Фан Клуб: ФК Металург

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Играј Металург, за нас победи, со тебе, се твоите гардисти :)
 
И покрив на трибината, за да не бидеме исончани на пола :)
 
И покрив на трибината, за да не бидеме исончани на пола :)
Како што имам слушнато јас,летово наводно се планира реконструкција како на самиот терен на кој сите се жалат,така и на целиот стадион,а сега до кој степен дали ке се гради покрив или нешто друго искрено незнам:toe: Летово е пред нас така да ке видиме во какво руво ке биде стадионот Железарница наесен.:helou:
А за другпат носи си капче,веруј проверен рецепт против сонцето
 
Металург имаше активна навивачка група првите две сезони во Прва Македонска Лига , по осамостојувањето.

Се викаа Пургери . Се збираа на крајниот десен дел од трибините, и ги бодреја играчите во сите домашни натпревари , како и на голем број на гостувања.Скоро сите беа од Железара. Навивачите имаа голема подршка од тогашната управа, која несебично ги помагаша при патувањата , како и за набавка на разни навивачки реквизити.
Имаа огромно зелено-црно знаме(транспарент). Сега не ми е јасно зошто Металург ја форсира зелно-белата комбинација?

Како и да е. Металург никогаш не бил клуб од Автокоманда(иако често пати е најавувам како таков). Металург е фабрички клуб , на бившата "Рудници и Железаница Скопје", а моментално на Макстил како дел од големиот металуршки гигант.
ФК Скопје , бивши Палер Скопје (со Миленко Неделковски газда) , уште попознат како МИГ во минатото, е тимот од Автокоманда. Најголем ривал на Металург. Бар така беше на времето.

Е сега е смешно како дечките од Автокоманда навиваат за Металург и во ракомет :) Само кога веќе нема железарци да се орагнизираат , подбро и Пиратите што му даваат подршка на Металург.
 
И покрив на трибината, за да не бидеме исончани на пола :)
Како прво ќе си земаш од дома по едно капче пред да одиш на натпревар.Второ ќе си купиш 10 сокчиња од тој што продава сокче од морковче на теренот(ХАХАХА).Трето ако немаш избор од првите две опции барем уживај кога ќе победи МЕТАЛУРГ.
 
Конечен резултат Пелистер - Металург 2-2
Уште еден нерешен резултат на екипата на Металург.Со голот на Поповски во 28 минута Металург поведе.Но екипата на Пелистер во 45 минута со голот од пенал на Димовски успеа да израмни а потоа во 53 минута со голот на Рутески да поведе.Екипата на Металург успеа да се врати повторно во игра и со голот на Докнич да израмни на 2-2.Во следното коло екипата на Металург е слободна.Сега екипата на Металург се наоѓа на 7 позиција на табелата со четири бода помалку од Турново кој ремизираше ова коло и два бода предност пред екипата на Силекс која утре гостува кај екипата на Вардар.
 
Екипата на Металург ова коло гостува кај тимот на Турново.
 
Уште еден нерешен резултат на екипата на Металург оваа полусезона на гостувањата.1-1 кај Турново на гости ова коло.Сега Металург се наоѓа на 8-та позиција на првенствената табела.За Металург погоди Стефановиќ во 47 минута но по 8 минути Георгиев израмни на 1-1 и конечен резултат на овој натпревар.
 
ima li web strana metalurg i ako ima ako moze da ja pisete...
 
ФК Металург е оформен 1964 година. Своите натпревари ги игра на стадионот Железарница, кој го дели со ФК Скопје. Во својата историја клубот две сезони има настапувано во 2 Југословенска лига. По независноста на Македонија клубот во првата сезона 1992/93 ќе настапува во 1 МФЛ (Прва Македонска Фудбалска Лига), каде во есенскиот дел ќе ја освои вицешампионската титула, но накрајот од сезоната ќе испадне од лигата. Од тогаш клубот настапува во 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига) или 3 МФЛ - Северен регион (Северно Полошки Регион). Моментално клубот е член на 1 МФЛ (Првата Македонска Фудбалска Лига), а тренер на екипата е Ѓоре Јовановски.

ФК Металург

Целосно имеФК Металург Скопје
Основан1964
Стадионстадион Железарница
Капацитет3.000
ЛигаПрва македонска лига2008/2009
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom