрог.
Најновото нешто што дојде на македонскиот при пејд пазар е понудата на космофон-Cosmocard Top која изгледа вака:Повици кон COSMOFON-6,0 ден за 6 мин,Повици кон други мобилни национални мрежи / фиксна мрежа-9,6 ден/мин
и
4,9 ден/SMS.
Според мене најповолно од сето ова е Фрог на Космофон и дефинитивно најдобро постапија со тоа што ги почекаа понудите на конкуренцијата.
Што е според вас најдобро и што вие (ќе) користите?
 
Супер што паѓаат цените но во моментов имаме еден апсуд. Сега повисоки цени плакаат корисниците со договор за пост-паид од новите пре-паид. Значи јас сум обврзан со договор 2 години да бидам нивни претплатник и уште да плаќам минимум некоја сума па ја искористил или не. Земете една голема компанија, вообичаено они имаат најниски цени а мора да плакаат 800 денари претплата (која влегува во разговорот) и цени од 9,9 кон други мрежи па 7,7 кон мобимак и 4 во круот на компанијата (ова се нормалните цени а поевтини се нокните) епа ајде сега која е логиката???
Ај се надевам дека ке дојде некоја понуда од ВИП и ке паднат и овие цени ако не ке се префрлаат луѓе на пре-паид.
Инаку заради ваквиот драстичен пад на цени јас гласам за ВИП.
 
хаос, сеуште не гласав за никој и покрај тоа што сум задоволен (на некој начин) од ВИП. Слушам тоа фрог припејд телефонијата за 200 денари имаш кредит до 2000 денари ама со повисока тарифа на разговор и пониска тарифа на СмС пораки, на т-мобајл од никогаш не сум им верувал - веќе 11 години се на нашиов пазар - доволно ги запознав.
 
А ова Фрог дојдено е или уште не . Видов реклама у град дека за 200 денари добиваш 2000 денари кредит , малце неворојатно али ај :)
Ќе видиме што ќе биде :)
 
Чекајте рано е , ова е само почеток што ке се дешава чекам само да видам кој ќе даде прв бесплатни раговори и смс во одреден период :vozbud:
 
ја разгледував странава на фрог и забележав дека нема никаква понуда ниту цени за ммс гпрс...тоа значи дека не нудат вакво нешто или...?
 
Сега не ми е јасно. На пример јас имам број на космофон. И ќе морат сега да купам од фрог сим картичка или можам само да пренасочам преку некој број? и шо ќе бидит со овие cosmokard i speak up?
 
да ќе мора да купиш нов број бидејќи броевиве од фрог запчнуваат со 076 8 хх ххх
а овие си остануваат cosmokard i speak up
 
Да ова би била добра информација, овие два дена сум утпан и не ми се иде до некој продажен салон на Космофон. Па ајде дајавте инфо дали треба нова картица или пак може да се смени само тарифен модел. Иако мислам дека не е можно пефрлање туку мора да се земе број кој ке го обликот 076 8хх-ххх
Инаку оние 2000 денари се само кон мрежата на frog.
И уше нешто ми се допаѓа цената на космофон за во земјите каде што имаат свои компании (35 денари за роаминг во Al, Gr, Bg)
 
T-Mobile има најевтина ноќна тарифа за броевите од мојот круг, 1,5 ден/мин. Али додека би ставал кредит од 300 ден на т-мобиле(овој месец) подобро ќе купам две картички од фрог и ќе имам 4000 денари (барем ќе зборам тој месец 10 сати), со тој/таа што ми е најпотребно (нормално и тие ако земат фрог).

Мислам најдобро е да се купат картички од сите оператори и да се комбинира
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom